Вчера ме наежи сликата на професионалните војници - кои марширајки пред Собранието и Владата - бараат државата да ги згрижи на некој начин ...
Имено тие по сегашните прописи се под договор со државата, кој не може да се продолжи над 38-годишна возраст ... испаѓа дека кога државата ке ги искористи корисните сокови од тебе, потоа те исплукува - те враќа на мајката природа и на твоето снаоѓање ...
- Протестен марш на војниците ... Утрински ... ...
- Околу 600 војници, меѓу кои учесници во воениот конфликт и штотуку вратени мировници од мисијата во Ирак и во Авганистан, го започнаа маршот пред Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје, а го продолжија пред Владата и пред Собранието. ... ...
- барања за решавање на работниот статус, протестот ќе биде радикализиран. Според Законот за служба во Армијата, професионалните војници максимално можат да работат до 38-годишна возраст или, пак, најмногу девет години работа во Армијата, односно да склучат најмногу три договори од по три години, а потоа остануваат без работа. ... ...
- „Бараме професионалните војници да останат на работа во АРМ се' до исполнување на условите за пензионирање, а доколку не е можно тоа, по завршувањето на договорите да бидат вработени во полицијата, судската полиција или во други државни установи“, ... ...
- „Бидејќи секојдневно ви ги раскинуваат договорите за работа, ќе и' дадеме рок од десет дена на Владата да се произнесе позитивно. Во спротивно, сите професионални војници ќе излезат, заедно со сопругите, родителите, роднините и децата, за кога ќе тргнат на своето работно место, да ги видат тие што трошат милионски суми за кампањи ’Раѓај трето дете’, а ги бркаат од работа и тоа едно дете што го создале го оставаат без парче леб. Тука стојат луѓе кои крвавеле за Македонија, а не полтрони, лажговци и предавници“ - Војници маршираа пред Владата ... Дневник ... ...
- - „Достоинство“: За десет дена да се реши нашиот статус ... Нова Македонија ... ...
- - Достоинство со протестен молк ... Вечер ... ...
-
No comments:
Post a Comment