Приходната страна на буџетот на РМ особено за Февроари покажува намалување на дотокот на пари во буџетот ... иако е свесна за последиците од неуедначеноста на приходната и расходната страна во проекцијата на буџетот, Министерот за Финасии и Владата на РМ не ни помислуваат за ребаланс пред изборите ... Опозицијата и домашните економисти повикаа на итни мерки на штедење - склучување на нов аранжман со ММФ ... ММФ излезе истотака со проекција за итно штедење на расходната страна од буџетот и итно поскапување на струјата, за да се пополни буџетската дупка која се очекува ...
Владата молчи - брка работа, избори се ... се фрлаат лопати за објекти кои е свесна дека нема да ги заврши ... се бираат ректори за непостоечки Универзитети ... кастрењето на расходите го оставаат за по изборите - сега е време кога на гласачкото тело треба да му се даде дојам на идеалност ...
Каде ке штеди Владата по изборите ... кои ке бидат ставките од расходната страна кои нема да се остварат ...
- плати и пензии ке мора да се даваат - значи тука нема штедење ... но затоа нема да има реални покачувања - растот на цените кој ке доведува до остварувањето на приходната страна од буџетот - ке ги јаде покачувањата на платите кои се со проектирани ветувања ...
- веројатно ке одат во застој започнатите инвестициони проекти финасирани од буџетски средства - особено оние со големи капитални износи ...
- нови капитални инвестиции ... и тие се ставка на која може да се штеди ... но тогаш ке биде загрозена развојната компонента ...
- намалување на ветените субвенции ... можно ...
- би било најдобро кога државата би се позанимавала со рез во бројот на адмнистрацијата ... но тоа е практички нереално да се очекува ... во текот на изборниот процес и по изборите имаме секојпат обратен процес - зголемување на администрацијата ... барем досега ...
- веројатно ке се штеди на хонорарните соработници ... тука е пак замката на губење на свежината на работната сила ... вообичаено во хонорарните соработници има најквалитетна структура на работната сила ...
Веројатно е дека Владата ке се одлучи на покачување на цените кои таа ги контролира директно или ндиректно ... струјата на пример ... греењето ... комуналните трошоци ...
Некој мора да да го плати цехот ...
Опозицијата веќе предвидува дека сето ова најкасно до есен ке доведе до големи социјални немири - од кои како последица ке мора да попушти Владата ... или ке се распишат нови избори или варијанта на Влада со широка коалиција ... Дали тоа ке ги реши проблемите ... не, но други демократски методи нема ...
Спасот на оваа Влада е единствено да се случи чудо и да тргнат економските показатели нагоре ... Се вели дека се` е можно ... јас би сакал конечно да и тргне на Владата во економскиот сектор ... се` останото не е добро за никого - така сите ке изгубиме ...
- Топење на девизнире резерви ... !!? .. Владата најавува нови мерки по изборите ...
- Ламја буџет за 2009-та ... и во 2009-та ке се задолжуваме за пеглање на се` поголемиот дефицит ...
- Цената на нереагирањето ќе биде многу поголема отколку трошокот за каква било акција ...
- Годинава дефинитивно погребување на малото стопанство ... Граѓанинот, малите фирми со опростување станаа ем еб*ни им должни ...
- КАДЕ ОДИ МАКЕДОИЈА ... Работно време ... прегледи ... нов данок /такаса ... што е целта на сето ова ...
- Транзициона историја на малото стопанство ... на државата почна да не и чини народот/граѓаните ...
- Берзата тоне ... балканот во рецесија ... само МК економија мирува ?? ... “паре с`г су скупе ...“...
- Нешто смрди во светскиот банкарски систем ... Државен капитализам ... Државен социјализам ...
- Мириса на девалвација ... море смрди ...
- Партиски вработувања ... партизација на државата ...
- Денеска имаше два социјални протеста ... Кој тоа ги организира во време на избори ... Мала разлика на фебруарските походи ...
- Патот на Македонија ... во деновите потоа ...
- Просперитетна Македонија ...
- Одржлив развој ...
No comments:
Post a Comment