Search This Blog

Thursday, February 26, 2009

Пионерски дом “Карпош“ - Скопје ...

Пионерски дом “Карпош“ - Скопје ...

1.

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/81Large-2.jpg?t=1235648169

читај повеќе »

2.

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/82Large-1.jpg?t=1235648441

3.

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/84Large-1.jpg?t=1235648477

4.

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/85Large.jpg?t=1235648501

5.

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/86Large.jpg?t=1235648524

6.

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/87Large.jpg?t=1235648548

7.

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/88Large.jpg?t=1235648577

8.

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/89Large.jpg?t=1235648610

9.

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/810Large.jpg?t=1235648638

10.

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/812Large.jpg?t=1235648667

11.

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/83Large-1.jpg?t=1235648701

12.

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/811Large.jpg?t=1235648729

13.

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/813Large.jpg?t=1235648770

14.

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/814Large.jpg?t=1235648795

  • ЗА ТАТКОВИНАТА СО ДЕТСКИОТ КУЛТУРЕН ЦЕНТАР „КАРПОШ” - НАПРЕД ...
    Градот Скопје израснал врз бедемите на многу царства и империи, хранејќи се со правот од чекорите на милиони воини, пиејќи од дамарите на различни култури и цивилизации ја испишал сопствената богата историја...
    И така тргнувајќи од калдрмата, премостувајќи ги водите на Аксиос, супер модерниот асфалт не води до една куќа која во своите тули ја носи приказната за цел еден век.
    Тука помеѓу „Орце Николов” и „Ленинова”, веќе шест децении Детскиот културен центар „Карпош” ширум ги отвора портите за сите генерации и го исцртува дрвото на успеси, кое како стар чинар ги распослал своите корени насекаде во светот.
    На почетокот на дваесеттиот век, никој не помислуваше дека оваа зграда ќе ги прегрнува сите деца на Скопје, па дури ни семејството Драга во чиј што вилает влегуваше старата коњушница на местото на Кермес и Езерце, Јазот на Орце Николов со неколкуте воденици и куќата со огромен двор, градена во Викторијански стил, каде и ден денес е сместен, за сите нас добро познат, Пионерскиот Дом „Карпош”.
    -Се градеше во 1907, а беше вселена 1908та, пред дванаесеттина години раскажуваше последниот жив наследник на семејството Драга, Али Драга. Моите родители пролетта 1908 година го дочекаа Уриетот (Младотурската револуција) во оваа куќа. Долу во подрумот беше амамот, каде што доаѓаа деловните пријатели и комшии на татко ми. Имаше машка и женска бања. На првиот кат беа канцелариите, а ние живеевме најгоре. Татко ми беше неимар, тргуваше со дрва, ретко го гледав, зашто често пати беше на пат во Рожај, Косовска Митровица, Каиро, Истанбул, Солун и Бејрут. Во тоа време дрвјата од Косовска Митровица ги носеа со коњи до Скопје, па оттука како готови и обработени се товареа на сплавови за Солун, Каиро и Истанбул. За да се олесни транспортот на најубавите дрвја, мојата фамилија стана иницијатор и донатор на изградбата на продолжението на железницата до Косовска Митровица, зборуваше Али Драга, кој со своите деведесет години, последен пат во 1996 година го посети Детскиот културен центар „Карпош”.
    Али Драга не живеел многу во куќата во Скопје, зашто набргу по вселувањето заминал на школување во Виена, Австрија, каде дипломирал право. Во Нови Пазар ја сретнал својата многу помлада сопруга и на стари години се враќа во Истанбул, Турција.
    Последните зборови на Али Драга пред дванаесет години во Скопје беа:
    -Јас немам ни рода ни порода, затоа ја оставам оваа зграда како мој аманет во ваши раце за да биде културен дом на сите деца на Скопје.
    Но не било секогаш така. Семејството Драга се иселува од куќата во 1919 година, при крајот на Првата Светска војна, кога Кралството на СХС ја национализира и во првите години по првата световна војна му ја дава на користење на некој српски чиновник, како заслужен за ослободувањето на тогашна Вардарска Бановина. Но, тој ја прокоцкал куќата за некоја куртизана во Хотелот Бристол, па во 30те години од минатиот век, па се до 1940 година, тука се вселува француски конзул и куќата станува официјален француски конзулат. Од тоа време останала оградата на куќата да не потсетува дека некогаш тука и србите инвестирале, зашто во 1920 под нивна координација, дошле мајстори од Грац и ја направиле можеби најубавата ограда од ковано железо која и ден денес го омеѓува дворот на Домот на културата „Карпош”.
    Во 1941 година, во неа се вселува германската команда , а кон крајот на истата година куќата и е предадена на бугарската полиција. Во 1945, во куќата се формира првата државна веледрогерија „Реплек”.
    Годината 1946 по многу настани ќе остане забележана во развојот и активностите на пионерската организација и на нејзините членови во Скопје. Скопските пионери на 22 март, заедно со сите пионери од сите краишта на Југославија, ја прославија првата слободна пролет. Група од 120 пионери организираа марш – поход по врвиците на третата македонска народноослободителна ударна бригада. Ги посетија значајните места во Куманово и околината од деновите на Востанието и НОБ. Ја следеа маршутата на бригадата на Козјак и на самото место се запознаа со борбените дејства во кои загина народниот херој Христијан Тодоровски – Карпош. Ја посетија неговата родна куќа и се сретнаа со мајка му, која им раскажуваше за детството, училишните години и борбата на Карпош.
    По враќањето во Скопје, тие едногласно решија да продолжат да другаруваат и одлучија да формираат културно – уметничка група. Името на групата спонтано и со одушевување го избраа – „Карпош”, а себе се нарекоа „Карпошовци”. Почнаа да се собираат во визбата на зградата во која се наоѓаше Градскиот комитет на народната младина. Одржуваа проби на рецитаторска и драмска секција. подоцна формираа хор и играорна група. Организираа приредби и одржуваа разновидни настапи во градот, работните колективи и на Радио Скопје. учествуваа на смотри и фолклорни фестивали во Скопје, Битола и Штип по повод 11 Октомври.
    „НЕКА 1947 БИДЕ ГОДИНА НА УШТЕ ПОГОЛЕМ РАБОТЕН ПОЛЕТ НА МЛАДАТА ГЕНЕРАЦИЈА НА ЈУГОСЛАВИЈА НЕ САМО ВО ИЗГРАДБАТА НА НАШАТА ЗЕМЈА, ТУКУ СЕКАДЕ КАДЕ РАБОТИ И УЧИ МЛАДИНАТА” – им порача другарот ТИТО на сите пионери ширум СФРЈ, честитајќи им ја новата година.
    -Традициите и искуството на пионерската организација во Скопје од годините на НОБ и Револуцијата и од повоената социјалистичка изградба, зголеменото интересирање на пионерите за нови содржини во работата, кадровска оспособеност на пионерската организација со раководители и стручно – воспитен кадар, како и потребата од натамошен развој на пионерската организација (притоа имајќи ја предвид хомогената културно – уметничка група „Карпош” во која беа развиени разновидни активности и пионерска самоуправа) беа битна претпоставка за организирање на пионерски дом.-
    „Сите сакаа да станат членови на групата „Карпошовци”, па им дадоа простории во Средното музичко училиште во кои се создадоа подобри услови за работа. Бројот на членовите двојно се зголеми и секојдневно растеше. Двете приземни простории не можеа да го соберат бранот на нови членови.”
    Сето тоа, во 1947, го разгледуваше Земското веќе на Народната младина на Македонија и одлучи да покрене иницијатива пред Министерството за просвета на Владата на НР Македонија да се донесе одлука за основање на пионерски дом во Скопје.
    Иселувањето и адаптацијата на зградата се изврши есента 1947 и пролетта 1948 година. Во тоа време се именува и раководниот и стручно – педагошкиот тим и се избраа пионерските раководители кои извршија подготовки за свеченото отворање на домот.
    По одлука на тогашната комунистичка влада, во јуни 1948 година во просториите се вселува Централниот Пионерски Дом на Пионерите на Македонија. Големиот двор на куќата се користел за редовно постројување на илјадниците Пионери на Македонија.
    „ За време на прославата на „Детската недела” на 6 јуни 1948 година, министерот за просвета на Владата на НРМ, проф. Димче Мире, свечено ја пресече лентата и ја отвори вратата на Домот.”
    „ОДНОСОТ ПРЕМА ДЕЦАТА Е ОДНОС ПРЕМА ИДНИНАТА НА ЧОВЕШТВОТО. АКО САКАМЕ ДА ИЗГРАДИМЕ СВЕТ НА МИР, ПРИЈАТЕЛСТВО, РАМНОПРАВНОСТ И СОЦИЈАЛНА ЕДНАКВОСТ, МОРАМЕ УШТЕ ДЕНЕС, ДА ГО ОБЕЗБЕДИМЕ ТОА НА НАШИТЕ ДЕЦА...
    ОД АНГАЖИРАЊАТА ЗА ДОБРОТО НА ДЕТЕТО И НЕГОВАТА СРЕЌА, НЕ САМО ВО СВОЈАТА ЗЕМЈА, ТУКУ И ВО СЕКОЕ КАТЧЕ ОД ОВАА НАША ПЛАНЕТА, НЕ МОЖЕ ДА ИМА ПОБЛАГОРОДНИ ДЕЛА. ГРИЖАТА ЗА ДЕЦАТА, НИВНА ЗАШТИТА И ПОЛОЖБА Е СОСТАВЕН ДЕЛ НА БОРБАТА ЗА ПРОГРЕС, ЗА ПОДОБРО РАЗБИРАЊЕ И ПРИЈАТЕЛСТВО МЕЃУ ЛУЃЕТО, ЗА СРЕЌА И БЛАГОСОСТОЈБА НА НАРОДОТ ВО ЦЕЛОСТ... – ТИТО
    Во 1962 година, по полавата во Скопје, подрумот беше комплетно под вода и така беа уништени сите документи од архивата на домот. Таа година Домот го посетија голем број амбасадори, но и тогашниот секретар на Обединетите Нации, Утант.
    -Матните води на надојдениот Вардар, во ноември 1962 година, најжестоко го погодија делот на Скопје, токму помеѓу улиците „Илинденска” и „Орце Николов”, каде што во тоа време се наоѓаше, а и ден денеска стои обновената зграда на Домот. Архивата и документацијата што се наоѓаа во подрумот на Домот, неповратно беа уништени, а во голема мера беа уништени и опремата и уредите на техничко – моделаторската работилница како и некои други лаборатории. Она што поплавата го почна, земјотресот го докрајчи, зашто ја разниша целата зграда на Домот и ја направи неупотреблива за било каква активност. Пионерите на Југославија во тоа поземјотресно време ја покажаа својата висока свест за солидарност и покренаа акција за собирање средства за изградба на пионерски спомен – дом во Скопје „Братство и единство”. Собраните средства не беа доволни за да се изгради нов Дом, меѓутоа ги покрија трошоците за реновирање и санација на зградата во која и денес работи Пионерскиот Дом „Карпош”.
    Во меѓувреме вработените во домот работеа во една напуштена и руинирана барака на улицата „530”, недалеку од училиштето „29 Ноември”. Тоа е времето на првите денови од 1965 година и новиот почеток на Пионерскиот дом „Карпош”, за што се заслужни група ентузијасти, вљубеници во детската среќа. Плодната активност на Домот кон крајот на шеесеттите и почетокот на седумдесеттите години на минатиот век беше овозможена и поткрепена со значајно збогатување на материјално – техничка база. Имено, тогаш се набавени поголем број технички помагала, музички инструменти, нагледни средства и една библиотека со фонд од пет илјади книги.-
    Обновен и реновиран Домот свечено беше пуштен во употреба на 1 јуни 1970 година.
    Во оваа мала зградичка во центарот на Скопје, поставени се темелите на многу денешни институции. Така во 1955, во дворот е изградена првата градинка во Скопје, за подоцна таа да стане канцеларија на Сојузот за социјалистичко воспитување на децата т.е. Пионерскиот Сојуз.
    Секцијата за меѓународно пријателство, формирана на 29 ноември 1967 година, подоцна прерасна во Клуб на млади амбасадори. Клубот, одвивајќи ја својата активност под паролата „СЕ ЗА МИРОТ ВО СВЕТОТ – СЕ ЗА ДОБРОТО НА ДЕЦАТА”, воспостави врска со сите пионерски домови и центри во Македонија и во поранешна Југославија, со Информативниот центар на ОН за Југославија и Албанија, со седиште во Белград, а беше регистриран и во самата Организација на Обединетите нации во Њујорк.
    Од формирањето во 1967 година, па до денес, Фолклорниот ансамбл „Карпош” е најброен колектив на Домот. Веќе во првата година имаше 168 играорци и 14 членови на народниот оркестар, а денеска таа бројка е над 250 членови.
    Во текот на 1965 година, во домот беа отворени фото и кино секција. Фото секцијата работеше се до 1979 година, додека кино – секцијата, иако со мали прекини, работи и ден денес. Круна на оваа дејност беше Првата Југословенска смотра на филмското творештво, одржана во јуни 1969 година, организирана од Домот и Републичкиот совет за грижи и воспитување на децата на Македонија.
    Литературната дејност, како една од најстарите во Домот, постои уште од првите денови на „Карпош”, а во 1965 година добива и повисока форма на работење – Литературен клуб. Во нејзините рамки беа имплементирани групите за рецитации, драмски изведби и новинарство.
    Секогаш со стремеш да биде актуелен и во чекор со времето „карпош” прв почна со една масовно организирана и добро програмирана дејност на полето на сообраќајната култура. Домот во пролетта 1969 година го организира првиот „ПИОНЕРСКИ СЕМАФОР” . Од тогаш овие републички натпревари се одвиваа секоја година без прекин. Во тој период се наметна и потребата од сообраќајно воспитување на децата од предучилишна возраст. Уште еднаш Домот е прв со активностите на „Весел детски семафор”, што се уште се одржува во Скопје и ги активира Градскиот совет за безбедност на сообраќајот на Град Скопје.
    Во Пионерскиот дом „Карпош”спортот, физичката култура и спортската игра се негуваат од неговото отворање. Познати се првите слетови, многубројните гимнастички и други спортски активности. Меѓу нив најголема традиција имаат пингпонгот и шахот.
    Задржувајќи се особено на шахот, во 1965 година тука во Домот беше одржано Првото првенство во шах за пионери на ниво на Македонија, па оттогаш датира и Шаховскиот клуб. Тука во Скопје, во организација на Детскиот пионерски дом „Карпош” во 1972та, за прв и последен пат во Македонија, се одржа Светската шаховска олимпијада. Меѓу другото, пионерите имаа можност да играат партии со најпрочуените мајстори на древната игра.
    Полна со креативност, рекреација и забава е манифестацијата „СНЕЖЕН ГРАД” која има југословенски карактер. Прв пат организиран 1969 година „Снежниот град” е манифестација на другарството, љубовта, братството и единството, манифестација на навистина масовен детски и младински туризам.
    Од балетската секција е формиран ансамблот на Балетот на Македонската Опера и Балет, зашто своите почетоци тука ги имаа Натка Пенушлиска, Олга Милосављева, диригентите Чавдарски и Лековски.
    Од драмската секција, прво е формиран детскиот куклен театар, кој потоа прерасна во театар за деца и младинци, а од него подоцна израсна Драмскиот Театар во Скопје. Од моделарската секција потоа се востанови Народна Техника.
    Првите мали чекори, во своите големи кариери, во оваа институција, во поновата историја на Скопје, ги направија и актерот Дејан Лилиќ, нашата поп дива Калиопи, ситната дама со ангелски глас Сузана Спасовска и виртозот на хармоника Горан Алачки.
    ПОЗНАТИ КАРПОШОВЦИ: Симон Трпчевски, Александар Лековски, Маја Грозданова-Панчева, Коле Англеовски, Зафир Хаџиманов, Натка Пенушлиска, Јове Кекеновски, Милан Зафков, Наталија Грубовиќ, Дејан Лилиќ, Слободан Унковски, Славка Младеновска, Зоран Марковски, Мартин Вучиќ, Александар Ристевски-Принц, Стојан Димов, Стевче Стојковски, Љупчо Трајковски-Фис, Елена Ристевска.


  • Матично ќе се сели во Пионерски дом - Карпош ... ГРАДСКИТЕ ВЛАСТИ БАРААТ МЕСТО ЗА ДОСТОИНСТВЕНИ ВЕНЧАВКИ ... Вест, 9/12/2005 ...
    - Градските власти сериозно почнаа да размислуваат Матичната служба да ја преселат во Пионерскиот дом-Карпош кој исто така се наоѓа на Илинденска, на само стотина метри од руинираната барака во која сега се склучуваат браковите. Со децентрализацијата овој објект му припадна на градот, а иницијативата, велат од одделението за односи со јавност, е на градоначалникот Трифун Костовски. Оваа најава досега е прва конретна иницијатива изминативе децени за менување на катастрофалната состојба на досегашното матично. Четири децении државните и градските власти ниту разговараа, ниту пак преземаа нешто околу ова прашање.
    - Во Пионерскиот дом, велат од градот, сеуште се одржуваат културни и едукативни активности, како и играорни курсеви, но тоа, според нив би се решило со адаптирање на просторот и негова соодветна поделба со цел сите на крај да бидат задоволни.
    - Старата Матична служба веќе 40 години е времен објект, и прашање на време е кога самата од себе ќе се урне. Бараката беше поставена за одредено време да ја врши оваа функција. Градот и државата одамна требаше да ја урнат, и да изградат нова зграда. Бидејќи тоа не се случи, покривот на бараката со години капе, sидовите и однадвор и одвнатре скапуваат и се прекриени со мувла. Завесите не се знае од кога не се испрани, теписоните се прашливи и флекосани.
    - Во вакви услови, во ова матично годишно се склучуваат околу 400 бракови
    .
  • Пионерски дом ќе добие нов лик ... Нова Македонија, 28.03.2007 ... Пионерскиот дом “Карпош“ идната година, на прославата на 60-годишнината од своето постоење ќе добие нов лик. За да се направи проект за реновирање на објектот, на една од најстарите културни институции, најнапред треба да се изготви комплетна архитектонска документација и со целосна анализа да се направи план по кој систематски би се реализирале чекорите за обнова на веќе постоечките потенцијали на Домот. Откако ќе се изготви проектот, со кој се очекува да се измени ликот на дотраените простории во ДКЦ, ќе биде распишан и тендер за реализација на проектот.
  • Украден пионерскиот поздрав од Домот на пионерите ... Време, 28.07.2006 ...
    - Украдена е плочата со пионерскиот поздрав од ѕидот на детскиот културен центар „Карпош“, и тоа на годишнината од денот кога е поставена, 26 јули 1970 година. Плочата ја симболизираше солидарноста на пионерите од Југославија што помогнаа да се изгради зградата разурната во катастрофалниот земјотрес што се случи во Скопје во 1963 година, велат од центарот што порано беше пионерски дом. Тие случајот веднаш го пријавиле во Министерството за внатрешни работи, од каде што потврдија дека плочата е украдена и рекоа дека трагаат по сторителите.
    -
    Овој детски културен центар постои од јуни 1948 година. Оттогаш не престанал да работи, а во годините кога Скопје било поплавено и кога зградата била урната во земјотресот центарот се селел и работел во повеќе различни простории низ градот. Во меѓувреме се градел новиот објект.
    -
    Веднаш по земјотресот пионерите од Југославија собираа пари од сите земји и со нив ја изградија оваа зграда, каде што денес се наоѓа ДКЦ „Карпош“. Како симбол за таа солидарност и се постави плочата. На неа пишуваше „Од пионерите на Југославија, за пионерите на Скопје“. Плочата беше бронзена, но со мали димензии. Затоа велам дека од неа не може да се заработи многу ако се препродаде - објаснуваат од центарот, од каде што додаваат дека овој случај ги обезличил.
    -
    Во овој детски центар се одржуваат културни и едукативни активности. Оттаму велат дека ја продолжиле традицијата на Пионерскиот дом во културното едуцирање на најмладите преку многубројните секции, како ликовната, драмската, танцовата, фолклорната, хорот и многуте манифестации што се одвиваат под нивно покровителство. Во центарот од оваа година функционира и психолошко советувалиште. Веќе 58 години вратите на ДКЦ „Карпош“ се отворени за децата од предучилишна возраст до полнолетство, кои сакаат своето слободно време да го исполнат со содржините на центарот.
  • Пионерски дом Карпош ќе добие нова фасада ... Вест - 3/18/2008 ...
    - Градските власти најавуваат дека летово ќе го реновираат Пионерски дом Карпош и оти со проектот е предвидено да се обнови фасадата на зградата, да се заменат старите и дотраени инсталации и објектот внатрешно да се уреди. Аљоша Шопар, раководител на секторот за планирање и уредување на просторот во Градот, вели дека, освен обнова на зградата, планираат и партерно да го уредат дворот на Пионерскиот дом. Тој објасни дека наскоро ќе распишат тендер за изведувач на проектот, кој сега е на одобрување во Националниот конзерваторски центар Скопје.
    - ... со градежните работи на Пионерскиот дом ќе се почне најдоцна до јуни, кога треба да завршат процедурите за избор на изведувач, а во буџетот на Градот за овој проект се предвидени околу шест милиони денари.
    - "Планирано е да ги вклучиме 'Паркови и зеленило' хортикултурно да го уредат дворот, просторот ќе се поплочи и ќе ставиме ново осветление. Сега во Пионерскиот дом се сместени разни секции - ликовна, драмска, играорна - и тие и понатаму ќе останат таму, односно нема најава дека ќе се менува функцијата на објектот", вели Шопар
    .
    *** Уште едно неисполнето ветување на градскиот татко, за кое нели имало и пари во буџетот ...

  • Градот доби имотен лист за Пионерскиот дом ... Утрински-08 октомври 2008 ...
  • ПРОЛОНГИРАН, НО НЕ ЗАБОРАВЕН, ТЕРМИНОТ ЗА РЕСТАВРАЦИЈА НА ЗГРАДАТА НА КАРПОШ - Нова фасада за стариот Пионерски дом ... Вечер, Елизабета АРСОСКА 12.08.2008 ...
    - Реставрирањето на фасадата на Детскиот креативен центар "Карпош" кое беше најавено за минатиот месец ќе се пролонгира, но нема да се заборави. Ова го потврдија градските власти кои информираат дека роковите се поместени поради одредени административни процедури, но дека во моментов тендерската процедура е при крај и наскоро ќе се избере изведувачот.
    - проектот предвидува истовремено реновирање и на ентериерот на зградата. Ќе се молерисуваат ѕидовите, ќе се обнови подот, инсталациите, столаријата, санитарниот јазол. На крајот и дворот хортикултурно ќе се уреди.
    - Пионерскиот дом е една од градбите во градов која плени со необичната стара архитектура. Изградена во 1907 година како семејна куќа со интересен изглед и идеална локација, низ историјата ги менувала и намената и значењето, но и станарите. Стилот на градбата припаѓа на доцниот барок со примеса на интересни детали од викторијанската класика. Проектот е дело на непознат архитект, а ја граделе врвни мајсторски тајфи.
    - Во 1967 година, по големата поплава и катастрофалниот земјотрес објектот е реновиран од темел од доброволни акции на пионерите од цела Југославија-посебен фонд-пионерски динар. Оттогаш не е направена темелна реконструкција на фасадата и на ентериерот
    .
  • ГРАД СКОПЈЕ РАБОТИ НА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ОБЈЕКТОТ НА ДКЦ КАРПОШ - Нов ентериер за Пионерскиот дом ... Вечер, Елизабета АРСОСКА 21.02.2009 ...
    - Реконструкцијата на Детскиот креативен центар Карпош е во полн ек. Во моментов се работи на комплетна замена на санитарниот јазол, на инсталирање на нова водоводна мрежа и одвод. Проектот за реконструкција на Пионерскиот дом го изработи Град Скопје, кој за таа намена од буџетот за 2009 година издвои шсест милиони денари. Оттаму велат дека не можат точно да предвидат колку време ќе траат градежните работи, оти станува збор за еден од најстарите културни објекти заштитени со Закон.
    - При обновата се отвораат нови делови кои мора да се уредат, а кои првично не сме ги предвиделе. Од тие причини не може точно да се утврди каде се ќе треба да се интервенира. Деновиве се работи на внатрешните инсталации, се работи во тоалетите, но дел по дел се реконструираат и подовите. Обновата на објектот ќе продолжи со замена на прозорците, а ќе заврши со поправки на покривната конструкција во деловите, каде што прокапува. Додека се стабилизираат временските услови ќе се работи на ентериерот, односно на оние работи кои не зависат од временските услови. Со почетокот на градежната сезона, работите на објектот ќе продолжат со комплетна санација на фасадата на Пионерскиот дом, информираат од Одделението за односи со јавност Град Скопје.
    - ... пат по половина деценија, почна де се менува ликот на дотраените простории. Се надевам дека Карпошш ќе остане култен, а со инвестирањето во реконструкцијата и модерен центар за сите млади луѓе кои тука ќе творат и ќе ја создаваат културната база на овој град, рече Андријевски.
    - Зградата на некогашниот Пионерски дом има интересен стил и е заштитен споменик на културата, па токму од тие причини со реконструкцијата воопшто да не се менува нејзиниот надворешен изглед, туку само ќе се реставрира фасадата.
    - Овој објект е изграден во 1908 година, и во текот на своето постоење е само еднаш делумно реновиран во 1963 година, кога е пренаменет во Пионерски дом.
    - ДКЦ Карпош е една од осумте културни институции, коишто со процесот на децентарализација потпадна под ингеренциите на Град Скопје.

No comments:

Blog Archive

Site Meter