Утринава погледнав низ прозор ме привлече убаво утринско сонце ... си велам метереолозите пак утнаа - тие предвидоа можен слаб снег ... но кога малку пубаво се загледав нешто во воздухот ми светкаше ... подобро кога загледав видов снег ... Си помислив што знак од Господа ке биде ова ... “Скопско и се е можно“ - се покажа како добра парола ...
Се симнав долу ... пред да влезам во дуќанот влегов во малското гранапче да купам портокали ... единствено овошје што сега има вкус - организмот ми е зависен од овошје ... Под импресијата на сонцето и снегот гласно искоментирав - “Што знак ке беше ова сонце и снег ... имам многу години во газот и не се сеќавам кога последен пат сум видел ваква метео-појава ...“...
Во гранапот еден ром се насмеја и искоментира “Циган се жени брат ...“... се насмејавме сите ...
No comments:
Post a Comment