Search This Blog

Friday, February 06, 2009

“Фабрика 3“ ... „Манифестот за европска Македонија“ ... „Граѓани за европска Македонија“

http://soros.org.mk/images/main/logo_fioom.gif
ФОСИМ (Фондацијата Институт Отворено Општество) на својата интернет страница објави КОНКУРС :
за новинари практиканти за работа во следниве медиуми: ТВ А1, ТВ Алсат, ТВ Алфа, ТВ Ера, радио Канал 77, Утрински весник, Љајм и Време во Скопје; ТВ Менада во Тетово и ТВ Тера во Битола.

Цел на проектот:
Проектот има за цел градење на капацитетите и на вештините на новинарите-практиканти за покривање на прашањата за ЕУ интеграциите на РМ.

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:
• Да се дипломирани или на завршна година на факултетите по новинарство или комуникологија
• Да немаат заснован постојан работен однос во некој медиум
• Да го знаат англискиот јазик

Краток опис:
Пријавените кандидати на конкурсот ќе бидат селектирани од страна на стручна тричлена комисија. Степенот на познавање на англискиот јазик ќе биде проверен при селекцијата.

Селектираните кандидати ќе бидат обучувани за ЕУ структурите и за релациите ЕУ-Р.М. во Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО) во Скопје. Патните трошоци на селектираните кандидати од Тетово и од Битола ќе им бидат покриени. По завршувањето на обуката 10 од вкупниот број на кандидати кои ќе го положат завршниот тест ќе склучат договор со ФИООМ и со соодветниот медиум каде што ќе бидат примени за новинари-практиканти. Тие ќе треба да работат на ЕУ теми за потребите на медиумот, а ќе добиваат стипендија од ФИООМ во период од 01.05. 2009 до 31.12.2009 година со можност за продолжување на истата.

Потребна документација за пријавување:
• Писмо за мотивација (кандидатите на максимум една страница треба да ги образложат своите причини/мотиви за пријавување на конкурсот)
• Документ со кој ќе го потврдат степенот на образование
• Документ со кој ќе докажат дека не се вработени
• Документ со кој ќе го докажат степенот на познавање на англискиот јазик
• Работна биографија (CV) доколку ја има кандидатот
• Секој кандидат може да достави дополнителна документација за која ќе смета дека со истата докажува вештини и знаења кои се врзани за потребите на проектот и кои го отсликуваат профилот на кандидатот

Некомплетни и ненавремено доставени пријави нема да се разгледуваат.

Краен рок за пријавување е 20 февруари (петок), 2009 година

Комплетната документација треба да се достави во назначениот рок исклучиво по пошта, на адреса на ФИОО-Македонија: Бул. Јане Сандански 111, 1000 Скопје со назнака “Конкурс за новинари-практиканти“. Лице за контакт: Виолета Глигороска секој работен ден од 12.30-14.30 часот (освен во вторник), и на тел: +02/2 44 44 88, локал 118
.............................................................
Ова е дочекано на нож до провладините медиумски куќи и партиите од позицијата, кои го окаракттеризираа како грубо мешање во уредувачката политика на слободните медиуми - кои се финасирани во најголема мера од “ФАБРИКА 2“ ... огромни државни пари вбризгани во медиумите преку бројните промотивни и рекламни кампањи ...
За оние кои се помлади и не се сеќаваат во времето на влада на Бранко Црвенковски имаше иницијатива за плаќање на новинари со државни пари што популарно се нарече како афера “ФЁБРИКА“ ... Груевски во “ФАБРИКА 2“ - го направи истото само многу посуптилно, подсокриено ... но резултатот е ист КОНТРОЛА НА МЕДИУМИТЕ ...
Се шушка дека нов услов за почеток на ЕУ интегративните процеси ке биде Слобода на медиумите ... ако се сеќавате две години назадуваме во оценката за солободите на медиумите ...
На ова треба да се додаде и кадровското зајакнување на повеќе медиуми кои се блиски до сегашната опозиција ... имено АЛФА ТВ - во сопственост на Штерио рапидно се зајакнува и програмски и кадровски ...
.................................................................................
http://soros.org.mk/images/pictures/Manifest_za_Evropska_Makedo.jpg
Е да, истовремено Лидерот на ФОСИМ Владимир Милчин во друштво на други познати интелектуалци Мерсељ Биљали, Никола Гелевски, Бранко Героски и Жарко Трајановски излегоа на прес и објавија дека здружени во движењето „Граѓани за европска Македонија“ го објавија „Манифестот за европска Македонија“ ...
Најавија дека ке имаат интензивна активност (воопшто не ми се допаѓа оваа активност во време на изборен процес ...)...
Сите граѓани кои сакаат да се приклучат на иницијативата „Граѓани за европска Македонија“ може да испратат порака на gem@sonet.com.mk

Распоред на настани
10 февруари (вторник) во 18 ч. – Скопје, Детски театарски центар
11 февруари (среда) во 18 ч. – Велес, голема сала на општина Велес
12 февруари (четврток) во 18 ч. – Штип
13 февруари (петок) во 18 ч. – Струмица, Дом на АРМ

Преземете ја македонската верзија на манифестот (.pdf, 351 KB)
Преземете ја албанската верзија на манифестот (.pdf, 1.36 MB)
Основната идеја на оваа иницијатива е да поттикне интензивна граѓанска дебата за состојбите и перспективите на Република Македонија ... зошто сево ова во тек на започнат изборен процес ???
http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/Large-8.jpg?t=1233948265

2 comments:

Anonymous said...

велиш - „воопшто не ми се допаѓа оваа активност во време на изборен процес ...“
дај аргументи - зошто не ти се допаѓа? Или си гледал малку „Сител“, па те понеле фабрички конспирации :)

Трајан said...

Волан е во право. Доста со фабрики за рециклирање на мозокот.
Не ни требаат ни манифести. Крушевскиот ни е доволен.

Blog Archive

Site Meter