Search This Blog

Tuesday, December 18, 2007

Дигитализација на националното наследство ...

Добив интересен меил од Александар Петрушевски - скорешен дипломец на ПМФ ...

Zdravo, jas sum Aleksandar Petrushevski, diplomiran inziner po informatika.
Bidejki diplomirav pred dva meseca a diplomskata mi beshe so naslov:
"Skopski Akvedukt - multimedijalna prezentacija",
se nadevam deka kje vi bide interesno da odvoite pet minuti da go zirnete sajtot, poshto gledam deka ste upaten vo temava, eve adresa:
http://www.cdnh.edu.mk/Proekti/diplomski/akvedukt/
I slobodno preporachajte ja na zainteresiranite i postavete go linkot do sajtot na vashite blogovi...

Pozdrav Aleksandar...
PS: moze da ne se otvara sajtot preku den, zatoa shto e postaven na studentski server, pa preku den e guzhva. Navecher sigurno otvara...

Пријатно ме изненади Александар со својот меил, секако прочепкав по неговиот дипломски ... прочепкајте и вие на линкот подолу ... има што да се види прекрасно изработен дипломски труд ...
http://www.cdnh.edu.mk/Proekti/diplomski/akvedukt/

Одговорот на меилот на имењакот гласеше:

Одлично сработено ... На Смиле и компанија (ПМФ) ептен убаво му текнало да исористи студенскиот потенцијал и енергија во промовирање на МК културни вредности и преубави историски споменици, како и бројни археолошки наоѓалишта ... штета што не ги правите овие работи и во англиска верзија ... Би биле одлични промоции за МК културно богатство ...

Ке му предложам на Смиле, со кого сум добар пријател ... да направи мултидисциплинарен пристап на работите во идните проекти ... Студенти од информатика, историја, археологија, етнологија, новинарство и јазици ... да прават мултидисциплинарна дипломска на иста тема и заеднички да ја подигаат на НЕТ ... Какво богатство би било тоа не сте свесни ... Дигитализацијата на МК култура и историја е нешто кое сите го посакуваме ... а еве Вие скромно со Вашите дипломски го остварувате ...

Браво и честитки за трудот ...
Дигитализација на националното наследство е подценет проект на ПМФ со премногу малку средства ...

Поздрав.
Волан - Александар Д
.

Еве мало преставување на дипломскиот труд на Александар Петрушевски - сега веќе дипломиран информатичар ... кој сонува свој сон - од една страна му е веројатно желбата да остане во МК и да се доусовршува, да створи фамилија да биде блиску до своите, блиску до својот роден град, до својата Македонија ... а од друга страна му се бројните можности кои му се нудат во странство во гладот за информатичари. Десетпати поголема плата за ист вложен труд ... Можности за доусовршување - бројни ...

МК мора нешто да стори да не ни се одлеваат вакви деца кои знааат и умејат ... но си одат заради подобрите услови во странство ...

Ова е почетната фотка на проектот ... дипломскиот де ...

Тука ни ја дава историјата на аквадуктот ... и дилемата дали е тој римски аквадукт на Јустинијан 527 - 554 (што е поверојатно ...)... или е од турско време XVI век ...

Оваа фотка првпат ја видов тука, иако важам за колекционер на стари фотки од Скопје ...


Како и горната разгледница ...

Разни податоци за аквадуктот ке најдете тука ... како и две ретки фотографии ...

Како да дојдете до Аквадуктот и каде се наоѓа ... Александар подготвил преубава анимација ... видете ја ...

Прекрасни фотогалерии од Аквадуктот видете тука ... стари фотки тука ... 3д анимации тука ...

Прекрасно изработени панорами во флеш и квик тајм видете тука ... Ова е посебно интересно бидејки имате осеќај како да сте на лице место сега и во овој момент ... преубави 3д панорами тука ...

Линкови за овој нашиот аквадукт видете тука ... има и за аквадуктите по светот ... посебно сум горд што во линковите се пронајдов и себе ... заедно и со ЈУтјуб кратки филмови од кои едниот е мој а вториот е на Кибицерот ...

Податоци за авторот на проектот и неговите ментори видете тука ...

За да не го оптеретувам постот понатака во друг пост малку повеќе ке зборувам за скромниот проект на ПМФ Дигитализација на националното наследство ... тука само ке издвојам некои проекти:

- Кратовски мостови 10.05.2006

- Музеј на град Охрид - куќата на Робевци 10.05.2006

- Градска инструментална традиција 10.05.2006

- Манастир св. Ѓорѓи - с. Старо Нагоричане 10.05.2006

- Стара чаршија - Скопје 10.05.2006

- Музеј на град Скопје - камено време 10.05.2006

- Музеј на Македонија - етнолошка поставка 10.05.2006

- Офицерски дом - Скопје 10.05.2006

- Монети - НБРМ 10.05.2006

- Плоштад и камен мост - Скопјe 10.05.2006

- Хераклеа - Битола 10.05.2006

- Тетовски староградски песни 10.05.2006

- Антички Театар - Охрид 10.05.2006

- Крали Марко и марковите кули 10.05.2006

- Народни носии 28.05.2006

- Св. Пантелејмон 05.12.2006

- Св. Климент и Св. Наум 14.04.2007

- Пештерите на Матка 14.04.2007

- Галичка свадба 14.04.2007

- Галерија на икони - Музеј на Македонија 15.04.2007

- Плаошник 15.04.2007

- Стоби 19.04.2007

- Национални паркови 19.04.2007

- Вардарски рид 20.04.2007

- Кокино 20.04.2007

- Филигранство 23.04.2007

- Македонски ора 20.04.2007

- Браќа Миладиновци 23.04.2007

- Кирил и Методиј 23.04.2007

- Мариово и мариовско 23.04.2007

- Св. Јоаким Осоговски 23.04.2007

- Убавините на Матка 23.04.2007

- Кочо Рацин 27.04.2007

Навистина прекрасно и бесценето ... Напоменувам ова се само дел од линковите ...

Погледнете само како ми се обраќа студентот во меилот со последната реченица “..PS: moze da ne se otvara sajtot preku den, zatoa shto e postaven na studentski server, pa preku den e guzhva. Navecher sigurno otvara... ..

Нели е ова жално ... зарем за толку малку средства овие работи не се закачени на поквалитетен хостинг ... Сто пати ке повторам ако треба под итно превод на овие студентски трудови на англиски ... Студентите сето ова го прават од љубов према татковината си ... да се подсетиме за сличен ваков проект ценетиот Професор Лилчиќ побара неколку милиони евра ...

Додека да ги едитирам линковите од горните проекти ако сте нестрпливи видите ги тука во паралелниот блог ....

No comments:

Blog Archive

Site Meter