Search This Blog

Sunday, February 22, 2009

Протест - против сечење на дрвата на Илинденска ...

http://discoveringkorea.files.wordpress.com/2008/11/20081117_goldenginkgo.jpg?w=500&h=656

Невозможната идеја од Илинденска да се направи булевар ја следам од појавата на идејата на најлошата управа на градот Скопје под водство на градоначелникот во заминување - госп. Трифун Костовски ... ИЛИНДЕНСКА - булевар ... Досје Илинденска ... е мое блог досје, каде неколку години ги ликувам сите написи за таканаречениот булевар Илинденска ...

читај повеќе »

http://www.utrinski.com.mk/WBStorage/Articles/85FA3BDD92B6D1449B5CCE347B59A3E7.jpg

Преку написи од Утрински - Општина Центар не дозволува проширување на „Илинденска“ ...

  • Жителите на улицата „Илинденска“, кои живеат на потегот од Владата до фонтаната „Лотос“, реагираат на намерата на Градот Скопје улицата да се прошири за уште две ленти.
  • Членови на Иницијативниот одбор на граѓаните добиле информација од Општина Центар дека градските власти немаат дозвола за проширување на улицата поради тоа што во Генералниот и во Деталниот урбанистички план е превидена подземна сообраќајница на овој потег.
  • Граѓаните од „Илинденска“ деновиве се револтирани и поради маркирањето на дрвјата, кои треба да бидат исечени токму поради проширувањето на улицата.
  • Засега немаат одговор кој ги обележал и кога ќе се сечат, но, велат, нема да го дозволат тоа.
  • „Делот на улица ’Илинденска’ од Владата до фонтаната е со ширина помала од 20 метри, поради што е невозможна изведба на улица со четри ленти, а притоа да остане простор за тротоар, велосипедска патека и зеленило. Проширувањето е спротивно и на ГУП, кој предвидува подземен сообраќај“, се вели во соопштението од Иницијативниот одбор на жителите од „Илинденска“.
http://vest.com.mk/images/%7BD26E8FBD-B324-42C1-A882-35BB5B9716D0%7D_ilindenska-2.jpg
  • Дрвјата на улица Илинденска, на потегот од зградата на Владата до фонтаната во Градски парк, ќе се сечат поради градежните работи за поставување на атмосферска канализација.
  • Жителите од околните згради, пак, се плашат дека градските власти ќе ги сечат дрвјата за да направат простор за проширување на улицата на овој потег.
  • "Дрвјата се обележени за сечење. Ако веќе кажуваат дека нема да ја прошируваат улицата и оти ќе прават атмосферска канализација, зошто ги обележаа за сечење дрвјата од двете страни на улицата. Атмосферска канализација се става или по должината на коловозот или по должината едниот тротоар, зошто тогаш би ги сечеле дрвјата од двете страни", се прашуваат жителите од улицата Илинденска.
  • "Додека не обезбедат дозвола, нема да им дозволиме да исечат ниту едно дрво ниту, пак, да копаат", велат скопјани.
  • "Дрвјата се обележани, бидејќи кога ќе почнеме со градежните работи за поставување на атмосферската мрежа, најверојатно, ќе дојдеме и до корењата на дел од дрвјата. За да не паднат и да не направат поголема штета, ќе мора да исечеме дел од нив. Сега не можам да кажам колку дрвја ќе се сечат, а откако ќе завршиме со градежните работи, ќе посадиме нови дрвја", вели Шопар.
Ова не е првпат да се најавува сечење на дрвјата на Илинденска ... Пред некоја година имаше иницијатива од градската управа за сечење на дрвјата, поради нивната пожемска оштетеност ... демек ке се саделе нови ... чинам дека навистина неколку дрвја се исекоа но се насадија нови ... Овојпат е сулуда идејата да се исечата сите дрвја ... навистина на кого можеше тоа да му текне ... разбирам да се исечат неколку кои се засушени или заболени - но да се исечат сите е навистина лудо ...
Затоа се придружувам на дваицата блогери - од кои прочитав дека утре во 13 часот ќе има протест за сопирање на сечење на дрвата и проширување на улицата. Сите кои сакаат да се придружат можат да дојдат кај аптеката Оскар, тоа е малку понакај влада од карши пионерскиот дом Карпош.
  • Проект Илинденска (Нашата локална беда и ситни души) - БИ
  • Протест против сечењето на дрвјата на Илинденска - Развигор
  • Илинденска - .build.com.mk
  • На „Илинденска“ почна да се гради атмосферска канализација - Утрински ... ... Инаку, според проектот, проширување на „Илинденска“ е планирано на потегот од фонтаната „Лотос“ до раскрсницата кај Воената болница и ќе чини 160 милиони денари. „Илинденска“ ќе биде булевар со по две ленти, ќе има целосно изградена подземна инфраструктура и модерно осветление. Според Генералниот план на Скопје, проширувањето на „Илинденска“ треба да продолжи и кон Карпош 4. На локацијата каде што сега завршува, планирано е да продолжи право и со мост преку Вардар да се поврзе со булеварот „Словенија“ или со обиколницата на Скопје. Во Градот велат дека тоа е третата фаза од изградбата на оваа сообраќајница.
  • ХРОНОЛОГИЈА НА ПРОЕКТОТ ЗА ПРОШИРУВАЊЕ НА УЛИЦАТА ИЛИНДЕН ... ...
    - Проширувањето на улицата Илинден подразбира реализација на два проекта, едниот за реконструкција на сообраќајницата на потег од улицата Наум Наумовски Борче до булевар 8-ми Септември, во должина од 1.850 метри, а другиот за изградба на атмосферска канализација на потегот од булеварот Свети Климент Охридски до булевар 8-ми Септември, во должина од 2.200 метри. ... ...
    -
    По претходно објавена јавна набавка за избор на најповолен понудувач, Град Скопје на 20.07.2007 година потпиша договор со проектантската куќа Чакар Партнерс за изработка на проект за реконструкција на улицата и за изградба на атмосферската канализација. На 17.03.2008 година изготвените проекти се доставени до Град Скопје од страна на проектантот.
    -
    Град Скопје, веднаш потоа, распиша јавна набавка за избор на најповолен изведувач на проектите за проширување на улицата Илинден и за изградба на атмосферската канализација. За најповолен изведувач на проектот за проширување на улицата е избрана градежната фирма Грант-АД, со која Град Скопје го потпиша договорот за реализација на проектот на 03.07.2008 година.
    -
    За најповолен изведувач на проектот за изградба на атмосферската канализација е избрана фирмата Енергомонт АД, со која Град Скопје на 23.07.2008 година потпиша договор за изведба на проектот.
    -
    Град Скопје поднесе барање до Општина Центар за проширување на улицата Илинден. Барањето беше одбиено со образложение дека не се решени имотно-правните односи на земјиштето на кое треба да се изведуваат градежните работи. Земјиштето на кое треба да се проширува улицата, во делот на општината Центар, е во сопственост на Р.Македонија.
    -
    Град Скопје поднесе барање до Министерството за транспорт и врски, согласно Законот за градежно земјиште, за засновање право на долготраен закуп на земјиште сопственост на Р.Македонија, по пат на непосредна спогодба, без надоместок, за период од 99 години, заради овозможување реализација на објект булевар „Илинден“ (потег од улицата Наум Наумовски Борче до булевар 8-ми Септември).
    -

    Од Министерството за транспорт и врски добивме известување дека за да може министерството да постапува по барањето на Град Скопје потребно е да се достават следните докази:

  • Извод од Деталниот урбанистички план
  • Геодетски елаборат за нумерички податоци и список на индикации
  • Имотни листови за катастарските парцели сопственост на РМ
  • Уверение за движење за катастарските парцели сопственост на РМ и
  • Потврда дека нема постапка за денационализација за катастарските парцели кои се предмет на доделување под закуп прибавена од Министерството за финансии и Одделение за имотно правни работи. ...
    -
    Град Скопје почна постапка за прибирање на потребната документација, но се уште се чека одредени институции да одговорат на поднесените барањата. На пример, Уверението за движење на катастарските парцели се уште не е добиено од страна на Катастарот. Во меѓувреме од Министерството за транспорт и врски пристигна допис во кој се вели дека поради истекот на „долгиот рок“ од два месеца, кој му бил даден на Град Скопје да ја поднесе бараната документација, а предметот не бил целосно комплетиран, барањето се одбива и нема да се разгледува. Град Скопје деновиве ќе ја подигне доставената документација до Министерството и ќе продолжи со нејзино докомплетирање, по што повторно ќе поднесе барање за засновање право на долготраен закуп на земјиште сопственост на Р.Македонија.
    -
    Од друга страна, пак, на земјиштето на кое што треба да се проширува улицата Илинден, во делот на општина Карпош, има 11 спорни приватни објекти. Град Скопје се состана со сопствениците со цел да се договори експропријација на приватните имоти, но досега не се најде заеднички јазик. Град Скопје побара од Министерството за финансии, Управа за имотно-правни односи, подрачна единица Општина Карпош да се изјасни за статусот на спорните објекти. Од Министерството добивме одговор дека досега за четири од објектите кои се наоѓаат на трасата каде треба да минува булеварот е утврдено дека се дивоградби и дека се донесени решенија за уривање на истите. На сопствениците им биле врачени решенија со кои им се дава рок од 30 дена да ги урнат дивоградбите, а во спротивно Министерството ќе го изврши уривањето на товар на сопствениците. На останатите објекти се уште им се утврдува статусот и се чека одговор од министерството.
    -
    Град Скопје доби локациски услови од Општината Карпош за изградба на атмосферската канализација и досега се реализирани околу 500 метри од канализацијата на оние места каде што нема имотно-правни проблеми. Кога ќе бидат урнати дивоградбите и кога ќе се решат имотно-правни односи и со останатите сопственици на приватните објекти кои се наоѓаат на трасата во делот на општина Карпош, Град Скопје ќе може да ја доизгради атмосферската канализација на овој потег.
    -
    Град Скопје во Буџетот за оваа година има предвидено средства за реализација на проектот за проширување на улицата Илинден, но се додека не се завршат административните процедури околу разрешување на имотно-правните односи на земјиштето на кое треба да се изврши проширувањето, Град Скопје не може да добие дозвола за градба што е основен услов за почнување со изградба и реконструкција на булевар Илинден.
  • Почнува проширувањето на „Илинденска“ и кај Тутунски комбинат - Утрински ...
    - Градот Скопје идната недела ќе започне со реализација на проектите за проширување на „Илинденска“ и на раскрсницата кај Тутунски комбинат. По средбата на градоначалниците на Скопје и на Центар, Трифун Костовски и Виолета Аларова, надминат е проблемот со издавањето на градежните дозволи, поради кои проектите беа ставени на чекање.
    - Како што најавуваат во Градот, „Илинденска“ во првата фаза ќе се пробива на потегот од Владата до влезот на Зоолошка градина. Идната недела ќе започнат градежните работи за поставување на атмосферската канализација. На овој потег, велат во Градот, нема имотноправни проблеми поради што работите можат веднаш да почнат. Во Градот деновиве ги очекуваат и дозволите од Општина Карпош, за продолжување на атмосферската канализација на „Илинденска“ во правец кон Воена болница. Дел од овој потег е затворен со дивоградби, кои ќе треба да се урнат.
    - Иако трајното решение за проширувањето на „Илинденска“ од Владата до фонтаната „Лотос“ е подземна сообраќајница, сепак, тоа е неизводливо засега. Поради тоа, на дел од сегашниот тротоар ќе бидат направени уште две ленти, без средишно зеленило. Во Градот најавуваат дека на овој потег ќе остане доволен простор за пешаците, а ќе биде засаден и нов дрворед.
http://www.utrinskivesnik.com.mk/WBStorage/Articles/E3278AD0ED4E4C4B88CFE3EC3E22D5C0.jpg http://www.utrinski.com.mk/WBStorage/Articles/E8AE6DA7734AC3429849FF82C235CB64.jpg http://www.vest.com.mk/images/%7B8EA8C2B7-08EA-415A-B9CB-580B7547C79B%7D_ilindenska-2.jpg http://utrinski.com.mk/WBStorage/Articles/B9E97FAED1E8A84587B598FBB8779095.jpg

2 comments:

Photo Volan said...

Првата слика што ја преѕедов одкај БИ - очито е дека не се дрвјата од Илинденска, туку веројатно од Ленинова ... но тоа не е ни толку битно ... да се придружиме сите што сме слободни утре во 13 часот на протест против сечењето на дрвјата на Илинденска ...

Photo Volan said...

Протестот ке се одржи денеска иако гледам дека надвор од утринава врне снег ... и троица да дојдат и тоа ке биде граѓански протест ...

Blog Archive

Site Meter