Од утринава цел ден не сум на работа, делумно бев кај книговодителот, делумно кај мајками која е болна ... и носам јадење ... се грижам за неа ... Кај книговодителот ја потпишував завршната сметка за минатата година ...
Што да Ви кажам се разочарав ... немаше ни една весела фаца кај книговодителот ... сите стенкаат и се крстат со лева рака ... книговодителот ми ја води фирмата од почеток - сега води околу 80-десетина фирми ... незнаат што да прават ... повеќетето се изјаснија дека мора да затворат ... неможат да го издржат наметот ... а работа нема ... муштериите ни шетаат со празни џепови ... на крај малку размислив, гледајки ја завршната - дека и мојата работа не е како што треба, дека дуќанот го отвојрив заради синот кој си најде друга работа ... време е и јас да затворам не само дуќанот туку и фирмата ... Фирмата е отворена од Мај 1991 година и кај и да е ке биде затворена до Мај 2009-та ... Значи по 18 години приватен историјат на мојата фирма сепак ке морам да ја затворам ...
Ке прашате за причините ... исти се како и кај другите луѓе што затвараат - државата зајде во цедење на малите фирми ... а ние работиме со народ кој е осиромашен, нема тендери ... резултатот е ако нема муштеријата и јас немам и морам да затворам ...
Ке заборавев да Ви кажам, а стои во насловот - денеска книговодителот ме прашува: Пријави ли работно време во Централен регистар ... велам не, нели тоа го правевме во општините ... е не вика сега има пропис се пријавува во Централен регистар ... и понеси си 600 денари такса ... ми зовре ... кој е есапот десет евра на 60.000 фирми +за подружниците ... значи некои 100.000 по десет евра 1.000.000 евра по оваа основа ... парите владата ке најде каде паметно да ги смести ...
А за прегледите, е тоа е друга иновација ... на година ипол секој треба да плати по 1200 денари за обавезен преглед за секој вработен ... за диши диши 1200 денари значи 20 евра по вработен ... 600.000 вработени по 20 евра = 12 милиони евра ... е ова е веќе малку подебела сума ... немаше да дознам но еден колега пред мене плаќаше глоба од 800 евра бидејки тој како единствен вработен во фирмата немал извршено преглед, дошла инспекија и оп глоба ...
Си реков нема веќе услови за мојот приватен бизнис ... од петте проценти кои ги заработувам 1.5 проценти ми одат веднаш за државата и уште 2 процента за друвги основи, плати и трошоци ... и тука нема математика ... Не ми е жал за оваа инвестиција што пропадна како и неколкуте пред тоа ... последнава инвестиција беше наменета синот да го пронајде својот пат ... тој фала му на бога го пронајде ... јас колку за мене ке најдам друга работа, друг бизнис или ангажман ...
Е да, ке заборавев, го прашувам книговодителот кој е истотака потиштен ... 40 проценти од фирмите кои ги води, оваа пресметката што сега ја поднесуваат е последна негова заработака ... 40 проценти ке му се намали приходот ... Што е целта на сето ова што е целта на ова сулудо уништување на малото стопанство ...
Е вика - колку си наивен, која мерка што ја донесе оваа Влада е мерка за да заздраве стопанството ... сите мерки му се за да се уништи ... и што после го прашувам ... од кого ке зема данок кога сите ке затвориме ... ПОСЛЕ КЕ ПРОГЛАСИ ДРЖАВЕН БАНКРОТ И КЕ ДОЈДЕ ДО КОНЕЧНА ПОДЕЛБА НА МАКЕДОНИЈА ...
Не ми се бендиса тоа што го каже мојот книговодител - но си велам можеби има резон ... се` некако оди во тој правец ... нема интеграција ... има изолација ... букефализација ... поделби на народот по етничка, верска и национална основа ...
КАДЕ ОДИ МАКЕДОИЈА ...
- Годинава дефинитивно погребување на малото стопанство ... Граѓанинот, малите фирми со опростување станаа ем еб*ни им должни ...
- Големото и Малото стопанство - транзиционен историјат ...
- Цицање на големо од Малото стопанство
- “Шишањето“ продолжува ...
- Патриотските фискални - паднаа на Уставен ...
- Данок на вкупен приход ...
- Како Владата ке ќари 35 милиони евра од народот во Март ова година ...
- Фирмарина ... Комунална такса за фирма ...
- БОГАТА ДРЖАВА - на сиромашни граѓани ... втор дел ист кадар ...
- Закон за најниска плата & СДСМ ... нова даночна реформа ...
- ДЕН НА ДАНОЧНА СЛОБОДА ...
- Државата прави се‘ да го собере данокот ...
- ГРАЃАНСКИ ОТПОР - кон УЈП во Струмица ...
- Стопанството по мерка на големите - особено странските инвеститори ...
- Странски инвестиции суфинансирани од МК буџет ... дали ова не е противуставна практика ... "Џонсон Контролс“ ...
- Берзата тоне ... балканот во рецесија ... само МК економија мирува ?? ... “паре с`г су скупе ...“
- Ламја буџет за 2009-та ... и во 2009-та ке се задолжуваме за пеглање на се` поголемиот дефицит
2 comments:
Ama scenario ti kaza ovoj tvojot knigovoditel,neka e ziv i zdrav.....
така му мирисало на човекот ...
Post a Comment