Search This Blog

Monday, December 24, 2007

Етно МК село ... на водно во близина на Пантелејмон ...

Сликата “http://www.vecer.com.mk/WBStorage/Articles/8EAEC7BBCB26C544B33DFFC9E96B6497.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.
Во делот на манастирскиот комплекс Свети Пантелејмон" над Нерези, на површина од 15 хектари ќе се гради типично македонско село со куќи што ќе имаат карактеристики од неколку региони од земјава (Крушево, Кратово, Охрид).

Замислено е во долниот дел на куќите да се претстави процесот на производство на некои типични македонски производи. Во горниот дел на куќите ќе бидат сместени ресторани што на посетителите ќе им нудат карактеристична храна за поднебјето од каде потекнува куќата ...

Во средината на селото ќе има плоштад и меана, а на почетокот ќе стои голема порта, како и дуќанчиња во кои ќе се продаваат сувенири од Македонија - фрески, резба, филиграни, ѓумчиња, грнчиња и сл. Ќе се изгради и мал амфитеатар во кој ќе се одржуваат музички манифестации, како и ноќевалиште во кое туристите ќе можат да престојуваат.

Во селото ќе се влегува од два приода, преку Нерези или преку Водно.

Се ова е убаво и благородно замислено ... Но Македонија не е само Скопје ... Македонското село е и во Мијачијата да речеме ... и бројни други забаталени места кои вапаат за вакви државни инвестиции ... Башка водно се плуќата на Скопје и се‘ што се гради во неговите пазуви е како ставање на вирус на канцер во здрави плуќа ... Госоѓата Рафајловска нека најде друго место за ваква благородна идеја во Македонија ... а ако баш Скопје мора да биде има предели по други манастири ... да речеме Марков Манастир ... Но секако најдобро е ова да се гради во запуштените МК села по преубавите планиски предели низ Македониа ... Или некој решил за буџеванијата да направи уште едно место каде ке ги шетаат секретарките на терање мераци ... секако на државен трошок ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter