Си велите која е поврзаноста на Македонија со “кубанскиот начин“ на гласање ... е има де ... се практикува и кај нас - каде за миленикот/фаворотот на власта/лидерот на владеачката партија - сите насмејано гласаат до еден и тоа јавно ... се разбира за таквиот кандидат ...
Нешто такво имавме кога јавно се предлагаше кандидатот за Претседател во ВмроДпмне ... сите поитаа да дадат јавна подршка за миленикот на лидерот ... се потпиша повеќе од пола Влада на РМ ... поголем дел од ИК на ВмроДпмне ... се потпишуваа угледни професори, ректори, членови на академијата на науки и незнам кој се друг не ... Слична процедура имало и за една од најмоќните фигури/функции во судската власт ... за Председател на Судскиот совет на предлог на самиот кандидат, кој потоа сам за себе и си гласал - гласале јавно сите до еден, сите членови на судскиот совет ... да, тука е задржан и рамковниот пристап, за потпретседател истовремено едногласно е избран Албанец ...
Ширењето на сите приказни дека судот т.е. Судскиот совет е независно тело паѓа во вода - Сегашниот Председател на Судскиот совет Васил Грчев е бивш градоначелник на Струмица (избран со помош на ВмроДпмне) ... набрзина поминал многу скалила во судството, некои прескокнувајки ги, за да преку Врховниот суд - влезе и во Судскиот совет, каде сега нели е на пиедесталот ...
Само пред некој месец имавме слична “кубанска процедурата за избор“ на уште една фунција во судството - каде набрзина беа рипнати истотака многу скалила ...
Према изразувањето на незадоволството од високите кругови на ВмроДпмне кон Уставниот суд, останува по избор на Претседател на РМ да се освои и тој судски бастион ... тогаш целото судство ке биде жолто “обоено“ ...
Оние кои ни ги оценуваат реформите во судството - мислете не го гледаат и не препознаваат ова ... самите себе си се лажеме дека правиме судси реформи .. позади сите таканаречени реформи во Транзициска Македонија па и порано секојпат стои партијата на власт ...
Толку од демократскиот амбиент и независтноста на судот ...
1 comment:
Е, да, гласаа и некои луѓе така околу мене што ги знам, си го дале потписот за Иванов, па по саат - два ги слушам како нагаѓаа кој и што бил господинот Инанов. Ма ме Куба, Тунгузија.
Post a Comment