Нашата економија е соочена со негативен трговски дефицит за безмалку 3 милијарди долари ... со ваква бројка искочи Државниот завод за статистика ...
Во услови на најголем буџет досега, ова е дамлаков меч за девизниот курс на динарот ... досега ова се сервисираше/ублажуваше со големиот нето девизен прилив од дознаки на граѓани кои достигнаа и до милијарда долари (на годишно ниво) во минатите години ... но во последно време имаме тренд на опаѓање на овој прилив ... остатокот делумно се ублажуваше со дознаките од странските инвестиции и девизните кредити ... во одредени моменти се вклучуваа на помош и девизните резерви ...
Деновиве и владата е свесна дека ке мора да изврши промени во буџетот ... веќе има сигнали дека приливите во буџетот се намалуваат т.е. нема да се остварат ... имаме пад на индустриското производство ... дека ке мора да се направи нов рестриктивен буџет ... но поради изборите веројатно - сето се остава за по изборите ... Гледаме дека се организираат многу тркалезни маси со учество на еминетни економски експерти ... Владата само собира мислења но сега засега не менува ништо од зацртаното ... смета дека не се потребни ни нови мерки за надминување на кризата ...
1 comment:
Значи ја однесоа Македонија во стечај.
Post a Comment