Search This Blog

Monday, February 02, 2009

Героски си отвори блог ... Слобода или ништо - ако ти е добро, тогаш ништо …

http://geroski.mk/wp-content/themes/blue-zinfandel-3column/images/Branko-geroski-photo.jpg

Ете доживеавме и тоа да се случи - на домашната блог сцена. еден од подобрите МК новинарски пера да си отвори блог. Героски го знаеме како еден од оснивачите и сопствениците на Дневник ... својот дел го продаде на ВАЦ, веројатно опарувајки се од продажбата ... потоа го оснива т.е. работеше како Уредник во Шпиц, првиот бесплатен дневен весник во Македонија ... Героски е еден од најстарите/најквалитетните колумнисти во Македонија ...

читај повеќе »

Но еве сега, откога на некој начин му “удри клоца“ сопственикот на Шпиц, додека не му текне некоја друга попрофитабилна идеја Героски се решил да си отвори блог ... се разбира на своја платформа - “Слобода или ништо - ако ти е добро, тогаш ништо“ …

Гарантирам дека ова ке биде еден од подобрите блогови на кои вреди да се оди ... би сакал Героски да “повлече нога“ и уште некои други новинарски пера да отворат блогови, макар и анонимно ... така ке се добие на тежина во МК блогосфера ... доста е блогирање од аматери - како мене на пример ... школован и докажан новинар тоа е она вистинското ...

Да погледнеме малку во Блогот на Героски, како тој си го замислил ...

  • Скоро сум сигурен дека блогира на Ворлд прес платформа ...
  • Платформата супер му изгледа, не е чудо Вуната да му ја правел ... (едит) - подготвена/адаптирана од Darko156
  • На левата колона под сликата има линк “За мене“ ... каде ја има кратката биографија на Героски:
    - Роден сум во 1962 година во Гостивар.
    - Во 1985 година дипломирав на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје.
    - Од 1984 до 1996 година работев како новинар во повеќе македонски весници: „Остен“, „Нова Македонија“, „Комунист“ и „Вечер“.
    - Заедно со група новинари од мојата генерација, во 1996 година го основав „Дневник“, првиот независен дневен весник во Македонија.
    - Од 1996 до 2004 година бев главен уредник на „Дневник“, а потоа уредник-коментатор во весникот.
    - Во 2005 година го основав „Неделно време“, а
    - во 2006 година го покренав „Шпиц“, првиот бесплатен весник во Македонија, чиј главен уредник бев до 2008 година. Сега сум колумнист во овој весник.
    - Со обука и тренинг на млади новинари се занимавам од 1996 година.
    - Во 2001 година бев еден од основачите и предавач на Летната школа на Факултетот за новинарство во Скопје.
    - Од 2004 до 2008 година бев тренер на Едногодишната школа за новинарство на Македонскиот институт за медиуми.
    - Во 2008 година ЕШН прерасна во Висока школа за новинарство и за односи со јавноста, каде што во моментот сум ангажиран во наставата по предметите Новинарско пишување 1 и 2.
    - Автор сум на прирачникот „Новинарска реченица“ (Круг, 1998) и
    - на книгите „Биди новинар“ (Матица, 2005) и
    - „Моето небо е зелено“ (Матица, 2006), како и
    - коавтор на книгата „Пишување за печатени медиуми“ (МИМ, 2005).
    - Во печат е мојата најнова книга „Научи да пишуваш
    “.
  • На левата страна ги има сместено рубликите, “последни записи“, “последни коментари“ ... посебно акцентирал дел кој го нарекол “издвоено“ ... тука има само еден интересен напис ... Биди Македонец, а не Македоноид! ... негова колумна од Шпиц ... веројатно тука ке ни ги линка колумните кои ги пишува по весниците ... најдолу ни ја представува неговата книга ... “Биди Новинар“ ... ке ја читам на рат подоцна ...
  • во десната колона Героски започнува со една Орвел-овска мисла “Слободата е право на луѓето да им се каже тоа што не сакаат да го слушнат“ ...
  • го дава својот меил за комуникација: geroski.kontakt[at]gmail.com
  • подолу имате графа “претплата“ ... во стилот “Новите постови на е-меил“: ... сега засега ова е изгледа бесплатно ... но Геро, како да ни го покажува еден од можните начини како да заработиш од својот блог ... Геро е професионален новинар и сосема е во ред да сака да заработи од тоа што професионално го прави, дел за сите и дел кој пред да го видат сите го гледаат претплатниците ... значи го укуцуваш меилот во прозорчето ... следи проверка на автоматот ... укуцуваш буквите кои ти ги предлага автоматот ... добиваш мел дека си прифатен и на крај ја активираш нотификацијата ... мојата нотификација ја одработи за еден минут ...
  • Подолу следува рубликата “Blogroll“ ... каде демек како блогови кои ги прати ги наведува:
  • Јован - еден од најстарите блогери
  • Антески - на нас попознат како .анти
  • Апостолов - одличен новинар, секако и блогер
  • Би - добро позната блогера ...
  • Букарски - него нема потреба да го представувам ...
  • Волан - изненаден сум сто го видов името на мојот блог, иако се имам запознаено со Героски и имавме едно мало парче муабет ... ова ми покажува дека и можеби други сериозни новинарски пера го слеат мојот блог ... секако дека ми импонира ...
  • Вуна - и него не треба да го представувам ... ми смета што е малку неактивен - но веројатно е во фаза од “прејадување“ од блогирање ... фали на блогерајот ...
  • Жарко - еден од најдобрите блогови по моја оценка, сега и колумнист ...
  • Комуникации - неодминлив блог ...
  • Најчевска - добро позната на блогосферата ...
  • Оксиморон - блог кој заслужува да се чита ... иако во последно време и авторот е презаситен од пишување и ретко блогира ...
  • Развигор - чуварот на МК блогосфера, човек со многу лица и сите убави ... спремен да помогне на секој нов блогер ...
  • Рибаро - и тој ми фали на блогот, нели реши да блогира на специфична форма ... влог ...
  • Фемгерила - добро позната ...
  • Црни овци - Героски решил и нив да ги следи, поради неспорниот квалитет на нивното блогирање ...
  • Подолу во рубликата “Линкови“ ни представува неколку негови омилени линкови:
  • Јога
  • Контрапункт
  • Мавило
  • Темплум
  • На крај е архивата ... првиот запис е од 1.02.09 ...
  • Во средината е нели нормално место каде се пишуваат постовите ... најактуелен му е Мојот бунт против тишината што ми ги заглушува ушите
  • Над местото за блог-постот има неколку линкови кон:
  • Дневник
  • Колумни и Анализи ... каде ке ги представува неговите колумни и анализи ...
  • Репринт - веројатно ке ни представува некоинегови драги записи од минатото - како на пример Моето небо е зелено
  • Гости - предпоставувам дека тука ке ни дава интервјуа со разни личности Не смее да се замолчи критичкото мислење
  • Галерија - ке ни представува оделни фотографии ...
Се на се навистина одлично и професионално стокмен блог ... Героски добродојде во МК блогосфера ...

Мои досегашни написи а темата:

2 comments:

Бранко Героски said...

Ти благодарам на обемното претставување и на рецензијата на мојот блог. Те молам и тебе и другите од нашата блогегрска заедница да имаат малку трпение, бидејќи допрва се прилагодувам на новиот медиум и учам и најбанални работи.
Инаку, немам намера да заработувам од претплата на мојот блог. Мислам дека тоа не е добра идеја. А и не е неопходно, бидејќи не ти е точна информацијата дека сум добил клоца од „Шпиц“. Тоа Латас лупета...Јас се уште сум вработен таму и секоја сабота пишувам колумни, кои сега на албански јазик ги пренесува и „Коха“. Патем, за твоја информација, наскоро ќе бидам секојдневно присутен и на еден нов интернет медиум. Но, за тоа, потоа...
Како што гледаш, животот не е лесен, ама далеку сме од предавање. Далеку е Геро од пензија...
Уште еднаш благодарам и - се читаме!
Героски
ПС. Просто е неверојатно колкава колекција на мои фотки си собрал. Воодушевен сум!
ППС. Овие дрипциве од „Вечер“ имаат колекција од фотомонтажи со мојот лик. Душички едни, тоа им се најсилните „аргументи“ во дебатата со мене, кога ги растурам ко бугарска скупштина. Ми пречи само една фотка, на која сме јас, Велија и една штука меѓу нас. Во Македонија штуки нема (на риби мислам, де), па се секирам дека колегите риболовци ќе ме обвинат дека лажно се саморекламирам. А јас во животот штука немам фатено, да се разбереме...

volan said...

Геро,

брзо ке ги научиш кваките ... ако ги научив јас ке ги научиш и ти ...

околу клоцата ... виде дека зборот во текстот е ставен во наводници ... а секој пост мора да биде и мала провокација ...

фотките од нет ... е тоа е уметност на пребарување на нет ... верувам дека доста добро знаеш да пребаруваш, но верувај има многу начини да се дојде до информација која те интересира ...

јас одесекогаш сум се заложувал виее еминентните новинари да си отворите блогови - за да го подигнете нивото на блогосферата ... и да го кажете ставот на средната и постарата генерација кја флаи во блогосферата ...

е да, тоа со заработката е исправоцирано заради називот “претплата“ ... па велам да не е тоа некоја нова мода и идеја ...

каква пензија Геро, за такви искусни пера секојпат има место ...

околу фотомонтажите, тоа е сега лесно ... секое дете ке ти направи фотошопиран лик ... и ич не се секирај ... свати го тоа како фолклор ... и дел од професијата со која се бавиш ...

инаку сите твои слики долу се линкови до написите каде се постирани ... што ке рече не се тоа мои слики туку се тоа слики кои некој друг ги подигнал а јас самосум го линкал изворот ...

е да, меѓу првите работи што треба да воведеш во твојот блог е што повеќе линкување, кон твои написи и други извори ... линкот е нешто што му ја зголемува вредноста на блофот ...

поздрав и имај убава вечер ...

Blog Archive

Site Meter