Во минатиот пост - Во концептот на Бруто Плата - државата се однесува како Лихвар ... ја начнав темата на однесување на државата према своите граѓани/поданици како лихвар према своите комитенти ...
Во сите закони каде се определуваат обврските на граѓанинот/фирмата спрема државата има вакви клаузули:
- на пример во концептот за бруто плата, целата плата и платата и придонесите мора да се исплатат до десети во идниот месец во спротивно следува казна/пенали 0.05 проценти дневно до денот на исплатата ... еве за пример треба да платиш придонес за здравство 1.200,00 денари ... ти касни платата 30 дена ... тоа повлекува казна 0,60 дени ... на прв поглед не е голема сума ке речете но на ова може да уследи тужба која повлекува судски трошоци од цирка 3.000,00 денари ... и не си ги платил плус 5.000,00 трошоци за извршителот ... плус глоба за фирмата до 5.000 евра ...
- слично се однесува и во случајот на неплаќање на радидифузната такса да речеме ... неа колку што сум информиран никој не ја плаќа но државата кого стигне го тужи и преку извршител го наплатува долгот ... ова особено е популарно во наплата на вакви казни кај малите фирми ...
- тие исти мали фирми се оптеретени и со фирмарини ... кој нема пари да ги плати - државата ги наплатува преку суд и извршител ...
- да не набројувам и други случаеви ...
- заради ваквиот концепт толку многу се намножија извршители ... ... Маневски штанца иљадници лиценци и свечено им ги доделува со медиумска помпа ...
- сите медиуми кои пишуваат/говорат за вакви теми се ставаат на црни листи ...
Во услови кога економијата е на колена под притисок на светската финасиска и се повеќе економска криза не е мудро вакво ригорозно казнување/дисциплинирање на народот ... кој последните неколку години се наметна и со огромни казни за било каков граѓански прекршок ... да подсетам имаме 30 процентна невработеност ... процентот на сиромаштија никој не го мери ... моја предпоставка е дека сиромашни и на раб/и под раб на егзистанција е 60 проценти од народот ...
Сето ова ке доведе до блокирање на економските текови во државата и до граѓанска непослушност и немири ... сето предизвикано поради социјалното раслојување на малкумина енормно богати и сите останати сиромаштија ... Да подсетам и бунтот на албанците се завитка во социјална обланда и им успеја ... иако, ако ги гледаме бројките во најзагрозената популација пронценто повторно и сега најзагрозени се албанците, поради нивната послаба наобразба ...
Сега имаме ситуација дваица вработени да мораат да работат за еден пензионер и еден административен работник ... тој намет не бил ни во турско ... државата се однесува прилично лагодно со државната администрација ... која од година на година се зголемува, иако бројот на вработени стагнира или е во сосема благ пораст ... реформа во државната администрација и нејзино намалување не видовме во сите овие транзициски години каде над 300.000 граѓани останаа без работа а со тоа станаа и социјални случаеви ...
Државата поради својата лакомост сама ке предизвика социјални немири ... секако и поради оградувањето од тоа дека барање работа за невработените не е обврска на државата ... Во услови на толкав број на невработени и огромен број на сиромаштија државата и те како треба да биде обврзана да најде начин како нејзините граѓани треба да најдат работа ... во спротивно социјалните немири сами се наметнуваат ...
- Во концептот на Бруто Плата - државата се однесува како Лихвар ... 7 Февруари, 2009
- Фалименто ... повторно на сцена ... лихварството одсекогаш било во мода ... 22 Септември, 2008
No comments:
Post a Comment