Search This Blog

Wednesday, February 25, 2009

Минатото или иднината ... изборна дилема ... немање/имање на демократски капацитет ...

На сите избори од осамостојувањето на Македонија до денеска имаме борба на два концепта ... на едне кој зборувајки за славното македонско минато, освојувајки симпатии на бирачите/електоратот на база на славното минато ... и на друг концепт кој зборува за иднината - за начинот како Македонија ке ги реши тековните проблеми во еконимијата - од која што сите живееме ...

читај повеќе »

Уште на почетокот на самостојноста на Македонија една од сегашните две доминантни партии одбра во името на својата партија да внесе за македонецот свети букви во своето име “ВМРО“, додавајки во името демократска додавка “ДПМНЕ“ ... и се прогласи за единствен наследник на политиките и залагањата на ВМРО ... Така минатото во сегашната македонска политичка арена влезе на голема врата ... На сите избори од првите до последните неопходно беше луѓето да се определуваат меѓу славното минато и визиите за иднината ...

На македонецот одсекогаш во неговата историја му се препишуваа одредени филства и согласно на нив разни поделби на: бугарофили, србофили, гркомани ... во поново време на тие поделби се додадоа нови: еврофили, македоноиди, соросоиди ... и незнам какви не други поделби ... На овие филства длабоко се подели македонското гласачко ткиво и се створија анимозитети до истребување ...

Наместо државната власт и главните партии да створат национален консезус по најбитните национални прашања - ние во овие 18 години самостојност имаме само нови поделби ... сето ова партиите го развија до толкава мерка што сите заборавија на основното кога се бира нова власт а тоа е - дали денеска со постоечката власт ни е подобро од кога дојдоа на власт или полошо ... во правец на решени или нерешени изборни ветувања ... но не за изградба на споменици, нови празници, музеи и незнам што - туку за вистинските и најпотребните нешта на секој граѓанин ... оние нешта од кои се живее ... противниците на ова се оние кои велат е што ке ми е живот кога ми го убиваат духот - без духот сум ништо ... не велам дека нивниот концепт/потреба не е исправен, само констатирам моментална ситуација ...

Оваа наша поделба и неслога ја користат сите наши комшии, да докажат во ЕУ и НАТО институциите дека Македонија не е зрела да се приклучи нити во НАТО нити во ЕУ ... дека нема демократски капацитет ... тоа е основниот и главниот мотив за кочењето на нашите ЕУ и НАТО интеграциски процеси - кои се засега единствениот консензус меѓу сите партии во Македонија ... да тука има консензус за потреба за влегување во ЕУ и НАТО - но нема консезус за начинот и патот како треба да влеземе во ЕУ и НАТО ... Едните сакаат да влезат со подигнати глави во овие институции а не со скршени кичми и наведнати глави (а кој не го сака тоа ...)... а другите се за правење на компромисни решенија за да влеземе во тие институции и отаму полесно да ги решаваме проблемите ...

На таа тема на начинот како треба да влеземе во ЕУ и НАТО - беше клучот на победата на последните парламентарни избори, каде Груевски и ВМРО-ДПМНЕ убедливо победија со концепт дека се и за минатото но и за иднината ... дека е за зачувување на името и идентитетот ... а ако веќе мора да се менува нешто во тој правец - не за било кој предлог ... да се праша народот на референдум ... така во тие ровови се закопа патот за решавање на проблемот со Грција која има други интереси и стравувања - поврзани со нивните стравови дека ке се повампират духовите од минатото и на нивната територија ке се освестат заспаните Македонци кои и така им прават проблеми преку Виножито и црковната општина на отец Царкњас ...

Грција ја користи позицијата што тие се внатре во тие организации, каде за најбитените прашања се решава со консензус ... тие институции не примаат нови челенови кои имаат отворени и нерешени прашања со други членови на тие институции ... колегијално/солидарно остануваат во одбрана на своите челенки ...

Отаму во последно време се погласни и побројни се ЕУ и НАТО скептиците ... кои велат што ке ни е таа “курвинска“ ЕУ, која итака ке се разпадне - која во историјата никојпат не застанала на наша страна ... картата се фрли во продлабочување на партнерството со САД - која пак има свои интереси и планови за ова подрачје ... која иако се залага да се реши нашиот проблем, но сепак на крајот вели дека ние и грците треба да го решиме проблемот, а тие ке го прифатат решението - што е многу слична/иста реторика како на ЕУ дипломатите ...

Потврда за сето ова имаме и во последното интервју на ЕУ дипломатите во Македонија каде во емисијата на Роберт Поповски “Х/О“ и дваицата дипломати (ЕУ и САД) искажаа мислење дека Македонија премногу забраздила во минатото и не го пронаоѓа патот во иднината ...

На сите овие критики Премиерот во своите последни изјави ке рече дека неговиот концепт не е поделба на македонците на незнак кави и онакви - дека за него не постои поделба на словенски и антички македонци, туку дека сите сме Македонци ... дека тој е и за минатото - но дека посветено работи 24/7 и за иднината ... сосема е друго представата дали во тоа работење/посветеност 24/7 има или нема резултати ... тој не убедува дека има - дека резултатите се видливи и евидентни и историско високи на сите полиња ...

Дали е тоа вистина или не, ке имаме можност да видиме на изборите кои се за месец дена ... народот е тој кој повторно ке пресудува дали му е добро со оваа власт или не му е баш така добро ... народот е тој кој дава легитимитет на избори - но и ги делегитимира политичарите и партиите кои ветиле а не исполниле ...

  1. Иванов ја прифати тактиката на ВмроДпмне ... “Автобус демократија“ ... нема соочувања со противниците ... 24 Февруари, 2009
  2. Манипулација со изборна анкета на ИРИ ... Кој ја нарачува и плаќа анкетата кај ИРИ ... 19 Февруари, 2009
  3. Лаже ли Груевски дека Владата не работи на случајот на забрана на абортусот - кој ја работи скриената камп.за забрана на аборт. ... 18 Февруари, 2009
  4. Зошто политичарот лаже на избори ... Зошто народот верува на лагите ... До кога ке им верива на оние кои веќе излажале ... 18 Февруари, 2009
  5. Останати постови поврзани со темата на претседателски избори ...

3 comments:

Anonymous said...

Izvini batka ama ti kako da ja nosis vodata na tvoja vodenica(sto e sepak za razbiranje).......Kao prvo narodot se podeli partiski,sto e sosema normalna pojava t.e. na levicari(bivsite komunisti)socijalistickite partii i tako dalje i desnicari,posebno vo post komunistickite drzavi(duri i vo Grcija go imame toj slucaj) pa i vo drugi evrop.drzavi,taka da tuka nema nisto negativno,vtoro,da kazes deka nekoj narod nema demokratski kapacitet - navistina e ludo,da ne upotrebam nekoj polos zbor,sepak imam malku respekt prema tebe....takvo nesto nema pravo ama bas nikoj na svetot,da kaze za nekogo(potencijalot za bilo sto nikogas ne isceznuva)....i toa ne e glavnoto za nevleguvanje vo toa NATO i EU siguren sum deka toa dobro go znaes,imeto srcka nisto drugo toa e problemot......a toa za kicmata skrsena,mislam deka tuka nema mesto za muabet....neli se plasele grcistava deka sme imale teritorijalni pretenzii......napravivme sve sto trebase i ne trebase,zname,ustavot go promenivme(se prasuvam samo koja li zemje bi go napravila ova) ete i na imeto Makedonija dodadovme Republika....i....rezultatot tapa,nula,zilc........i pazi sega biserot tvoj na biserite.....ke se povampirat duhovite od minatoto i na nivnata teritorija ke se osvestat zaspanite Makedonci koi i taka IM PRAVAT PTOBLEMI preku Vinozito...i drn,drn,drn......so ova navistina me iznenadi,imav do sega malku povisoko mislenje za tebe ama do tolku nisko da padnes i vakve glupost da napises najmalku ocekuvav......inace jas sum egeec.....pa covece bozji,valjda pamtis uste od koga imase vesti na grcki jazik na radio Skopje,od preku 30(trieset)godini tocno vo 13 casot se sekavas sigurno,posto blisku sme so godinite.A koga toa makedoncive vo grcija im pravele problem,zarem e problem da go baras ona osnovnoto....od "lulkata na demokratijata".....pa daj covece,vnimavaj sto pisuvas,se nadevam imas kicma,pa malku podispravija, ako ne drugo ke izgledas pokrupen,bidi mi pozdraven.

Photo Volan said...

демократскиот капацитет ни го мерат оние кои ги молиме за прием во нивните структури ... заради сомнежта дека имаме демократски капацитет ни наметнаа нов бенџмарк - мирни и слободни избори ...

Anonymous said...

I sto koga ke zavrsat izborive da receme mirno i "demokratski"(vo sto sum siguren),POVTORNO IMETO KE BIDE PROBLEM i nisto drugo batka a ona za bez kicmenjaci, pa takvi nazlost gi dal gospod i kaj nas a takvi baraat i onie koj ja merat demokratijata,demek ke gi dooformuvaat kako plastelin za "Evropska Makedonija".

Blog Archive

Site Meter