Откога Геро си отвори блог ... често го посетувам, бидејки го ценам/почитувам неговиот начин и стил на пишување ...
Брзо по отварањето на блогот на Геро се случи започнувањето на иницијативата за „Граѓани за европска Македонија“ ... група интрлрктуци предводени од лидерот на ФОСИМ Владимир Милчин, Мерсел Биљали познат албански интелектуалец, Никола Гелевски издавач и колумнист, Бранко Героски новинар и Жарко Трајановски колумнист/познат и одличен блогер - го објавија „Манифестот за европска Македонија“ ..., сето помоганато/подржано од ФОСИМ ... моќна фондација финасирана од разни места но највеќе со пари од Сорос ...
Осем Владимир Милчин кој е извршен директор на ФОСИМ, во Управниот одбор на ФОСИМ се и Мерсел Биљали и Жарко Трајановски ... Со Културниот центар ТОЧКА, раководи Никола Гелевски ... не сум сигурен/шпекулирам ТОЧКА е чинам помогната од ФОСИМ ... Од тука се гледа дека осем Геровски сите се некако поврзани со ФОСИМ ... се разбира сите се и лични пријатели, со слични погледи на светот и отука е разбирливо дека тие се носители на иницијативата„ Граѓани за европска Македонија“ ... Како Геровски влезе во иницијативата, незнам ... но се разбира и тој е со слични погледи/убедувања за светот ...
Не е чудо што првите места за нивните трибини осем во Скопје се Велес, Штип и Струмица ... во сите овие три града ФОСИМ има јаки центри ... нема да ме зачуди по изборите иницијативата да продолжи во Кичево, Прилеп, Гевгелија, Дебар, Делчево, Кратово, Неготино, Ресен и Стрга ... во сите овие места ФОСИМ има свои испостави/центри ...
Вчера посетувајки го првпат седиштето на ФОСИМ во Скопје и разгледувајки го нивниот сајт, се уверив дека ФОСИМ во Македонија е сериозна фондација со можеби стотина вработени/соработници ... што во Скопје што ширум Македонија ... делумно се веројатно и хонорарци, бидејки повеќето членови на ФОСИМ имаат друго основно занимање ... да речеме Госп. Владимир Милчин е редовен професор во ФДУ - Актерска игра ... д-р Мерсел Биљали е истотака професор во ФОН Универзитетот во Тетово ...
Да се вратам на темата како дојде јас да се најдам на трибината на “Соросоидите“ во Штип ... Имено како реакција на постот на Геровски - Почна февруарскиот поход за Европска Македонија ... оставив подол коментар, кој прерасна во пост - “Соросоидите“ во акција ... Концепт на етнички соживот и градење на права на граѓанинот е единствен.излез од полит.криза на МК ...
Геровски како реакција на мојот пост ... во неговиот нареден пост - Кој ако не ние, кога ако не сега? ... ме прозва да не дремам само пред компјутер, да не копам само по интернет ... да искочам меѓу народот за да чујам што тој (народот) мисли ... дека сум пожелам да им се придружам и сега ... јавно ме покани да дојдам во Штип, за да се уверам лично за што тоа они се залагаат ... Нормално е Геровски да незнае дека јас секојдневно преку работата сум со народот ... го гледам/слушам секојдневно како дише ... како оди со неведната глава ... со впиени очи и со очекување дека можеби утре ке биде подобро од денес ... но нејсе ...
Бидерјки никојпат не сум можел да одолеам на предизвикот, го затворив дуќанот за еден ден (и така не оди деновиве баш ...)... го земав апаратот како моја друшка и подшка и заминав како гостин на “соросоидите“ на трибината во Штип ... предходно велам ако имам предизвик и место да да говорам, да си спремам еден краток концепт - за што јас би говорел на една таква трибина ... концептот е во наредните редови ...
*** ШТО МЕНЕ МИ СМЕТА ВО ТРАНЗИЦИОНА МАКЕДОНИЈА ...
- ИМА ОГРОМЕН БРОЈ НА НЕВРАБОТЕНИ И СИРОМАШТИЈА ... ... ЛУЃЕТО ОСТАНАА БЕЗ РАБОТА ... ПАРТИИТЕ И ПОЛИТИЧАРИТЕ КОГА СЕ БОРАТ ЗА ГЛАСОТ НА ИЗБИРАЧОТ МУ ВЕТУВААТ ЧУДА ... ... НО КОГА КЕ ДОЈДАТ НА ВЛАСТ ВЕЛАТ ТОА НЕ Е РАБОТА НА ДРЖАВАТА ... ... А ШТО ТРЕБА ДА Е РАБОТА НА ДРЖАВАТА ВО УЛОВИ НА ТОЛКАВ БРОЈ НА НЕВРАБОТЕНИ И СИРОМАШТИЈА ... ...
- ШТО СЕ Е ИСТО КАКО ВО МИНАТИОТ СИСТЕМ САМО СЕГА НАМЕСТО – ЕДНА ПАРТИЈА КОЈА СТАЛНО БЕШЕ НА ВЛАСТ, СЕГА СЕ МЕНУВААТ ПАРТИИТЕ ... НО СЕ ОСТАНОТО Е ИСТО ... СИСТЕМОТ Е - ОДКОГА КЕ ЈА ДОБИЕМА ВЛАСТА КЕ СЕ УСПИЕМЕ И КЕ ГИ КОРИСТИМЕ ПРИВИЛЕГИИТЕ ...
- СУЛТАНИЗМОТ ВО УПРАВУВАЊЕ СО ДРЖАВАТА И ДЕВАЛВИРАЊЕ НА ДЕМОКРАТСКИТЕ ИНСТИТУЦИИ ...
- ИЗИГРУВАЊЕТО НА ДЕМОКРАТИЈАТА КАДЕ СИТЕ ИНСТИТУЦИИ СЕ ПОДЧИНЕТИ НА ВЛАДАТА Т.Е. НА ЛИДЕРОТ НА ПАРТИЈАТА НА ВЛАСТ ...
- НИКОЈ НЕ ПРОНАЈДЕ КРИМИНАЛ ВО ПРИВАТИЗАЦИЈАТА ... НИКОЈ НЕ ГО ФАТИ/ОТКРИ.РАСЧИСТИ ОКТОПОДОТ ... СИТЕ ГИ ВРАЌАВМЕ НА ИЗМАМАТА НА ТАТ ... ...
- ПЛАЌАМЕ ПЕНАЛИ ПО МЕЃУНАРОДНИ ДОГОВОРИ А НИКОЈ НЕ ОДГОВАРА ... ЗЕМЕТЕ ГО ОКТА НА ПРИМЕР, НА ДВАПАТИ СЕ ПЛАТЕНИ ПЕНАЛИ ВО МИЛИОНСКИ СУМИ НА ЕВРА, И НИКОМ НИШТО ...
- МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМУНИКАЦИИ ДВАПАТИ ГО ИЗГРАДИВМЕ/ПЛАТИВМЕ ...
- КОРИСТЕЊЕТО НА НАЦИОНАЛНОТО ЧУВСТВО САМО ЗА ДА СЕ ПРИГРАБИ ВЛАСТА ...
- СИТЕ ОКОЛНИ ДРЖАВИ ЗА КОИ БЕВМЕ БОГ И БАТИНА – СЕГА СЕ СО МИЉИ ПРЕД НАС И ВО ДЕМОКРАТСКИТЕ ПРОЦЕСИ И ВО ЕКОНОМСКИОТ РАЗВОЈ ... И ВО ГОЛЕМИНАТА НА ПЛАТИТЕ И ВО СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИЦИИ И НЕЗНАМ СЕ КАДЕ ...
- МИ СМЕТА ШТО ДРЖАВАТА Е НАЈГОЛЕМА “ФАБРИКА “ ... КОЈА ОСЕМ АДМИНИСТРАЦИЈА НИШТО ДРУГО НЕ ПРОИЗВЕДУВА ... НО ЗАТОА НАЈВЕЌЕ ВРАБОТУВА ...
- ЗАТВОРЕНОСТА/ИЗОЛИРАНОСТА НА МАКЕДОНИЈА КОЈА СТАНА ТАКАНАРЕЧЕН “ЗАТВОР МАКЕДОНИЈА“ ...
- ПАРТИЗАЦИЈА НА ДРЖАВАТА ...
- ДЕЛБИ ...
- СИРОМАШТИЈА И НЕВРАБОТЕНОСТ
- ДОГОВОР НА МАКЕДОНЦИТЕ ЗА ПРАШАЊАТА ОД НАЦИОНАЛЕН ИНТЕРЕС ...
*** ИМА ЛИ СПАС, КОЕ Е ЧАРЕТО ...
- СЕКАКО ДЕКА ИМА ... ЈУНАЦИТЕ СЕ ПОЗНАВААТ КОГА Е ТЕШКО ...
- ЕКОНОМСКАТА СИТУАЦИЈА МОЖЕ ДА СЕ ПОДОБРИ САМО СО СИСТЕМ НА ПРЕРАСПРЕДЕЛБА НА НАЦИОНАЛНИОТ ДОХОД И ВОВЕДУВАЊЕ НА ДАНОЧНИ ПРЕСМЕТКИ НА НИВО НА СЕКОЈА ФАМИЛИЈА ... ... ПОШИРОКАТА ФАМИЛИЈА КАКО ОСНОВНА КЛЕТКА ВО ОПШТЕСТВОТО ДА СТАНЕ ДАНОЧЕН ОБВРЗНИК СО СИТЕ ОБВРСКИ ДА ПЛАЌА ДДВ – НО И ДА ИМА ПОВРАТ АКО ПЛАТИЛА ПОВЕЌЕ ... ...
- НА КРАЈОТ НА ГОДИНАТА ДРЖАВАТА ТОЧНО КЕ ЗНАЕ КОЛКУ ОД ЛУЃЕТО СЕ ДАНОЧНИ ОБВРЗНИЦИ (ФАМИЛИИ ...) КОИ ТРЕБА ДА ДОПЛАТАТ ДАНОК ... ... НА КОЛКУ ЛУЃЕ И НА КОИ ТРЕБА ДА ИМ СЕ ОДОБРИ СОЦИЈАЛНА ПОМОШ ...
- СИГУРНО ДЕКА ТОА НЕМОЖЕ ДА СЕ ПОСТИГНЕ ПРЕКУ НОЌ ... НЕМОЖЕ НИТУ ЗА ЕДНА ГОДИНА ... ВЕРОЈАТНО НИ ЗА ПЕТ ... ПРОЦЕСОТ Е ДОЛГОРОЧЕН – НО ТОА Е ЕДИНСТВЕН НАЧИН ДА СЕ ТРГНЕ ВО ПОДОБРУВАЊЕ НА СТАНДАРДОТ, НЕВРАБОТЕНОСТА И ПЛАТИТЕ ...
- ВО УСЛОВИ НА ВАКВИ КРИЗИ ДРЖАВАТА МОРА ДА НАЈДЕ НАЧИН КАКО ДА ГИ СТИМУЛИРА ТРУДО ИНТЕНЗИНВНИТЕ ГРАНКИ ... ТЕКСТИЛНАТА ИНДУСТРИЈА (МНОГУ ВАЖНА ЗА ВАС ШТИПЈАНИ ...)... МЕТАЛОПРЕРАБОТУВАЧКАТА ИНДУСТРИЈА ... ... И ЗЕМЈОДЕЛИЕТО ...
- СИГУРНО НЕМА ДА ОЧЕКУВАТЕ ДЕКА СЕТО ОВА МОЖАМ ДА ВИ ГО ПОЈАСНАМ ВО ГОВОР ОД ПЕТ МИНУТИ ...
- ОНИЕ КОИ ГО ЧИТААТ МОЈОТ БЛОГ, ИМАЛЕ ПРИЛИКА ДА СЕ ЗАПОЗНААТ СО МОИТЕ СТАВОВИ ВО ВРСКА СО НАЧИНОТ КАКО ДА НИ ТРГНЕ ...
Времето вчера во Штип беше исто како и во Скопје студено ... пропадна мојата идеја да направам неколку ноќни фотки од Штип ... џабе го носев стативот ... ветерот влегуваше во коски ... а јас не го сакам ни за во кондури а камли да ми ја шиба кичмата ...
Колку што разбрав трибината се одржуваше во општинската зграда на Штип ... се качивме горе ... убава сала од 150 седишта (проценка) ... стокмена за трибина ... пред салата поставена тетратка за потпишување на граѓаните кои сакаат да се потпишат дека се приклучуваат на иницијативата ... наредени пригодни флаери за трибината ... си реков ова почнува да ми заличува како предизборен митинг на некоја сериозна политичка партија ...
Одпочеток мислев дека ке има многу малку публика ... салата едвај да имаше дваесетина луѓе во неа ... но знаете како е кај македонците, сите сакаат да дојдат во минут до 12 ...
Салата не само што се исполни, туку се преполни ... реков ке биде густо ... иако знаев дека претседателот на општината е од СДСМ (кој патем не дојде на трибината ...)... Штип е познат расадник на ВМРО-кадри ... нели и Груевски сосе Мијалкови се по потекло штипјани ... велам ке има сигурно присатни противници на иницијативата ...
Како што гледате на горната слика, дојдоа толку многу луѓе што организаторот за да не стојат се потруди да донесе додатни столчиња ...
До мене седна новинарот и сопственик на “канал 77“ Горан Гаврилов... кој беше грубо нападнат пред својата куќа и тепан со метална шипка ...
Како што се гледа на горната фотка, припремата за трибината е одлична ... на располагање беше озвучување пред секој од говорниците ... имаше и три микрофони за поставување на прашања ...
Модератор на трибината беше Никола Гелевски - Коља ... беше сконцентриран ... едно време малку заборави дека не е на трибина на која треба да се дискутира на високо интелектуално ниво ... дека пред него може да има луѓе кои нема да разберат некоја висока мисла ... но сепак одлично му одеше ... И појасни на публиката како и зошто настанала иницијативата ... дека не се задоволни како се одвиваат работите ... дека премогу се гледа на минатото а се пропуштаат одлични прилики за иднината ... цитираше неколку пасуси за да ги увери присутните дека ова што сега ни се случува не го измислиле сегашните наши авторитети кои се на власт ... дека вакви типови на управување на државата имало и во минатото ... дека народот навреме ги препознавал лагите и манипулациите и се враќал на вистинските демократски вредности ...
Секој од уводничарите имаше по десетина минути за уводните излагања ... кои траеа 45 минути ...
Втор уводничар беше Геровски ... тој ги појасни мотивите за неговото учество во иницијативата ... истакна дека се врши страшна манипулација со темите на нашето име, идентитетот и спорот со Грција ... дека партијата која е сега на власт успејала да му продаде на народот патриотизам/до национализам ... и така ги загрозува европските вредности и придобивки ...
Втор уводничар беше Жарко Трајановски ... колумнист и наш колега блогер ... И тој истакна дека бегството во минатото не и носи ништо добро на Македонија ... дека со парите кои се потрошија за да се истакнат и докажат македонските антички корени ... со парите потрошени за спомениците ... со парите потрошени на секојдневното рекламирање на владата - ке се решеа многу нови работни места ... дека антиквизацијата и неолитизацијата не се процеси кои ке не одведат во ЕУ и НАТО ...
Биљали беше најдуховит/најшармантен ... рече дека очекувал откога владата по почетокот на светската финансиско/економска криза - проглаи шанса дека тоа ке биде можност Македонија да стори чудо со Странските Инвеститори ... кои чекаат во ред за да инвестираат во Македонија ... бидејки нели Македонија има најдобра економска клима и најниски даноци ... дека тој ден ке се прогласи за државен празник ...
Роберто Беличанец, кој во една прилика истакна дека Блоговите се ѓубре? ... често спонзориран од ФОСИМ - особено додека беше активен Центарот за развој на медиуми ... во својот увод како стручњак во областа на комнуникацијата појасни дека владата потроши премногу пари во сверата на медиумите (спомна цифра од 130 милиони долари, ако добро слушнав) ... рече дека владата со антиквизацијата само го одвлекува вниманието на граѓаните од вистинската игра, каде се трошат пари на “матни работи“ ... сето тоа го спореди како играта со кибитчињата, каде додека му се одвлекува вниманието на граѓанинот на “кибритчињата/спомениците/антиквизацијата“ ... власта си “брка“ работа ...
Милчин на крај ја појасни иницијативата ... рече дека ова е типична граѓанска иницијатива ... осврнувајки се на критичарите на иницијативата, кои велеле зошто не си формирате парттија па да излезете пред граѓаните да си го измерите рејтингот ... појасни дека иако тој и Биљали едно време биле во политиката, увидел дека не го бидува за политика и затоа се откажал од делување во политичка партија ... дека ова е сосема легитимна иницијатива ... дека мора граѓаните да се ослободат од стравот ... дека не е дозволиво да се тепаат новинари а да не се пронајде кривецот - посочувајки кон до мене присутниот Горан Гаврилов, новинар и сопственик на “канал 77“ ... кој беше грубо нападнат пред својата куќа и тепан со метална шипка ...
Уводниот дел заврши и малку имаше проблем да започне дискусијата на присатните граѓани ... Прв говорник беше токму Горан Гаврилов, кој рече дека не е задоволен од тоа како власта се однесува кон своите ветувања ... дека тој кога ја почнал инвестицијата во нова зграда на радиото “канал 77“ - му било ветувано дека од многу даноци ке биде ослободен ... но сето тоа паѓало во вода и тој морал да си плати како и секој инвеститор ... ја нагласи тежината на економската ситуацијата во Штип ...
Овој господин за кој потоа ми кажаа дека е новинар но и одличен сатирист, со треперлив глас кажа дека во Штип не оди како што треба, дека многу тешко се живее ... дека не се гледаат перспективите ...
Се јави претседателот на Занаетчиската Комора од Штип ... се пожали дека неможат да го издржат наметот на доприносите од фондовите/придонесите де ... дека плаќаат дупло придонеси од регистрираните фирми како ДООЕЛ ... дека нешто слично е и со регистрираните земјоделци ... и дека такви реформи ке го дотолжат, занаетчиството, земјоделието и малото стопанство ...
Се јавија за збор и неколку госпоѓи вработени во образованието ... дека се прелажани во последниот штрајк од Дојчин Цветановски ... дека незнаат што точно Дојчин се договорил со владата ... и дека е срамно што и за просветарите важат новите прописи за пензионирање ... дека децата се прашувале аман кога овие вампиркиве ке одат во пензија - да се ратосиљаме од нив ... така подсмевнувајки се на постарите наставнички ...
Приметив дека по добро кажана поента било на уводничарите или на граѓаните следеше краток аплауз ... сето ова ме подсети на сеанса од психијатриските амерички групи ... каде групата отворено си ги кажува проблемите осободувајки го стравот од себе ... а како награда добиваат аплаузи/подршка ... така некако беше и тука ... луѓето се јадаа и бараа чаре некој да ги заштити од наездата на државните институции кои им ги празнат и џебовите и душите ... им ја крадат иднината на нивните деца ... бидејки никаде неможе да се види светло во тунелот ...
Таман мислев дека во салата сите мислат исто ... се јави еден господин и упатувајки му критики на Госп. Милчин дека не му е првпат да организира вакви трибини, дека и порано се учеле во школата за демократија од Институтот за отворено општество ... но резултати немало тогаш ... Запраша, какви ефекти сега да се очекуваат од вакви трибини, ако претходните кои биле слични не помогнале ... дека никој не нуди излезни решенија ... кои ке се ветатна избори, но без исполнување ...
Милчин уште еднаш појасни дека навистина му е тешко да најде добар одговор на господинот ... но дека нивната цел ... целта на иницијативата е да ги ослободат граѓаните од стравот да се бараат излезни решенија и дека патот кон излезните решенија треба да се бара во Европеизација на Македонија а не во Антиквизација и враќање во минатото ...
За крај како што е ред кога си во Штип, појдовме на по една пастрмајлија ... Да дојдиш во Штип а да не јадеш Пастрмајлија е греота ... е да, и на Жарко и на Коља му спомнав дека барем еден од уводничарите треба да говори за некакви излезни решенија ... да дадат малку светло во тунелот ... од дијагнози/критики веќе ни е преку глава ...
Со ова заврши мојата сторија за “Соросоидите“ во Штип ... Не, не говорев во Штип, бидејки несакав да им одземам од времето на штипјани ... јас за моите говори си го имам мојот блог ... архивата на моите “говори“ на овој блог брои нешто над 2500 написи каде често третирам слични теми ... Пробав реално да го одсликам она што го видов и слушнав ... се надевам дека не навредив некој од моите љубазни домаќини кои ме поканија и угостија таа вечер ...
- “Соросоидите“ во акција ... Концепт на етнички соживот и градење на права на граѓанинот е единствен.излез од полит.криза на МК ... 11 Февруари, 2009
- “Фабрика 3“ ... „Манифестот за европска Македонија“ ... „Граѓани за европска Македонија“ ... 6 Февруари, 2009
- Героски си отвори блог ... Слобода или ништо - ако ти е добро, тогаш ништо … 2 Февруари, 2009
8 comments:
Uste ti im falis i "sorosoidive" da stanat kako onie vo filmot "Sedumina velicestveni"....abe decko sto si go gubis vremeto badijala so ovie degenive......badijala im pravis reklama.....efekti od vakva tribina?...kako sto gledas nemaat resenie za "situacijava" tuku samo jadat go..a,....i pazi sega -celta na inicijativava e da gi oslobodat gragjanite od stravot da se baraat izlezni resenija i deka patot kon izleznite resenija treba da se bara vo Evropeizacija na Makedonija a ne vo Antikvazicija i vrakanje vo minatoto-.......e vakva filozovska glupost nemam procitano dolgo vreme,upsss pardon ja imam procitano kaj onoj tvojot Zarko
Ок си е твојот став, го почитувам ... но зошто си со покриен идентитет ... нели зборуваме дека треба да се ослободиме од стравот ... ??!
Dali ke ti bide dovolno deka sum egeec,imeto navistina ne bi trebalo da ti znaci mnogu...vo sekoj slucaj se cuvstvuvam malku po-onaka,mislam popozitivno posto sepak nekako odgovori na komentarov moj.A za stravot....daj ne me zezaj bogati.Nemoj ziti majka da se poistovetuvas so ovie "sorosoidive" gubis vo sekoj pogled a najvise u lepota.Pozdrav.
FOSIM е кратенка на англиски (Foundation Open Society Institute Macedonia). На македонски е ФИООМ (Фондација Институт отворено општество Македонија).
Развигор сосема си во право за примедбата ... но незнам дали сега да го корегирам текстот ... мислам не е потребно ... сепак дадов линк до организацијата ...
поздрав и имај убав ден, мада надвор е ѕивра ...
за анонимусот “егеецот“ како сам се нарече ... повторно не си ослободен од стравот ... реков тоа е твое право ...
лепота веќе не ми е битна, на моја возраст жените паѓаат само на новчаник - ако мислеше на жените и мојата лепота :)
Инаку, зборот „македоноид“ е првпат слушнат во владиното.. ова, во расистичкото видео кое е прикажувано на државната македонска телевизија. Препорачувам видеото да се гледа и со веста за помамата по „исцелителот“ Брацо во Скопје, како и клипот од „Шовинистичка фарса“.
Развигор, повторно си во право ... знаеш како е со меморијата кај постарите ... некако блиски ми беа двата настана ...
Post a Comment