ЕУ бара од нас стандарди пред статус (ова од Косово се бараше за да може да биде независна држава ...). Меѓу другите стандарди од кои секако се:
- демократско општество (владеење на демократија);
- решени меѓуетнички тензии;
- намалена корупција до подносливо ниво;
- независно судство - секако и ефикасно;
- закони кои кореспондираат со ЕУ законодавството;
- напредна економија;
- без монополи;
- гарантирање на приватната сопственост;
- намалена стапка на невработеност (до подносливо ниво);
- непартизирана државна администрација;
- праведна полиција;
- и многу други работи ...
Ке речете па што ке ни е тогаш ЕУ ... Држава во која владее ред, закон и благосостојба може и сама да опстојува ... (Швајцарија да речеме ...). Но тоа се критериумите за прием во ЕУ - кои важат за нас ... Последен пат ЕУ од политички причини ги прими Бугарија и Румунија ... Пред тоа од со благи критериуми беа примени Грција, Шпанија и Португалија ...
ЕУ е клуб на богати држави ... со развиена демократија ... некој ке рече и клуб на католички држави со исклучок на Грција и привезокот Кипар ... Сега “правилото“ го растури Бугарија и Румунија ...
Меѓу поситните критериуи кои се бараат од нас како одредени стандарди е и стандардот во затворите ... Така пред да ни ги дадат предметите од Хаг побараа да имаме специјално опремена судница за судење и келии по затворите кои се блиски до ЕУ стандардите ...
Се сеќавате кога неколку наши навивачи беа затворени во Данска или Шведска не се сеќавам точно ... по еден инцидент - по ракометен натпревар ... Навивачите кога си дојдоа дома рекоа, дека во затвор им било поубаво од хотелите кога одат по годишни одмори ... Па гледајки ги горните слики изгледа затворениците во МК (Хашките де - идни ...), ке имаат поголеми права (комодитет ...) од сиромаштијата која живее во супстандардни услови ...
- ЗАТВОР ... Македонија
- ЗАТВОР или парична казна
- ЗАТВОРСКА НАВАЛИЦА
- СТАНДАРДИ И СТАТУС
- СТАНДАРДИ - пред статус
- НАТО - што добиваме со влегувањето во НАТО ?!
- ЕВРОСКЕПТИЦИЗАМ
No comments:
Post a Comment