Утринава се радував на снегот како кога бев дете ... кога ке видев лапавица како паѓа ...
ке истрчав на улица и со раширени раце ке ги бркав најкрупните снегулки ...
(исто како и дечињава на оваа фотка ...)
Образите ке ми се вцрвенеаа, како и носот ... адреналинот ке проработеше ... ке искочеа и други деца и ке почнаевме да лудиваме ... лизгавици ... санки ... сличуги (оние правените ...) ... мавање со топки снег ... правење по некоја беља ... Снегот највеќе одсекојпат го сакале децата ... Овој снег ке ги израдува нив - токму пред идиличниот дочег на Нова година и Божиќ ...
Тука само една фотка на Лун со пријателите ... и снегот ... радоста на кучињава се мери како радоста на дечињата ... лудуваа и се играа ...
Еве ги и дечињата како и кутрињата ... растрчани и раздрагани ... адреналинот работи ...
Еве ја и комшивката како се пробива низ снегот ...
No comments:
Post a Comment