Изборите се подолго време главен настан кој ги окупира политичарите ... Двете најголеми политички партии во Македонија веќе се на терен меѓу народот и пробно ги пуштаат главните поенти со кои ке излезата на изборите ... Главни медиумски звезди се моментално портпаролите на партиите ... Груевски во својето интервју на Сител излезе со неговото видување околу кои главни прашања ке се одвива политичката битка на овие избори кај електоратот:
- Изолацијата ... они ке тврдат дека сме меѓународно изолирани ... ние ке тврдиме дека лажат ... дека нам ни се случуваат секојдневни средби со меѓународните лидери и институции ...
- Дека ние сме против ЕУ и Нато интеграциите ... они се ... лажат ...
- Дека они - ако се на влат ке не внесат во ЕУ и Нато ... ако останеме ние на власт - нема да влеземе ... лажат повторно ...
- Дека ние ги делиме Македонците на Антички и Словенски Македонци ... лажат, ние велиме дека сме и едното и другото ...
- Дека ние ја антиквизираме Македонија ... лажат ние подигаме споменици на сите зслужни Македонци ... дури и на Глигоров му дигаме споменик ... значи пак лажат ...
Подолу мои постари написи каде сум пишувал за потребата политичарот да лаже на избори - а народот “овцата“ секогаш верувал на ветената “убава трева“ ... верувал (народот) - како и секоја жена што верува на маж кога и се удвара за да ја придобие ... покасно може ке види дека е прелажана - ке го напушти лажачот ... но најчесто останува со него и ги трпи последиците на лажењето до крајот на нејзиниот живот ... бидејки е срамота да признае дека била лажена ... така и граѓанинот ги трпи последиците од лажните ветувања на политичарот ... како да е венчана со него ... Народот како и жената како да имаат природна потреба да им се кажуваат убави лажни приказни ...
И во оваа предизборна кампања веќе ни се случуваат евидентни лаги од кандидатите за председатели ... тие се впуштаат во коментирање на прашања кои воопшто не се нивна надлежност и го лажат народот дека ке го решат нивниот проблем ... пример - што бараат кај стечајците, гледам сите потпишаа договори со нив дека кога ке станат претседатели ке им го решат проблемот ... лажат - тоа воопшто не е нивна надлежност ... да не наведувам други случаеви, постот пак ке биде предолг и никој нема да го чита ...
Поздрав драги мои “овчички“ - особено за оние кои пред да бидат ошиани ке се избањаат за да биде поквалитетна волната ...
- ЛАЖЕЊЕТО - е систем за доаѓање на власт во Македонија ... 7 Јули, 2007
- Ветувања - пред и по изборите ... “лажи, лажи, лажи ме - ти ме лажеш најбоње“ ... 16 Мај, 2008
- Најсмешното предизборно ветување-лажење на СДСМ и Макрадули ... 6 Јуни, 2006
- Македонија е трева на која се играат/газат слоновите ... Овците се прашуваат/одлучуваат само на избори ... 15 Август, 2008
- Меѓу желбите и можностите ... секогаш стои должината на чергата ... 19 Август, 2008
- Возење по средна трака ... Политички спектар ... 21 Септември, 2008
Подолу имате линкови кои се поврзани со темата на претседателските и локалните избори:
- Дали Венко Андоновски ке му ги пишува говорите на Ѓорѓе Иванов ... 13 Февруари, 2009
- „Политичка галама“ на blog.com.mk ... дали сите на blog.com.mk мислат исто ... 12 Февруари, 2009
- “Носачите“ на СДСМ ... Како се постигнува послушност при гласањето ... 12 Февруари, 2009
- Нова анкета ... Плати ми за да ти кажам колку си убав ... 11 Февруари, 2009
- Иванов - бил на театар ... Изборниот театар продолжува ... 5 Февруари, 2009
- Линкови до сите постови за овие претседателски избори ...
- Линкови до сите постови од локалние избори ...
4 comments:
Zarem postoi nekoj politicar na svetot(eva kako za primer na "zapadot")sto ne laze, n e p o s t o i .......istoto i na istok i na sever i na jug.......taka da seto toa ne e nisto novo........a dodeka za onie gornite 5 tocki......tuka mislam deka egeecov n e l a z e ...da ne gi analiziram sega edna po edna,nemam zivci batka.....simtomaticno mi e samo imenuvanjeto na postot i odma ....cak....eve sto rekol Gruevski....demek i toj lazel.........ova go pisuva edna od tvoite t.n."ovcicki". Edno pamtam sto izlagal,koga rekol deka nema da sorabotuva so onaa plavusata od DUI,ali politikata e navistina kurva so tapija,pa ete od prakticni pricini se "zdruzija" jebi ga,toa e toa.
досега Груевски имаше доблест да признае кога нешто ке погреши ... сега бидејки се избори ... тој како да почна да се служи со лаги ... што е можеби нормално - како што велиш ти сите лажат ...
Toj kako da pocna da se sluzi so lagi - decko egeecov ili laze ili ne laze,nema kako da.....no na krajot na kraistata i da izlaze nesto, nema da e kraj na svetot,kako sto napomena ima barem doblest da priznae,sto e retkost megju nasive, da gi nareceme politicari.
се сложувам дека Груевски е еден од ретките политичари кој признава дека понекојпат греши ...
но во случајот од неколкуте последни изјави тој евидентно притиснат од јавноста ... вели ме клеветат други ... опозицијата ... несака да признае дека е тоа плод на една погрешна политика која се води околу него ...
поздрав.
Post a Comment