Се подигна голема фама дека граѓаните се незаштитени ... дека во ерата на картичките која надоѓа и во МК ... некој со злпупотреба на матичниот број и други лични податоци ... може да ги злоупотреби ... По запад е модерно таканаречено крадење на идентитет преку крадење на личните податоци од интернет особено бројот на социјалното осигурување ... Кај нас сеуште се‘ ова се движи во границите на теоријата ... немам слушнато дека на некого му е украден идентитетот ... Ок, има случаи некој да е тужен и да има правослилна пресуда против него, иако човекот не е веќе меѓу живите ... но за крадење и присвајање на идентитет преку интернет - не сум чул ...
Има злоупотреби со кредитните картички и во МК ... заради тоа бевме на црните листи, на некои банки ... незнам дали не симнаа ... но се работи за кредитни картички од странски банки ... дали имаше и МК државјани во кругот на украдените незнам ...
Откривањето на матичниот број ќе се казнува и со 5.000 евра. Тоа е максималната парична санкција за злоупотреба на личните податоци што ја предвидел законодавецот, а која ќе може да се изрекува по 19 декември. Дирекцијата за заштита на личните податоци досега не иницираше прекршочни постапки поради транзицискиот грејс-период за приспособување на јавниот и приватниот сектор.
Ефективноста на повредите во сферата на заштитата на личните податоци ќе може да се почувствува дури по изрекувањето казни. Тогаш никому нема да му биде сеедно. За правни лица контролори се предвидени од 200.000 до 300.000 денари, а за физички лица од 40.000 до 50.000 денари“, вели директорката на Дирекцијата за заштита на личните податоци, Маријана Марушиќ. (Законот за заштита на личните податоци).
И за видеонадзорот - невладините организации и оделни написи по весниците дигнаа голема врева ... дека се повредува приватноста на граѓаните ... Во услови кога “големиот брат“ сите не гледа и слуша ... што од вселената (сателитски) што со мрежи околу поважни објекти - смешна е констатацијата дека оделни сигурносни камери ја загрозуваат приватноста ... околу објектите кои се под видео надзор ... Испаѓа дека лоповите имаат поголеми права .. несмееш да ги надзорираш додека се припремаат да направт криминално дело ... одколку оние што се штитат - правејки видео надзор над својот имот ... Некако сето ова ми изгледа пренагласено .... Борците за човекови права - иако веројатно имаат право, овојпат претеруваат ... Им сметале дури и камерите поставени по плоштадите - кои се јавно достапни на интернет ... Па такви има во сите поголеми светски градови ...
Веројатно со ова мое мислење ке наведам на гнев многу од борците за човекови права ... но моето скромно мислење е дека претерано е сето ова ... Во МК нема ни 5 пото покриеност со видео надзор во однос на земјите од западот ... Требало да има обавестување дека објектот е под видео надзор ... ако имало се би било во ред ...
Инаку ок е констатацијата дека банките и телефонските компании претеруваат со лични повици - нудејки ти ова - она ... а поштанските сандучиња се спамираат со разноразни понуди ... Но мора да сфатиме дека сме сега таканаречено потрошачко опшетсество и приватноста нема само да ни ја нарушуваат ромите, кои до сега ни нудеа пластични кофи, канти , метли ... сега сите им го крадат занаетот на ромите и на врата, преку телефон или преку поштанско сандуче пробуваат да ни “утрапат“ предмет или услуга ... на ова ке мора да се навикнуваме ...
1 comment:
Овој закон и активностите што ги спроведуваат во еден дел се однапред фалични. Мислам на матичниот број. Овој број е присутен на македонскиот пазар премногу долго време и премногу долго се сметал за незаштитетен податок, за да може наеднаш да стане таен и чуван.
Post a Comment