Залудни се обидите на домашната и на странската експертска јавност - кои укажуваат дека буџетот е зрел да му се направи ребаланс и во приходната и во расходната страна ... во приходната да се намалат импутите, бидејки неможе да се оствари предвидениот стопански раст а во расходната не само да се намалат ставките - туку и да се смени структурата на трошењето на буџетските пари во правец на развони проекти и заживување на извозно орјентираното стопанство и трудоинтензивните гранки, што би резултирало на ублажување на огромномната невработеност ...
Неколку последни години буџетот доживува експанзија и раст - па државата беше на слатка мака (“сукаше бркови“), каде и за што да ги потрошат екстра втераните пари во буџетот ... сега каога имаме обратна ситуација, ке мора многу претпазливо да се работи со трошењето на народните пари и да се штеди - друг лек нема, бидејки секое наредно измислување на нови давачки ке води кон умртвување на стопанските субјекти, кои нели кога ке згаснат више неможат да бидат ни “цедени“ ... мора дефинитивно да престанат “брејнсторм“ идеиите (на контињата од Министерството за финасии ... ваљда нема да воведат мостарини ... или данок на дишење воздух ...) како еднократно да се дополни буџетот ... последната бренјсторм идеја е пријавување на работно време за секоја фирма и подружница - за што на Централниот регистар му се плаќа такса од 10 евра - со што директно ке се исцицаат нови 1.5 милиони евра ...
Експертите на владеачката партија и на владата тврдо застанаа на позиција да го бранат неодбранливото ... буџетот на голема врата влезе во изборните активности на владеачката гарнитура, од него се ...
- финасираат предизборни и изборни партијски кампањи, се разбира на владеачките партии
- се билда рејтинг
- се вршат сите партијски комуникации
- се користат државни возила за партијски потреби - особено во таканаречената “автобус демократија“
- преку буџетот се контролираат медиумите - ова ке биде најновиот бенџмарк ... ако веќе не е
- се фрлаат први лопати за објекти кои ке се изградат еди кога
- се ветува иднина и решавање на инфраструктура на локално ниво
- предизборни вработувања
Да спомнам дека и буџетите на локалната самоуправа истотака се користат за предизборни и изборни цели ... но поради малите буџети таму се и помали злоупотребите ... но дека ги има е евидентно ...
- Ке штедиме по изборите ... како ке се справиме со дефицитот и инфлацијата/девалвацијата ... можни социјални немири ...
- Топење на девизнире резерви ... !!? .. Владата најавува нови мерки по изборите ...
- Ламја буџет за 2009-та ... и во 2009-та ке се задолжуваме за пеглање на се` поголемиот дефицит ...
- Цената на нереагирањето ќе биде многу поголема отколку трошокот за каква било акција ...
- Годинава дефинитивно погребување на малото стопанство ... Граѓанинот, малите фирми со опростување станаа ем еб*ни им должни ...
- КАДЕ ОДИ МАКЕДОИЈА ... Работно време ... прегледи ... нов данок /такаса ... што е целта на сето ова ...
- Како да се утера некој денар повеќе во буџетската каса ... “Господ кога делел брада, најпрвин си створил за себе ...“...
- Транзициона историја на малото стопанство ... на државата почна да не и чини народот/граѓаните ...
- Берзата тоне ... балканот во рецесија ... само МК економија мирува ?? ... “паре с`г су скупе ...“...
- Трговскиот дефицит за 2008-ма - во минус за скоро 3 милијарди долари ...
- Странски инвестиции суфинансирани од МК буџет ... дали ова не е противуставна практика ... "Џонсон Контролс“ ...
- Нешто смрди во светскиот банкарски систем ... Државен капитализам ... Државен социјализам ...
- Мириса на девалвација ... море смрди ...
- Партиски вработувања ... партизација на државата ...
- Државни фирми ...
- Денеска имаше два социјални протеста ... Кој тоа ги организира во време на избори ... Мала разлика на фебруарските походи ...
- Ден на даночна слобода во Македонија - втор пост ...
- БОГАТА ДРЖАВА - на сиромашни граѓани ... втор дел ист кадар ...
- Патот на Македонија ... во деновите потоа ...
- Како да се состави домашниот буџет ...
- Даночна политика ... одговор до zidarski ...
- Просперитетна Македонија ...
- Одржлив развој ...
No comments:
Post a Comment