На покана на тимот на Фрчковски за ТВ дуел - Иванов одговорил дека не доаѓа во предвид да оди на дуел со човек кој го навредува и омаловажува ... досега Иванов прифаќаше ТВ дуел ...
ТВ дуелите во Македонија - престанаа со првите парламентарни избори во кои Груевски победи ... Груевски иако имаше закажано неколку ТВ дуели во таа кампања не излезе на ниеден ... На вонредните парламентарни избори - не сакаше да излезе на дуел со Шекеринска ... која дури и со рекламен спот го мамеше на ТВ дуел ...
Практиката на избори без спротивставување на челните кандидати на ТВ дуели - гледаме дека ке се повтори и на овие претседателски избори ... всушност прв избегна ТВ дуел Глигоров - кој одби да има ТВ дуел со противкандидатот Љубиша Георгиевски ... со сето ова се нанесува голема штета на демократијата во Македонија ... Кандидатите кои ја бараат власта од електоратот:
- се обраќаат на народот преку “билдани митинзи“ - со носење и на по стотина автобуси од место во место ...
- се води специјална војна со помош на портпаролите ...
- секако ТВ интервјуите кај свои новинари (разни Тониќи ...) - кои ке поставуваат контролирани и згодни прашања ...
- тоа до сега им палеше на кандидатите на ВмроДпмне ... ке видиме како ке поминат на овие избори очито со иста тактика - бегање од ТВ дуел на кандидатите ...
No comments:
Post a Comment