Тече шпекулативна информација од поодавна дека се топат девизните резерви на државата - како последица на светската финасиска и економска криза ... зголемувањето на трговскиот дефицит, со истовремено намалување на девизните дознаки од странство ...
Утрински шпекулира т.е. пренесува информација добиена од пратеникот Стојан Андов дека:
- „Девизните резерви биле 1 милијарда и 750 милиони на 28 октомври, а на 23 јануари биле 1 милијарда 430 милиони. Можете да замислите што значи тоа девизните резерви да се намалат за 320 милиони за три месеци. А, допрва во март доаѓаат нови одливи по основа на трансфери на добивката, кои ја оствариле странските инвеститори кои работат во земјава“, вели Андов.
Политиката на НБМ на штитење на девизниот курс нема многу да помогне ако со други економски мерки не се вклучи и Владата ... на располагање пред се` и стојат стимулации за извозно орјентираните гранки ... не е возможно секојдневно банкротирање на маакедонските граѓани и фирми да не се осети на пореметување во севкупната економија ...
Стручни економски аналитичари пред некој ден сигнализираа дека треба повторно да се склучи аранжман со ММФ ... и веднаш да се интервенирање со мерки на политика на буџетско штедење на непотребните буџетски трошоци ...
Владата сеуште размислува ... посериозни мерки најавува по изборите ... дали тогаш веќе нема да биде касно ...
- ДЕВИЗНИ РЕЗЕРВИ ...
- Криза во МК металургија ... ке има ли последици по МК економија од крахот на светските берзи ...
- Мириса на девалвација ... море смрди ...
- Девалвација ...
- ДИКТАТУРА НА ММФ
No comments:
Post a Comment