Search This Blog

Saturday, February 21, 2009

Што до сега е остварено од “Планот за контра мерки за ветото на Грција ...“ ...

http://www.vecer.com.mk/WBStorage/Articles/415E96D466C5B64E80CE323805116BF3.jpg http://www.vecer.com.mk/WBStorage/Articles/ACF580992814524E962D9D2EB1966BF1.jpg http://www.vecer.com.mk/WBStorage/Articles/A0773235245DB0489C5294769BEA351A.jpg

Ставајки ги линковите на предходниот пост - Досие за спорот со името ... околу националниот идентитет ... околу интеграцијата во ЕУ и НАТО ... налетав на еден пост од пред година дена - Контра-мерки ... за името :

Имено на вестите на Сител ни беше соопштен план за евентуалните контрамерки кои би ги преземала МК - воклку Грција навистина стави вето за приемот на НАТО:

читај повеќе »

  1. Македонија официјално ќе ја прекине времената спогодба и нејзината важност ќе престане да постои, како и
  2. ќе се прекинат сите разговри и преговори за името со Грција и со било кого доколку Грција стави вето на приемот на Македонија во НАТО.
  3. Македонија, како што објави Сител, ќе упати и официјално барање до ОН за признавање под уставното име и ќе започне процедура за тоа. За таа намена Македонија ќе се обрати до Советот за безбедност или до Генералното собрание, или пак до двете институции доколу оцени дека така е најдобро.
  4. Македонија ќе се организира рефередум за задржување на уставното име на кој сите граѓаните би излегле да гласаат со цел да му биде оневозможено да помисли за промена на уставното име на земјава како опција на било кој сегашен и иден политичар на вискоа финкција.
  5. ќе се започне и процедура за враќање на старото знаме имајќи во предвид дека промената на знамето не придонела за намалување на проблемот со името, а се очекува оваа идеа да биде прифатена бидејќи и Македонците и Албанците имаат пиетет кон Александар Велики и го чувствуваат за свој, нагласува Сител.
  6. ќе започне и процедура за враќање на уставните амандмани кои во 1992 година беа укинати за да се одоброволи Грција,
  7. ќе се започне и со правната постапка за малцинското прашање на Македонците во Грција, како и за имотните прашања на Македонците со потекло од егејскиот дел на Македонија.
  8. враќање на испраѓачот на на целокупната пошта која ќе биде испратена со референцата ПЈРМ (ФИРОМ) или Поранешна југословенска република Македонија, со назнака дека таква земја не постои и дека поштата залутала во Република Македонија.
  9. стотици улици, патишта, згради, стадиони, спортски сали и плоштади ќе бидат преименувани и ќе ги носта имињата на големите македонски личности од античкиот период и оти ќе се изградат голем број нивни споменици во повеќе градови, а ќе се преименуваат и повеќе села и градови.
  10. трасата Табановце-Богородица од коридорот 10 ќе се именува како автопат Александар Македонски, а новиот аеродром во Штип ќе се вика Филип Втори.
  11. ќе се подигне нивото на комуникација и ќе се воспостават поблиски релации со Северен Кипар и оти ќе продолжи зајакнувањето на сојузништвото со САД и Турција,
  12. дека ќе има обележја од македонската антика на дресовите на македонските спротисти и репрезентации.

Од денешна перспектива (година дена потоа) - гледаме дека овој план кој го објави Сител, воопшто не бил само празно зборување, особено за некои точки ... да видиме што од овој план се оствари, бидејки можеби немаше вето на самитот на НАТО во Букурешт, како што вели Шефер од изјавата дадена деновиве ... но секако немаше консезус и Македонија не беше примена во НАТО ... т.е. не доби покана да биде примена ...

  • точката 10 е потполно остварена - преименуван е коридорот 10 Табановце-Богородица, како автопат Александар Македонски, а новиот аеродром во Штип се вика Филип Втори - додуша уште не е почната неговата изградба ...
  • точката 9 е скоро во стопроцентност остварена - што значеше и забрзан процес на антиквизација и букефализација на Македонија ...
  • точката седум е започната ... се донесе декларација во собранието ... се отори прашањето кај повеќе мегународни авторитети и организации ... дури и Нимиц беше запознаен ... Груевски пиша писма до сите релевантни авторитети, ООН, НАТО, ЕУ, му се обрати со писмо и на Караманлис ... се дава организирана правна помош за поединечни тужби за враќање на имотот во Грција ...
  • наместо да се прекине разговорите за името - Македонија се одлучи за тужба пред судот во ХАГ ...
  • по сите останати точки нема видливи поместувања ...

2 comments:

Anonymous said...

Jako interesno....

Photo Volan said...

интересно нема што - која на ред е следна мерка за исполнување ... од сител планот де ...

Blog Archive

Site Meter