Search This Blog

Monday, December 17, 2007

Серава ... ке се исчисти ... ке добие пешачка патека ...

Еве да не речете дека само ги бројам дупките по скопските улици ... ке Ви представам еден проект кој Општина Бутел - која заедно со УНДП планира чистење на течението на Серава и изградба на пешачка патека ...

Општината Бутел ке самофинасира 30 проценти од потребните средства - а остатокот го донира УНДП 2,7 милиони денари ...

butel serava 2 obelezana (Large).jpg

За поголема резолуција кликните со десен клик на сликата и одберете ја првата опција ...

1.- Течението на Серава ...
2.- Старото течение на Серава ... Имено до земјотресот, црвениот дел од сликата беше старото течение на Серава, која (каналси...) преку Чаир и Стара Чаршија - одеше до МАНУ и тука се вливаше во Вардар ... Проектантите на Скопје го изменија течението на Серава ... тој дел стана колекторски систем за атмосферска и канализациона мрежа ... така да новото течение оди према Аквадуктот , ја обиколува Касарната Илинден, и покрај стовариштата во Момин Поток се влива во Вардар ...
3.- Населба Радишани ...
4.- Обиколницата ...
5.- Градски Гробишта Бутел ...
6.- Село Бутел ...
7.- Населба Бутел 1 ...
8.- Чаир ...
9.- Касарна Илинден ... бовша Маршал Тито ...
10.- Булевар Словенечка ...
11.- Аквадуктот ...
12.- Вардар ... местото каде сега се влева Серава ...

Сликата “http://www.vest.com.mk/images/%7B4B1C204D-3B2F-4065-9648-2D8EDCDA9C20%7D_serava-2.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.
Ако Градоначалникот на Бутел не искористи дел од овие средства за санирање на Аквадуктот и барата покрај Аквадуктот ... ке го сметам за лично одговорен ...
Дека Аквадуктот може да биде вистинска мамка за културни доживувања на Скопјани покажа и Концертот на Синтезис под Аквадуктот ...

Сликата “http://www.utrinskivesnik.com.mk/WBStorage/Files/sintezis4.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.

No comments:

Blog Archive

Site Meter