На неколку пати го забележував падот на индексот на слободата на медиуми ... тоа многу не ги загрижи надлежните во владата тие си работат по свои агенди ...
- Скандалозен упад во независноста на медиумите - Владата ги „ажурира“ новинарите - Дневник ...
- Досега не се случило некоја институција да побара список на сите новинари на „Дневник“ (со телефонски броеви), како што тоа вчера го направи Владата ...
- „Почитувани, во рамките на редовното ажурирање на списоците на новинари вработени во печатените и електронските медиуми, Ве молиме, да ни доставите список со име и презиме на новинари кои се вработени во вашиот дневен весник. Благодариме на соработката“.
- сите медиуми испратиле податоци, се чекало само на „Дневник“ за да се комплетира списокот.
Што е следно, список со податоци на сите блогери можеби, со додаток на модераторите на форумите ... ??! ... додуша немојте да се секирате колеги блогери, ние сме сеуште нерелевантни/неинтересни за власта ... нашата читаност е сеуште релативно мала бројака ... но проблемот ке настане кога бројката на читаност ке скокне ...
No comments:
Post a Comment