Гардијан, поточно новинарката Helena Smith ... во написсот од вчера Greeks argue over status and statue of Alexander ... ни раскажува дека споменик/статуа на Александар Македонски кој е готов веќе 17 години лежи во некој подрум во грчкото Министерството за култура ... статуата јаде прав веќе 17 години - чека грчките политичари и археолози да се договорат каде, на кој атински плоштад да ја постават ...
Имено, има големо противење на грчките политичари и особено на археолозите - статуата на Александар Македонски да се постави на некој атински плоштад, бидејки во историската меморија на грците тој (варваринот) во Атина дошол како освојувач ...
Во истиот напис новинарката соопштува дека во Скопје нема дилема за статуата на Александар Македонски ... се припрема поставување на “Распеан Александар ...“ во центарот на Скопје ...
Helena Smith е блогер и дописник на Гардијан за Грција, Турција и Кипар ... Кој ако не блогер ...
No comments:
Post a Comment