Search This Blog

Friday, February 06, 2009

Костовски сака да си направи “споменик“ на крајот на мандатот ... Проект трамвај ...

http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/c/c8/Tram_Barcelona.JPG
Градот и Костовски тврдоглаво го буткаат проектот за трамвај - иако за него еднашка граѓаните се изјаснија дека не се спремни да го финасираат ... имаше референдум на кој граѓаните на Скопје се изјаснја дека се против самофинасирање на трамвај во Скопје ...

До идеја на изработка на проектно решение за транвајот, тролебусот за Скопје - јас го подржувам Костовски ... така ке може да се бара инвеститор и евентуална помош од европските фондови ... но да почнеш изградба со свои средства од неколку милиони евра само за оваа година во услови кога “пара нема ни за лек - паре су скупе.оскудација“ ... во услови кога граѓаните се возат во стари и трули автобуси кои секојдневно не трујат ... Костовски сакајки да ја почне изградбата на депото и на само неколку километри од трамвајот и тоа на крај од неговиот мандат ... Во последните неколку месеци од својот мандат Костовски како да сака да си изгради “мономентален споменик“ дека тој е тој што прв почнал да го гради трамвајот ...

Воопшто не сакам да навлегувам дали Костовски прекршил некој Закон за јавна набавка за што подетално пишува денешен Дневник: Антикорупциската гони за незаконска набавка на трамвајот ... поверојатно ми е дека не е прекршен ни еден закон ... но прекршен е принцип дека на крај на мандат не се почнува капитален проект само заради да се фрли првата лопата ...

Кога веќе се изјасни дека нема да се кандидира во наредната трка за градоначелник не е поштено од него да започнува проекти кои коштаат во вкупен износ неколку стотини милиони евра, за кои градот сам неможе да обезбеди пари ниту сега ниту во иднина ... Костовски треба мирно да си го сочека крајот на мандатот ... да ги подзакрпува улиците сега кога веќе се оправи времето ... па појде да ги смени даските на мостовите во градскиот парк - Скопје ... и мирно да се спрема да го предаде мандатот на новиот градоначелник ...

Костовски многу повеќе направи за Скопје и Македонија додека не беше политичар и Градоначелник ... сите сме му благодарни за многуте донации низ Скопје ... за споменикот на Мајка Тереза на пример ... за Црквата заштитничка на Скопје Пресветла Богородица која комплетно сам ја инсфинасира ... за радостите со Кометал ... но како Градоначелник на Скопје Костовски се посрамоти ...
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/Mostovite-18Large.jpg?t=1233512595

http://www.utrinski.com.mk/WBStorage/Articles/31A40D46216F9749BE79C6A74B568186.jpg http://www.utrinski.com.mk/WBStorage/Articles/89D25B8913FA6448A71DB7C4BB9535CE.jpg

http://img102.imageshack.us/img102/5750/mreza1ey7.jpg

http://upload.wikimedia.org/wikipedia/mk/d/d2/Map_skopje.jpg

http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/f/f7/Gdansk_tramwaj_konny.jpg

http://img.alibaba.com/photo/50678172/Rickshaw.jpg


Подолу мои написи околу ангажирањето на Костовски во текот на неговиот мандат:
  1. ТРАМВАЈ во Скопје му е мајката ... 8 Февруари, 2007 - 00:45
  2. Подземен трамвајски коридор ... 29 Јануари, 2008 - 12:09
  3. Трамвај во Скопје ... два километра ... 16 Ноември, 2007 - 22:12
  4. Стандарди ... јавен градски превоз ... 24 Декември, 2007 - 12:39
  5. Трамвај во Скопје пусоа желба или фикција ... РИКША за Скопје му е мајката ... пони експрес ... 3 Јуни, 2008 - 12:39
  6. РИКША за Скопје му е мајката ... 8 Февруари, 2007 - 21:15
  7. Цената на нафтата ... точак му е мајката ... 29 Мај, 2008 - 12:30
  8. Костовски е најлошиот досегашен Градоначелник на Скопје ... Дупки и трули даски на мостовите од Градскиот парк ... 1 Февруари, 2009 - 20:01
  9. Клучката кај Континентал конечно предадена во употреба ... КлучкаКостовски ... 14 Ноември, 2008 - 11:19
  10. Градот Скопје - работи домаќински ... 27 Декември, 2007 - 11:20
  11. Костовски и клучката кај Континентал ... 25 Јули, 2007 - 23:24
  12. ИЛИНДЕНСКА - булевар ... Досје Илинденска ... 23 Јули, 2007 - 16:24
  13. КОСТОВСКИ ... насекиран ... 7 Март, 2007 - 16:27
  14. СЛОВЕНЕЧКА - кратка историја за нејзината долга изградба ... 24 Април, 2007 - 04:29
  15. ТЕРИТОРИЈА - СКОПЈЕ ...
  16. Околу градскиот парк навелико се инвестира ... 1 Јуни, 2006 - 13:20
  17. Во Македонија, подобро да си мајмун одколку човек ... 14 Април, 2006 - 14:21

No comments:

Blog Archive

Site Meter