Search This Blog

Tuesday, February 17, 2009

Груевски - за проблемот околу името и спорот со Грција ... за надворешната позиција на Македонија во овој момент ...

http://www.sitel.com.mk/WBStorage/Articles/A22835819CBD594D8793822501F821CA.jpg

Интервјуто кое го даде Премиерот во вестите на Сител ... не беше долго траеше 20-сетина минути ... но ако добро се преслуша ке најдеме неколку важни соопштенија кои Груевски и Владата на Македонија ни ги соопштува ...

читај повеќе »

Во предходниот пост - Груевски - изјава за спомениците во центарот на Скопје ... го издвоив делот на интервјуто во кој Груевски говореше за таканаречената антиквизација на Македонија (инсистирање на вредностите од Античка Македонија) ... каде ни соопшти што тоа планира да гради Општина Центар ... за кого се` ке се гради споменик во потесното подрачје на главниот град на РМ ...

Тука, во овој пост ке се задржам на делот во кој Премиерот говори за спорот со Грција ... кои се перспективите во врска со тој спор ... и за надворешната позиција на Македонија во овој момент ...

Запрашан од новинарот на Сител - Што е она што беше најавувано деновиве ... дека амбасадарот Јолевски ке се врати во Македонија и ке брифира државниот владиниот врв за средбите со Метју Нимиц и со Василакис ... Што тоа виде искусното око на Јолевски во тие преговори ... има ли некакво движење нанапред ...

Груевски - Од она што телефонски кратко ми го кажа ... закључокот на состанокот бил дека треба да се почекаат изборите, особено изборите во Грција ... дека тоа било став и на другата страна ... тоа го побарал и господинот Василакис ... кажувајки дека сега во овие услови нема добра клима за доаѓање до некое решение ... дури и да го има ... разговорот траел час и половина/два, незнам точно колку но ... за тоа ке бидеме известени и јас и господинот Црвенковски ... Господинот Јолевски најави дека набрзо доаѓа во Скопје за да не информира ... така што деталите од средбата ке ги знаеме веројатно во наредните неколку денови кога Јолевски ке пристигне во Македонија ...

Сител - Што мислите како да се позиционира Македонија во овие преговори кога гледаме дека на грчката страна не и е проблем во самото име, туку бара нешто многу повеќе од тоа ... дали воопшто Грција е подготвена да преговара само за името или не ...

Груевски - Од она што досега го кажуваат на преговорите, тие сакаат комплетно промена на се` ... нивниот став и нивните интервенции, односно забелешките што ги дадоа на последниот предлог од Октомври, беа во правец дека треба да се оди на промена на идентитетот ... името на јазикот, името на нацијата ... Уставот на државата, пасошите и користењето на името ... новото компромисно име да не биде само кај што било до сега ФИРОМ ... туку да биде секаде ... значи и билатерално со другите држави и мултилатерално ... и надвор од земјата и внатре во земјата ... значи и тука да се викаме така по новото компромисно име ... тоа е нивната позиција ... Се чини дека во таа позиција тешко може да се препознае некој компромис или желба за компромис ...

На кратката примедба на Сител дека - во таква една позиција Македонија се повлекува и го бара решението во двојната формула за името ...

Груевски - разговорите продолжуваат ... како и да е јас се надевам дека по изборите Грција ке најде сили да почне да размислува сериозно, за наоѓање на решение ... затоа што ние сакаме решение ... нашиот приоритет е земјата да стане членка на НАТО ... земјата да стане членка на ЕУ ... кажавме - ние сме подготвени за компромис меѓутоа не на работи кои воопшто не личат на компромс ... тоа е тоа ... веројатно тие се во една поделикатна ситуација ... знаете таму имаше повеќе политички проблеми, сега им се доближуваат изборите ... сеуште ги имаат политичките проблеми ... предпоставувам во овој период тие и немаат добра позиција за да ја променат својата позицја ... па да видиме што ке се случи понатаму ...

Сител - да во теснец е Владата на Караманлис, можни се и предвремени парламентарни избори ... Ова што го рековте пред малку го кажавте и во Минхен децидно ... дека Македонија смета дека мирот нема цена ... дека безбедноста нема цена ... дека ние сме подготвени на некаков компромис ... но и грчката страна има некои свои адути ... секогаш алудира на антиквизацијата на политичкото делување на Владата на Никола Груевски ... значи тука доаѓаат називите на ајродромите и патиштата ... со Александар и Филип Македонски ... тука доаѓаат копања по историјата за античките корења на Македонија ... тие тоа го употребуваат како противаргумент кога ги убедуваат своите ЕУ и НАТО партнери дека Македонија е лошиот преговарач во овие преговори ...

Груевски - Што се однесува до археолошките истражувања - тоа го прави секоја држава и Грција и Макдонија и Србија ... секоја држава секоја година од буџетот одвојува еден дел за археологија ... нивните обвинувања поврзани со спомениците што ги подготвува општина Центар практично станаа повеќе обвинувања на нашата опозицијата во Македонија, одколку обвинувања на Грција ... пошто Грција многу многу и не реагирала на тоа ... но нашата опозиција многу повеќе оди на тоа дека ... спомениците што ги подготвува Општина Центар се антиквизација на Македонија ... (овој дел од интервуто го пренесов во предходниот пост и тука нема да го повторувам ...)...

Сител: ... ај да се држиме по некој редослед ... Кога е во прашање надворешно политичкото дипломатското делување на оваа Ваша Влада - дали е точно дека дипломатите, амбадорите во Скопје предупредуваат ... одредени претседателски кандидати, дека Македонија влегува во изолација ... дека нејзините актуелни политичари не се радо видени гости во Европа и во светот ... дека ова е погубно во однос на ЕУ и НАТО аспирации ... ваквото делување на владата ...

Груевски - едно се зборува друго се случува во реалноста ... Вие гледате дека ние имаме редовни средби со највисоки светски политичари ... еве сега во Америка, во Минхен ... (две средби со Бајден и средба со Хилари Клинтон ...) ... значи реалноста е едно а обвинувањата на опозицијата се сосема друго ... нивната теза, она со што тие ке се борат против ВмроДпмне ... ке биде дека сме во изолација и тука јас немам многу намера да се бранам, бидејки реалноста го покажува спротивното ... сите наши активности го покажуваат спротивното ... и втората теза ке биде дека ние не сакаме да влеземе во ЕУ и НАТО ... и дека ако тие бидат ке влеземе ... ако ние останеме нема да влеземе во ЕУ и НАТО ... тоа се базира на проблемот на името ... па тука го вадат порблемот со антиквизација, па заради еден од вкупно 17 споменици кажуваат дека сакаме да ја антиквизираме Македонија ... (понатака Груевски продолжи со делот за обединувачкиот концепт а не разединувачкиот концепт на Македонија и Македонците ... и за непотребното делење на луѓето во Македонија на Словени и на оние кои потекнуваат од античкиот период ... и овој дел го дадов во претходниот пост ... и тука нема да го повторам ...)...
- тоа ке бидат нивните два адута не само на овие избори - веројатно и подоцна ... дека ние сме изолирани ... иако не сме многу изолирани - бидејки реалноста го покажува спротивното ... второто дека ние не сакаме да влеземе во ЕУ и НАТО ... се трудиме да ја антиквизираме Македонија или незнам што да направиме ...

Сител - Да одиме на нешто што ги допира проблемите на изборите и името ... имено Амбасадорот Фуере но и другите дипломати од ЕУ цело време ни потенцираат дека мораме да направиме фер демократски и мирни избори ... но еве најпрвин да го затвориме прашањето со Грција - кажете децидно дали мораме да направиме компромис со Грција за името за да добиеме пристапни преговори со ЕУ ... која е вашата проценка ...

Груевски - тоа беше изјавено од страна на грчкиот Премиер и грчката Министерка за надворешни работи дека, додека додека не се постигне компромис тие нема да дозволат влез во ЕУ ... тоа значи дека независно какви ке бидат изборите ... успешни/неуспешни и како ке ги завршиме реформите, тие редовно барем еднашка месечно не подсетуваат дека, што и да се случи во Македонија ... колку и да отидеме напред ... додека не се постигне тој компромис тие нема да дозволат влез во ЕУ и НАТО ... подсетуваат дека тоа ке биде исто како што беше случајот со Букурешт, каде што ги исполнивме сите услови до последен ... но тие донесоа одлука на Парламентот ... излегоа и кажаа дека ние (Грција) нема да дозволиме ... и тоа е тоа ... тоа влезе и во записниците на НАТО ... така што неможам јас тука да кажувам мое мислење, тоа е веќе нешто што е соопштено од грчката страна ... ние сакаме да разговараме и да најдеме решение, меѓутоа се чини во овој период тие немаат атмосфера во нивната држава за такво нешто ... штом тие ке бидат подготвени и ние ке бидеме подготвени ...

3 comments:

Anonymous said...

Ima li tuka nesto nejasno decki,ova posebno e nameneto do onoj moram da go narecam idiotot Zarko,blogerot "zombifikacija" de,koj se utepa jadenje go.na protiv Gruevski,pa zaedno so onie drugive petmina idioti po sela i gradovi trese gluposti demek kako vladava ne saka prosperitet i drugi zeleni,batkava e izguben slucaj....inaku za promenata na imeto ....pa veke so dodavkata REPUBLIKA na imeto MAKEDONIJA,e napraven eden mal kompromis.....podaleku ne smee da se odi......i tocka.

Photo Volan said...

молам без навреди према никого во вашите коментари ... искажувајте ставови/мислења а не навреди ...

навредувањето повеќе зборува за оној кој навредува одколку за оној на кој му е упатена навредата ...

благодарам.

Anonymous said...

Se slozuvam,decko vo pravo si......ali jebiga.

Blog Archive

Site Meter