“Најзаразната болест“ од која е заболена нашата економија е најголемата спака на невработени во цела ЕУ ... Оној кој ке ја реши дилемата како да се зголеми бројот на евидентирани вработени лица - што ке значи намалување на бројот на невработени, ке биде мајсторот што ке ја заслужи мојата почит и доверба ... и не само тоа, туку и подобрување на структурата на вработени лица во однос на зголемување на лицата кои се вработени во реалната економија - во однос на оние во администрацијата ... зголемување на вработувањето на висококвалификувана работна сила - во однос на понискоквалификуваната работна сила ... зголемување на бројот на вработени во однос на бројот на пензионери ... ми се смачи од рекламирањето на Македонија како земја со најефтина работна сила ... тоа директно значи признавање дека сме гола вода, сиротиња ... тоа е директна порака на младите и способни да си бараат работа во други економии - да се иселуваат ...
И во минатиот ситем во Македонија имавме проблем со големата невработеност ... социјалистичкиот систем пробуваше вработувањето на младите да го реши со административни мерки ... измислуваше начини како со сила да се вработат и отворат нови работни места:
- се сеќавам на Листите на чекање на вработување - кои беа смрт за квалитетно вработување ...
- се сеќавам на предвремено пензионирање - за да се отворат нови работни места ...
- се сеќавам на административно вработување на психолози и лекари по фирмите ... незнам на 500 вработени мора да имаш еден психолог и лекар ... чекам ден кога и сегашната власт ке се зафати со слични непопуларни мерки и методи ... нема да ме зачуди вакви стари и неинвентивни методи - да се прикажуваат како лек ...
И во стариот систем и во сегашниот - не се најде лек за пробемот на зголемување на вработеноста во нашата економија ... во транзиционит период највеќе се работи на бришење од списоците на невработени ...
- не се јавиш еднаш месечно во Заводот/Агенцијата за да се евидентираш, веднаш си бришан од списокот на невработени ...
- се направи посебен список на оние кои се невработени ама ете несакаат ни да работат - туку им треба само зелени картони ... и други принадлежности од статусот на невработени ... социјална помош ... детски додаток (уствари незнам дали воопшто има детски додаток ... осем онаа мерката за трето дете - која ке падне на уставен ...)...
- Заводот за вработување/Агенција де - се претвори во Завод/Агенција на бришење од списокот на вработени ...
- Колкав е бројот на вработените во РМ ... Концептот бруто плата ке ги разјасни бројките за бројот на вработените ... 16 Февруари, 2009
- Колкав е бројот на вработени и невработени лица во РМ и каква е нивната структура ... 4 Февруари, 2009
- 600 Профи војници маршираа пред собранието/владата ... бараат право на згрижување ... 2 Февруари, 2009
- Кој ке ги завземе местата на оние кои се одселуваат од Македонија ... 19 Декември, 2008
- Партиски вработувања ... партизација на државата ... 1 Ноември, 2008
- Останати линкови поврзани со темата на бројот на вработени и невработени ...
No comments:
Post a Comment