Мојата беља е што долго паметам ... Пред распадот на ЈУ некаде 1990 година за последен пат бев во ЕУ на еден саем на мало стопанство (неколку ...) ... Веќе бев приватен стопанственик ... Се запукав со Фиќото кое тогаш го имав ... Стигнав до Љубљана и си реков - е ај нема смисла на запад да одам со Фиќо ... ако ми се расипе - кој ке ми го поправа... Го паркирав во Љубљана и земав рента-кар ... По неколку дена низ земјите на сегашна ЕУ ... бев на неколку сајмови за мало стопанство ... си се вратив во Љубљана и си го земав Фиќото, се вратив во нашата “дежела“ ... Одтогаш веќе никојпат не појдов во ЕУ ... се инатам, не сакам да ги молам за виза ... понижување е тоа за мене ... Дури ни во Грција не одам од кога престанаа да даваат визи на граница ... Земено ми е едно право кое до тогаш го имав ...
Ако доживеам да одиме пак без виза ... ке го остварам сонот од младоста ... ке најмам комбе и со уште една или две фамилии ке направам тура по обалите на медитеранот (изворно идејата беше да се оствари додека бев помлад ) ... се до Москва ... и риквец назад ... тоа е мојот сон ...
Но за да се оствари ова - треба ЕУ да ни се смилува и повторно да ни ги отвори портите и сруши зидовите кои стојат меѓу нас ...
До тогаш ке си останам во затворот Македонија ... Јас сум инатлив и горделив човек ...
No comments:
Post a Comment