Search This Blog

Wednesday, December 05, 2007

Стравот лозјето го чува ...

На село еднаш го прашав дедоми (се разбира кога бев мал...) “Дедо, кој го чува лозјето и бостанот ...“ - тој се насмеја и ми рече стравот синко, стравот ... Долго време неможев да ги сватам зборовите на дедоми ... Како може стравот да го чува лозјето а не пољакот да речеме ...

Современиот пољак, полицијата и инспекциите се луѓе кои ја вршат работата на градските “ниви“ ... (Појаснување за ептен младите “пољак“ е човек кој е задолжен да го чува полето по селото ...). Во последните неколку месеци современите градски пољаци имаа ептен работа ... те со полиција ... те со царина ... па лекарите ... професорите ... наплатувачите на патарини ... Деновиве се најавува дека доаѓа време да се претресат како работи обичната државна администрација.

Инспектори, кои ќе се претставуваат како граѓани, ќе ги посетуваат шалтерите на сите министерства, подрачни единици и институции за да направат контрола како службениците од администрацијата се однесуваат кон клиентите, дали предметите се обработуваат брзо и професионално. Оваа акција во Владата е позната под шифрата "таен клиент" и според вицепремиерот Зоран Ставрески ќе трае околу два месеца.
"Им порачувам на сите што работат на шалтерите да внимаваат на работата. Акцијата 'таен клиент' подразбира ненајавена посета на шалтерите на сите министерства, подрачни единици и институции и забележување на односот кон граѓаните, на брзината на решавањето на предметите, на вкупниот амбиент каде што се даваат услугите, како и дали службеникот за време на работа врши приватни работи или е посветен на работата. Контролата треба да ни даде специфични заклучоци за секоја институција, и онаму каде што има слабости ќе бидат преземени соодветни мерки", вели вицепремиерот Ставрески
.
.

No comments:

Blog Archive

Site Meter