Од јануари каматите на штедните влогови што граѓаните ги имаат орочено во банка ќе се оданочуваат со стапка од 10 отсто. Данокот нема да се плаќа единствено на каматите на штедните влогови по видување и на тековните сметки. Оваа новина во штедењето е предвидена со измените на Законот за пресонален данок од доход, која се пролонгира неколку години.
Банките ќе го задржуваат износот на данокот и ќе го уплатуваат во Управата за јавни приходи, за да се олесни процедурата. Сепак, останува законската обврска граѓаните да ги пријават и приходите од камата во годишната даночна пријава за 2008 година.
Дали е ова добар закон ? ... Во услови кога и така довербата во домашните банки не е баш најголема ... Дали ке следи одлевање на штедните влогови во странски банки ... во услови кога дел од штедачите на Македноска банка ке бидат обештетени само до 10.000 евра ...
Или домашните штедачи ке се одлучат на ставање на парите во перница ... “на сигурно“ ...
1 comment:
Друже Волан
Респект за тоа што посвети внимание на една тема која деновиве некако сите ја избегнуваат, а не би требало.Имено покрај несреќната мерка со која владата реши да ги оданочува штедните влогови и каматата, таа донесе уште едно несреќно решение со кое им даде овластување на банките, тие директно да ги префрлаат парите од нашите сметки. На овој начин се нарушува приватноста, се врши отуѓување на личен имот и се прават уште еден куп други ѓурултии.
Post a Comment