- во постот најпрвин ке прикажам слободни стари фотки од аквадуктот кои можат да се најдат на нет ...
- понатака ке ги прикажам новите фотки од аквадуктот кои се наоѓаат на нет ...
- ке прикажам и три ЈуТјуб видеа за аквадуктот ... толку има сега за сега ...
- ке прикажам како да го пронајдете аквадуктот ... преку обработена Гоогле снимка ...
- ке ја дадам точната локација користејки го Гоогле Мапс ...
- при крај во текстуалниот дел ке дадам спакувана приказна за аквадуктот од повеќе извори ...
- ке ги линкувам сите релевантни извори кои можат да се најдат на нет ... со краток извадок ...
- на крај во друг пост ке направм фото сторија само од мои фотки ... од старите кои веќе се снимени ...
- одвреме навреме ке го апдејтирам постот со нови интересни линкови кои во меѓувреме ке излезат ...
30-тите Аквадукт
30-тите Аквадукт
** АКВАДУКТ - Aqueduct ... како да го пронајдеш
- каде точно се наоѓа аквадуктот и
- како да дојдете до него
1. Аквадукт
2. Словенечка
3. Булевар Македонско Косовска Бригада
4. Јадранска Магистрала
5. Мовчето на Серава
6. Америчка Амбасада
7. Кале
8. Мустафа Пашина Џамија
9. Скупи - Археолошки локалитет
10. Касарна Маршал Тито (бивша) ... сега незнам како се вика
11. Железничка пруга кон Тетово и Косово
12. Тоопана
13. Склад Момин Поток
14. Хубо Маркет
15. Градски Парк
16. Топанско Поле
17. Визбегово
** Кликните тука за да го пронајдете Аквадуктот на maps.google.com ...
** Според едни, граден е во VI век за време на владеењето на Јустинијан за снабдување со вода на новиот град Јустинијана Прима, а според други во XV век, за време на владеењето на Иса-бег и Мустафа-паша.
- Во 1669 година патописецот д-р Браун запишал дека "аквадуктот е прекрасен стар објект, кој на ова место му носи голема почит".
- историчарите го цитирале и познатиот хроничар на владеењето на Јустинијан Прокопиј, според кого водоводот бил подигнат во периодот од 527 до 565 година.
- Се верува и дека поради сличноста со техниката на градење на аквадуктот со Куршумли - ан во Скопје, тој не потекнува од византискиот период, туку бил граден во XV век.
- бројот на неговите лаци: според некои тврдења нивниот број бил 200, па 60, а бројот од 55 лака е забележан и во Енциклопедијата на ликовните уметности објавена во Загреб во 1960 година.
- преку аквадуктот била спроведувана вода од изворот Лавовец во селото Глуво на Скопска Црна Гора, до "топџиската касарна", Мустафа-пашината џамија, до некогашниот турски уќумат, Куршумли -ан и Сија-беговата џамија.
** Според едни истражувачи тоа е римска а според други Византиска градба. Според овие мислења тој бил поврзан со градот Скупи и овозможувал да биде доведена вода од Скопска Црна Гора.
- сега со голема сигурност може да се тврди дека тој бил изграден во период на ропството под османлиите во 16 век, кога во Скопје се започнува со интензивно градење на амами и џамии, за чија градба и функционирање се потребни големи количества чиста вода.
- Водата била преку аквадуктот дотурана од каптирани извори во Скопска Црна Гора.
- податоците за создавањето на водоводот ги наоѓаме во вакафнамето на задужбината на Мустафа-паша датирано со 26.11.1514 година.
- еднокатни надземни водопроводи
- 55 свода кои се потпираат на масивни столбови со квадратна основа
- 42 отвори за олеснување на ѕидната маса
- 386 метри вкупната должинаСо примената на градежниот материјал со различен тоналитет постигната е извонредна живописност на објектот ...
** Леб и Сол имаше спот – но и други музички групи често го користат аквадуктот
** Синтезис минатата година имаше промотивен концерт ...
** Едно од седумте МК чуда ...
** Шест од десет анкетирани граѓани знаат дека во околината на Скопје постои аквадукт, но не знаат каде точно се наоѓа, ниту како да стигнат до него, покажа анкетата што „Време“ вчера ја направи меѓу скопјани.
- Од Туристичкиот сојуз на Скопје велат дека недостигот од пристапен и обележан пат до аквадуктот е главната причина зошто тој е заборавен од посетителите.
- Кога во 1986 година се подготвуваше туристичкиот водич за Скопје, комисијата што го изработуваше не сакаше во него да се опише аквадуктот. Тоа би било дезинформација затоа што туристите никогаш не ќе можат да го посетат поради непристапноста.
- Градското здружение на архитекти изработило проект за конзервација и за комерцијално заживување на просторот околу аквадуктот кој пред неколку години бил доставен до Конзерваторниот центар Скопје.
** Зошто имаше само 200 посетители на концертот - http://arheo.com.mk/
** Аквадукт & Синтезис - http://volanskopje.blog.com.mk/
- Аквадуктот е прекрасен готов археолошки локалитет - културен продукт кој нема адекватно место во туристичката понуда на Скопје поради вековната негрижа на Скопје за Аквадуктот ... Имено Авадуктот последен пат бил третиран по Скопскиот земјотрес ‘63-та - кога се поправени три свода и два столба кои паднале од земјотресот
- Самиот Аквадукт е на локација покрај касарната “Маршал Тито“ т.е. позади неа - према Качаник ... Од Патот за Приштина е едвај 150 метри ... дури на едно место и од самиот пат се гледа ... Сега ако сакате да појдете до Аквадуктот најдобро е да појдете по новата траса на Словенечка од Бутел-Чаир и кога ке дојдете до мовчето на Серава да свртите лево - по течението на Серава води едно “селско“ земјено патче, но сосема добро за нашите коли ... ке ве одведе до Аквадуктот.
- Проект за заживување на локалитетот - кој би опфаќал неколку фази:
- - Вадење на ситуација кој е сопственикот на имотот во близината на Аквадуктот ... Имотен лист за непосредната околина на Аквадуктот ...
- Проектно решавање на пристапниот пат до Аквадуктот ... Од Словенечка до Аквадуктот ...
- Под хитно поставување на табли со написи како да се дојде до Аквадуктот ... (тоа барем не кошта многу пари)
- Да се исчисти локалитетот од натрупаниот шут кој го има во изобилство околу локалитетот ...
- Најхитно да се направи дренажа на местот каде со децении се собира вода - веќе три столба се навалени и спремни за паѓање ... Од дренажата до Серава која е од порано одлично канализирана се неполни 70 метри ...
- Да се предвидат проектни содржини за заживување на локалитетот ... Озеленување на блиските површини и садење на садници високи и ниски ... Има можност за мал парк ...
- Во сето оваа целина да се доделат неколку локации за кафеани и кафиќи кои ке му дадат живот и душа на Аквадуктот ...
- Ако државата нема пари за сето ова нека направи меѓународен тендер и ке се најдат заинтересирани луѓе ... Капиталот брзо ке го препознае профитот од еден ваков локалитет ...
- Веројатно ке треба да се направи и некаква експропријација на приватните парцели наоколу ...
- Под хитно да се направи едно чешмиче со вода - зошто умревме за вода под толакв Аквадукт - на кого основна намена му е да носи квалитетна вода :)
- Од сето е најдобро што во околината на локалитетот нема ни една тврда градба - ни дива ни питома ...
- По можност од касарната да се преземе дел од територијата на касарната - во овој дел ... - ке дојде време кога целата касарна ке мора да се сели од ова место бидеји е очигледно, дека самата таа во целата површина е изградена на место кое со сигурност некогаш бил локалитет на старите скопјани ... Да подсетам во близина е Скупи - воздушно не повеќе од 250 метри ... во близината е Кале и трета точка е Аквадуктот ...
** ПО ИЗГРАДБАТА НА булеварот СЛОВЕНЕЧКА - Скопје ќе го види Аквадуктот ... Утрински ... 07 ноември 2006
- Општинските власти од Бутел ќе направат пешачки патеки околу споменикот и ќе постават и отворена сцена за културни манифестации
- општинските власти од Бутел моментно изработуваат проект за уредување на локацијата
Во негова близина ќе се постави монтажен објект во кој ќе се продаваат сувенири и промотивен материјал - Од Конзерваторскиот центар велат дека главно аквадуктот се наоѓа во добра состојба и оти не е неопходна темелна реконструкција. Според директорот Јани Антониев, најважно е прво да се направи пристапен пат до објектот и да се уреди неговата околина, а потоа да се размислува за евентуална реставрација.
- Проектот за конзервација веќе е изработен, но проблем се финансиите. Потребни се 30-40 милиони денари годишно само за да се активира работата на терен.
** 8 КОНЦЕРТИ ВО ПОДДРШКА НА ТРАДИЦИЈАТА – Прокредит Банка
** Мочуриште го голта римскиот аквадукт – Премин Портал ...
- Водата не е некој голем проблем, бидејќи се создава само по дожд и се повлекува по два-три дена, велат од скопскиот Центар за конзервација. Со вработените во касарната неколкупати правевме одводен канал за водата, но цевките секогаш се затнуваат со гранки и кал. Годинава ќе правиме сондажни истражувања на објектот и притоа ќе се обидеме да го средиме и мочуриштето - вели Антониев.
- Неколку столба од римскиот аквадукт во Бутел по секој поголем дожд до половина се во вода, која ги нагризува и ги оштетува. Веќе неколку години до Аквадуктот има мочуриште обраснато со треви, гранки и жабурници, чие ниво се покачува по врнежи.
- Според директорот Јани Антониев, за конзервација на Аквадуктот се потребни многу пари, кои Министерството за култура не може да ги обезбеди.
** Аквадуктот пренесувал вода од Скопска Црна Гора во Скопје - Вест ... Година: 8 Број:2399 Понеделник 6/16/2008
- надземен водовод преку кој се пренесувала вода од Скопска Црна Гора во Скопје.
- во 16 век кога биле градени амами и џамии ,за чие функционирање било потребно големо количество вода. Како градител на аквадуктот се споменува името на Мустафа-паша. Тој го изгардил аквадуктот за да ја премости долината на ова место и да пренесе вода од една страна на друга.
- до него нема пристап бидејќи ниту Министерството за култура,ниту Градот и Општина Бутел со години не сакаат да издвојат средства за асфалтирање на црниот пат што води до некогашниот водовод.
** Аквадуктот на виделина – Шпиц ...
- Скопскиот аквадукт, сега заборавен објект, би можел да стане туристичко-рекреативна зона на Скопје, ако се реализираат амбициозните планови на општината Бутел.
- побарала од градската управа во измените на Генералниот урбанистички план на Скопје да се предвиди зеленилото околу аквадуктот да се пренамени во градежна зона. Потоа општината ќе го измени Деталниот урбанистички план
- Спремни сме да ги платиме измените на ГУП. Бараме зелената површина околу аквадуктот да се урбанизира, односно да се пренамени во зона за домување, лесна индустрија и еден дел да добие туристичко-рекреативен третман. Потоа ќе знаеме дали земјиштето треба да се денационализира, а откако ќе ги решиме имотно-правните односи за таа локација, ќе може стручните лица да го конзервираат аквадуктот, а ние да го уредиме просторот околу него - вели Снежана Клинчарова, портпаролка на општина Бутел.
** СЛОВЕНЕЧКА - кратка историја за нејзината долга изградба ... Волан
** АКВАДУКТ - негрижа на надлежните (Фото досие “Бара“ ...) ... Волан
- уште на 28.12.1999 година градот скопје носи програма со која се одвојуваат пари за изградба на пристапен пат до Аквадуктот во износ од 2.000.000 денари тогашни цирка 65.000 марки германски или сегашни 33.000 евра ... Точка 3.13 од програмата на градот подпишана од председавачот на советот на град скопје Јове Кекеновски бр.09-2732/1 од 28.12.1999 година ...
- една фотка веќе прикажав и тука “жабац“ ...
** СЕ ПОДГОТВУВА ПРОЕКТ ЗА ЗАШТИТА НА СПОМЕНИКОТ НА КУЛТУРАТА - Бутел ќе го спасува аквадуктот ... Време 829, 04.09.2006
** ЗНАЧАЈНИОТ СПОМЕНИК ПРОПАЃА ПОРАДИ НЕГРИЖА - Мочуриште го голта римскиот аквадукт ... Дневник ...
** Серава ... ке се исчисти ... ке добие пешачка патека ... Волан ...
- - Течението на Серава ...
- - Старото течение на Серава ... Имено до земјотресот, црвениот дел од сликата беше старото течение на Серава, која (каналси...) преку Чаир и Стара Чаршија - одеше до МАНУ и тука се вливаше во Вардар ... Проектантите на Скопје го изменија течението на Серава ... тој дел стана колекторски систем за атмосферска и канализациона мрежа ... така да новото течение оди према Аквадуктот , ја обиколува Касарната Илинден, и покрај стовариштата во Момин Поток се влива во Вардар ...
- - Населба Радишани ...
- - Обиколницата ...
- - Градски Гробишта Бутел ...
- - Село Бутел ...
- - Населба Бутел 1 ...
- - Чаир ...
- - Касарна Илинден ... бовша Маршал Тито ...
- - Булевар Словенечка ...
- - Аквадуктот ...
- - Вардар ... местото каде сега се влева Серава ...
** Стара Серава кај Битпазар ... Вест
- нејзините извори се наоѓаат на скопското подрачје, односно на југозападните падини на Скопска Црна Гора. Но, тоа не е еден извор, туку дури пет.
- Најполноводна е Побушка река чии извори се и најдалеку во планината, а потоа минува крај селото Побожје.
- На исток од неа е рекичката Турчевска,
- а уште понаисток Љубанска рака, во која се влева Мала Река, во самото село Љубанци,
- а некаде под селото се соединуваат сите наброени реки и така ја сочинуваат Радишка река, така наречена зашто подолу минува низ селото Радишани.
- Овој букет од планински рекички ќе го надополни уште една мала река, а тоа е Љуботенска река, која минува низ истоименото село.
- Не многу по напуштањето на селото Радишани и неговата клисура, Радишка река ќе навлезе во рамното и плодно бутелско поле, ќе го промени името во Серава и така, сечејќи го уште и Топанско поле и Скопје, се влевала во Вардар, кај Новиот мост, близу хотелот Скопје, сега Холидеј Ин.
** Скопскиот аквадукт и војничката сага ... Кибицер ...
** Јас ли сум глуп? ... Помни ...
- „Завештанието на Иса-бег“ има слика од Аквадуктот а во текстот и буквално стои „...а се претпоставува дека (Иса-бег) го има изградено и таканаречениот римски аквадукт“.
- Сликите се преземени од цедето „Скопје низ фотографии“ во издание на Министерството за животна средина.
** Скопје од Спомени – Вестел .
** http://www.cdnh.edu.mk/Proekti/diplomski/akvedukt/istorija5.html ... 1
- На левиот агол од фотографијата (разгледницата), десно од турскиот натпис е напишано: "Pont en arche" што ќе рече "Мост со лакови", а под турскиот натпис е запишано: "Римски водовод".
- "По Скопје" на Н. В. Кусаковиќ, инеженер - капетан, кој во 1914 година истакна дека "... Еден од најстарите споменици во Скопје е и прочуениот скопски водовод, кој, според византискиот историчар Прокопиј, го ѕидал царот Јустинијан (565). Тој славен водовод го споменуваат патниците низ целиот среден век, и тој водовод и денес го снабдува Скопје со добра питка вода. Со водоводот е прифатен поток од северниот крај на Скопска Црна Гора, на 2,5 часа оддалеченост и на една четвртина час пред Скопје поминува преку една удолнина, на која, на римски начин, е изѕидан ред од сводови, преку кои минува каналот за Скопје. Такви сводови има повеќе од сто. Тие повеќето се од камен, ама се обновени во поново време. Столбовите на средината се високи 3,25 м, а дебели 2,25 м. Преку сводовите иде канал за вода, кој е широк 0,80 м. и е покриен." [1].
- [1] Н.В. Кусаковић инжењер - капетан. По Скопљу (са сликама и планом Скопља). Издање краљ. српске повлашћене књижаре Т.В. Кусаковића, Београд 1914, стр. 17- 18
- Меѓутоа, во колективниот труд од 1937 година "Водич низ Скопје и околината" можеме да прочитаме дека Јустинијановиот акведукт во поново време повеќепати бил поправуван и дека веќе не работи, бидејќи децидно е запишано: "... во полето се наоѓа една од најинтересните и ретки древности, рановизантискиот Водовод. По овој акведукт водата доаѓа од Скопска Црна Гора за денешно Скопје, на чие место византискиот цар Јустинијан го подигнал градот Јустинијана Прима. Дали овој водовод е Јустинијанов или подоцнежен, не е утврдено. Во секој случај настанал по големиот земјотрес од 518 г. по Хр. p., a ден -денес се видливи неговите 55 лакови од тула, на квадратни бази од камен и тула. Водоводот на едно место прави колено и често е поправуван, за што сведочат не само заѕиданите антички остатоци со латински натписи, туку и турските додатоци. Денес водоводот не работи." [2].
- 2] Dr Aleksije Jelačić, Dr Franse Mesesnel, Dr Atanasije Urošević, Vodić kroz Skoplje i okolinu sa 70 slika i jednim planom Skoplja, Izdanje gradskog poglavarstva, Skoplje 1937, str. 76
- Парадоксално е што дури и во 1960 година во Енциклопедијата на ликовните уметности од Загреб е наведено дека акведуктот наводно има 55 сводови наместо 54 [3]. Истата грешка ја направиле и Надежда Катаниќ и инж. Милан Гојковиќ во 1961 година кога на стр. 281 од цитираниот труд тврделе дека "...Денес акведуктот кај Скопје е огромна градба со 55 поголеми отвори и 28 олеснувачки отвори" [4].
- [3] Акведукти, Енциклопедија ликовних умјетности -књ. I, Загреб 1960, стр. 37
- [4] Надежда Катанић, инж. Милан Гојковић, Акведукт код Скопља, н.д., стр. 281
** http://www.cdnh.edu.mk/Proekti/diplomski/akvedukt/istorija2.html
- Денес знаеме дека на растојание околу 2,5 км од Горни град на Скопската тврдина, покрај патот Скопје - Качаник, на препреката меѓу Долни Рид кај Визбегово и ридот ”Градиште” во Скопје, за време на големата урбанизација на Прима Јустинијана во 527 - 535 година или, според Прокопиј Кесариски, во периодот 527 - 554 година е изграден импозантниот Јустинијанов акведукт, кој го снабдувал Горниот и Долниот град на славната и надалеку познатата Јустинијана Прима со "...непресушни води" [1].
- [1] Procopii Caesariensis, Opera omnia, Recognovit Iacubus Haury, н.д., стр. 102 -103
- Каптажата на Јустинијановиот водовот, според англискиот археолог Артур Џон Еванс, е изворот "Лавовац" кај селото Глуха (Глувово) на планината Карадаг (Скопска Црна Гора) [2], а, според Светозар Томиќ, е изворот наречен "Лаоац" или "Лавовец," во селото Глуово или Глуво во Скопска Црна Гора [3] и се протега во должина од околу 7,5 км од Бразда до Касарната, според Надежда Катаниќ и инж. Милан Гојковиќ [4]. На трасата на Јустинијановиот водовод се наоѓа Јустинијановиот акведукт, кој, според досегашните тврдења е долг околу 385,8 м [5] и, според последната стручна констатација што ја направивме од снимањата на лице место во 2001 - 2005 година, овој уникатен споменик на културата во својата архитектонска композиција во правец север - југ содржи две пристапни рампи, 53 столбови, 54 основни и 42 помали сводови на затекнатите олеснувачки затворени и отворени отвори над столбовите, а вкупната развиена должина на споменикот на културата изнесува 387,98 м со висинска кота на Јужната рампа 279,46 м и на Северната рампа 280,485 м или со денивелација од 1,025м во постојната состојба. Преодолевајќи им на сите временски и други непогоди, овој грандиозен споменик на културата, инженерската просветеност и генијалноста на човековиот ум и ден - денес со својата монументалност, симболика, степен на зачуваност, поливалентна конотација, семантика во просторот итн. предизвикува восхит кај секој посетител.
-
[2] Artur John Evans, F.S.A., I. -Antiquarian Researches in Illiricum, III, and IV, Read March 8, 1883, and March 20 1884, Archeologia: or, Missellaneous Tracts, relating to Antiquity, Published by the Society of Antiquaries of London, 1885, стр. 149
[3] Светозар Томић, Скопска Црна Гора, СЕЗ, Насеља, књ. Ill, Београд 1905, стр. 423 и 424
[4] Надежда Катанић, инж. Милан Гојковић, Акведукт код Скопља, План I, II, III и IV, Грађа за проучавање старих камених мостова и акведуката у Србији, Македонији и Црној Гори, Савезни институт за заштиту споменика културе, Београд, 1961, стр. 281 и 286
[5] Milan Gojković, Stari kameni mostovi, Anatomija, Patologija, Zašita, Sanacija, Konzervacija, "Naučna Knjiga", Beograd 1989, стр.17; Надежда Катаниќ, инж. Милан Гојковић, Акведукт код Скопља, План I, II, III и IV, н.д., стр. 280 - 296
** http://www.cdnh.edu.mk/Proekti/diplomski/akvedukt/istorija5.html
- На колор фотографија (разгледница) од 1902 - 1905 година се опфатени околу 40 основни сводови и повеќе засводени олеснувачки отвори над столбовите од кои најмалку 8 се со тимпанони, а над нив по целокупната должина на акведуктот е регистриран венец и над него западниот челен ѕид на водоводниот канал. На левиот агол од фотографијата (разгледницата), десно од турскиот натпис е напишано: "Pont en arche" што ќе рече "Мост со лакови", а под турскиот натпис е запишано: "Римски водовод".
- Драгоцени податоци за Јустинијановиот акведукт наоѓаме во водичот "По Скопје" на Н. В. Кусаковиќ, инеженер - капетан, кој во 1914 година истакна дека "... Еден од најстарите споменици во Скопје е и прочуениот скопски водовод, кој, според византискиот историчар Прокопиј, го ѕидал царот Јустинијан (565). Тој славен водовод го споменуваат патниците низ целиот среден век, и тој водовод и денес го снабдува Скопје со добра питка вода. Со водоводот е прифатен поток од северниот крај на Скопска Црна Гора, на 2,5 часа оддалеченост и на една четвртина час пред Скопје поминува преку една удолнина, на која, на римски начин, е изѕидан ред од сводови, преку кои минува каналот за Скопје. Такви сводови има повеќе од сто. Тие повеќето се од камен, ама се обновени во поново време. Столбовите на средината се високи 3,25 м, а дебели 2,25 м. Преку сводовите иде канал за вода, кој е широк 0,80 м. и е покриен." [1].
- [1] Н.В. Кусаковић инжењер - капетан. По Скопљу (са сликама и планом Скопља). Издање краљ. српске повлашћене књижаре Т.В. Кусаковића, Београд 1914, стр. 17- 18
- Меѓутоа, во колективниот труд од 1937 година "Водич низ Скопје и околината" можеме да прочитаме дека Јустинијановиот акведукт во поново време повеќепати бил поправуван и дека веќе не работи, бидејќи децидно е запишано: "... во полето се наоѓа една од најинтересните и ретки древности, рановизантискиот Водовод. По овој акведукт водата доаѓа од Скопска Црна Гора за денешно Скопје, на чие место византискиот цар Јустинијан го подигнал градот Јустинијана Прима. Дали овој водовод е Јустинијанов или подоцнежен, не е утврдено. Во секој случај настанал по големиот земјотрес од 518 г. по Хр. p., a ден -денес се видливи неговите 55 лакови од тула, на квадратни бази од камен и тула. Водоводот на едно место прави колено и често е поправуван, за што сведочат не само заѕиданите антички остатоци со латински натписи, туку и турските додатоци. Денес водоводот не работи." [2].
- [2] Dr Aleksije Jelačić, Dr Franse Mesesnel, Dr Atanasije Urošević, Vodić kroz Skoplje i okolinu sa 70 slika i jednim planom Skoplja, Izdanje gradskog poglavarstva, Skoplje 1937, str. 76
- Парадоксално е што дури и во 1960 година во Енциклопедијата на ликовните уметности од Загреб е наведено дека акведуктот наводно има 55 сводови наместо 54 [3]. Истата грешка ја направиле и Надежда Катаниќ и инж. Милан Гојковиќ во 1961 година кога на стр. 281 од цитираниот труд тврделе дека "...Денес акведуктот кај Скопје е огромна градба со 55 поголеми отвори и 28 олеснувачки отвори" [4].
-
[3] Акведукти, Енциклопедија ликовних умјетности -књ. I, Загреб 1960, стр. 37
[4] Надежда Катанић, инж. Милан Гојковић, Акведукт код Скопља, н.д., стр. 281
** ВРЕМЕ: Скопскиот аквадукт заробен во римско ... НетПрес ... 10.09.2008
- Водоводниот систем од камен и од тули, од некогашните 200 лака, денес брои само 55 лака, а повеќето од нив имаат огромни дупки на местата од каде се краделе камења или пак со текот на времето се одронил градежниот материјал.
- Објектот со години наназад стои обраснат во трева и бодливи растенија, но најсериозен проблем е барата која се создаде околу еден дел од аквадуктот и предизвика искривување на неколку лакови.
- Националниот конзерваторски центар најавуваат археолошки истражувања на теренот, а истовремено ќе се бараат и средства за да се отстрани водата која понира од земјиштето.
- - Деновиве ќе почнеме со сондажни истражувања околу аквадуктот, кои ќе бидат сконцентрирани на крајниот дел од објектот каде што имало чешми. Постои и проект за конзервација на објектот, за чија целосна реализација ќе треба да се бараат средства од државата и од донатори. Во план е да се направи и дренажа за истекување на водата - вели Јани Антониев, директор на Националниот конзерваторски центар.
- аквадуктот како лого го користи јавното претпријатие „Водовод и канализација“, а Општина Бутел го има на својот грб,
** Аквадуктот - едно од скопските чуда ... Данило КОЦЕВСКИ
- Системите за спроведување на водата биле познати многу одамна, а особено се усовршиле во римското време, како и во рановизантискиот период. Тие се познати на Блискиот Исток, Средоземјето и Африка (Картагина), но и во Европа. Не само што имале практична функција, туку според својата архитектонска естетика тие оставиле траен белег во културната историја на многу земји. Скопскиот аквадукт, или водовод, спаѓа во ретките споменици од тој вид кои пленуваат со својата убавина, начинот на кој се изградени и исклучителната архитектонско-естетска вкомпонираност во просторот. Овие свои карактеристики тој успеал да ги сочува до денес и сè уште одушевува.
- Тони Манџуковски кој ја меша фикцијата и стварноста (роден е во Визбегово), а кој во 2005 г. ја објави и книгата Аквадукт. ... ... Во неа тој вели: “Првиот аквадукт воопшто во светот е изграден во Анадолија, 790 години пред раѓањето на Исус. Денес во Европа ги има околу дваесетина. На Балканот се останати неколку, меѓу нив и аквадуктот крај Скопје”.
- Скопскиот аквадукт, познат и како “римски”, тоа свое име не го добил случајно. Една од претпоставките е дека го граделе Римјаните за потребите на градот Скупи. Постои и еден помалку познат податок дека на еден од столбовите на водоводот некогаш била вградена мраморна плоча со римски натпис која, за жал, исчезнала со текот на времето.
- Сепак, според неговата местоположба, поверојатна е претпоставката дека аквадуктот е подигнат во времето на Јустинијан и тој се поврзува со подигањето на рановизантискиот град Јустинијана Прима. Хроничарот Прокопиј зборува дека царот, покрај другото, изградил водовод и градот го снабдил со изобилство вода. Станува збор за 6 век од нашата ера.
- постојат и сосема спротивни тврдења, односно дека водоводот е изграден во турскиот период, а со него се поврзуваат и имињата на конкретни градители. Најопсежните истражувања кај нас за водоводот досега ги има направено професорот Константин Петров.
- во некои записи се спомнуваат имињата на места и села во Скопска Црна Гора од каде што водата се спроведувала до Скопје. Тоа се, пред сè, селата Глуво и Бразда (под селото Бањани и црквата Свети Никита). Местото од каде што извирала водата се нарекувало Лаовец, а во турскиот период постоела и мала зградичка (каптажа) која го заштитувала изворот. Ако и денес поминете низ селата Бразда и Глуво, ќе забележите интересна хидрографија, рекички од кои некои се спојуваат и продолжуваат долу, кон низината.
- Како можни градители во турскиот период се спомнуваат неколку имиња, и тоа: Иса-бег (заповедник на војската кон средината на 15 век), Мустафа-паша (висок турски великодостојник од крајот на 15. и почетокот на 16 век, починал 1515 г.), како и владетелот на скопскиот пашалак (прва половина на 19 век), Авзи-паша познат по своите конаци во селото Бардовци.
- Од сиве овие варијанти, како најприфатлива се изделува онаа што го спомнува Мустафа-паша (ктиторот на истоимената скопска џамија) како можен градител на аквадуктот. А тоа не е случајно. Скопје, од крајот на петнаесеттиот и во шеснаесеттиот век го доживува својот најголем економски подем. Се градат многу анови, амами, шедрвани (првите облици на денешните фонтани), јавни и приватни чешми, за што било потребно изобилство од вода. Тогаш градот и урбанистички растел и се возобновувал. Самиот скопски аквадукт завршувал токму пред тврдината Кале и Мустафа-пашина џамија каде што постол голем шедрван. И според поновите археолошки наоди (при расчистувањето на теренот за изградба на новата Американска амбасада) во близина била неговата крајна дестинација.
- Англискиот археолог Артур Еванс велел дека има околу 120 столбови. Англискиот патописец Браун (кој извонредно вешто го нацртал) тврдел дека има 200 столбови, а истиот број го наведувал и Германецот Ј.Г. Хан. Еден научник којшто го анализирал водоводот во 1900 г. вели дека тој има 54 сводови или лакови. Се смета дека кај 17-тиот столб сводовите се највисоки, зашто токму тука теренот е најнизок, а вдлабнувањето најголемо. Таа височина ì обезбедувала нормален проток на водата. Во денешната научна литература прифатено е дека тој е изграден од камен и тули и дека има 55 лакови.
- Овој пеиод на интензивна изградба ќе биде крунисан со уште еден импозантен објект од комуналната сфера. Станува збор за водоводот од подземни керамички цевки преку кој Скопје веќе во почетокот на XVI век ќе започне да се снабдува со вода од планинските извори на Скопска Црна Гора, поточно од изворот Лаовец. Изградбата на водоводот ја финансирал Мустафа-паша, кој одредил и средства за неговото постојано одржување. Во рамките на водоводната мрежа во близина на Скопје ќе биде изграден аквадукт - импозантна градба од камен и тули, која ја сочинуваат 55 сводови, изградени во стилот на познатите исламски градби од тој период.
Изградбата на водоводот директно придонесува за изградбата на голем број чешми и шадрвари во тогашно Скопје и во неговата чаршија кои, како и на сите други типично турски градови, претставувале една од главните карактеристики на градот. Покрај тоа што чешми и шадрвани биле градени по куќите и во јавните објекти (ановите, амамите, карван - сараите, џамиите и медресите), во Скопје имало голем број јавни чешми од кои со водс се снабдувало поголемиот дел на населението. Изградбата на чешми во Скопје била најинтензивна кон крајот на XV и во XVI век, а биле градени и подоцна, но во значително помала мера. Од многубројните чешми што биле изградени во Скопје, од кои денес не постои ниедна, како најпознати се споменуваат: Алаџа чешма, Капан чешма, Соук чешма, Демирџи чешма, Рифаи чешма, Адем Баба чешма, Кури чешма, Иса-бег чешма, Лонџа чешма, Јахја чешма, Ајдар Баба чешма, Алти Ајак чешма, Табаклар чешма, Меддах чешма, Хаџи Галиб-бег чешма, Хаџи Семка-бег чешма, Фарфара чешма, Оруч-паша чешма, Хаџи Рауф чешма, Гази Касим чешма, Дуќанџик чешма, чешмата на Гази Ментеш маало, чешмата на бојаџиски мајданлак и чешмата пред тврдината Кале. Од овие чешми повеќето се наоѓале во Чаршијата, а за нивното одржување се грижеле луѓе специјално ангажирани за таа цел - чешмаџии.
Сето ова недвосмислено говори дека на крајот на XV век - кој представува период на најинтензивна изградба на исламски сакрални и профани објекти во целокупниот период на турското владеење во Македонија - Скопје, веќе претставува развиен град изграден според ориенталните урбанистички принципи, односно типичен ориентален турски град со оформена типична ориентално-балканска чаршија, составена од Безистен, како централен стопански објект, голем број анови, амами, карван-сараи и џамии и со веќе разгранет систем на разновидни дуќани и работилници. Скопје се претвора во многу значаен трговски и занаетчиски центар, во кој се почесто се среќаваат трговци и патници дури и од најдалечни места - Арапи, Евреи, Ерменци, Грци, Дубровчани, Венецијанци и др. Во Скопје како и во другите поголеми градови на Македонија, во тој период се населуваат голем број Евреи од Шпанија и од Португалија, кои формираат своја колонија, која ќе одигра важна улога во развојот на трговијата на градот. Веќе во 1544 година еврејската колонија во Скопје ја сочинуваат 38 семејства.
** ПОРАДИ АДМИНИСТРАТИВНИ ПРЕЧКИ - Цела деценија е потребна да се изгради пат до аквадуктот ... Време ... број 1233, 26.11.2007
** СПОРЕД ТУРИСТИЧКИТЕ ВОДИЧИ - Непристапноста главна пречка за промоција на аквадуктот ... Време, број 843, 20.09.2006
** Zdravo, jas sum Aleksandar Petrushevski, diplomiran inziner po informatika.
Bidejki diplomirav pred dva meseca a diplomskata mi beshe so naslov:
"Skopski Akvedukt - multimedijalna prezentacija",
se nadevam deka kje vi bide interesno da odvoite pet minuti da go zirnete sajtot, poshto gledam deka ste upaten vo temava, eve adresa:
http://www.cdnh.edu.mk/Proekti
I slobodno preporachajte ja na zainteresiranite i postavete go linkot do sajtot na vashite blogovi...
** Аквадукт - Скопје некогаш и сега
**
No comments:
Post a Comment