Неспорно Букарски е книжевен талент ... и многу активен и популарен Блогер. Скоро сите порелевантни блобови го имаат ставено во рубликата “пријател“. Има свое представување и во МК Википедија ...
Александар Букарски (Букаро) е претставник на сајбер-литературата во Република Македонија. Роден е во Битола во 1984 год. и моментално е студент на Филолошкиот факултет во Скопје, на катедрата за Компаративна книжевност. Букарски е контраверзен автор, познат по својот блог како и по колумната за весникот „Време“.
Букарски зад себе има педесеттина раскази и уште неколку колумни и разни прозни дела објавени на повеќе македонски веб-сајтови. Во нив живее „цела тајфа на ликови кои ги среќавате во соседството, во маалото, на работа, во продавница, на телевизијахрватски и бугарски јазик или по дома, а понекогаш дури и во огледалото“. Некои негови трудови се преведени и на .
За своето книжевно дело минатата година го доби признанието на Темплум за најдобар млад писател (за предминатата година) “Луѓе на кои не им се отвора падобранот”. Мојата честитка за неговата прва книга ја пишав во постот БЛОГЕРИ vs. МК НОВИНАРИ ... БУКАРСКИ.
Во меѓувреме Букарски стана уште попопуларен ... Гостуваше кај Јанко неколкупати ... Гостуваше кај Чомовски ... пишуваше колумни во Време ... но највеќе беше активен на својот блог и често коментираше во туѓи блогови ... Се бунтуваше против старата гарда на писатели ... беше противник на издавањето на 60 тома на МК книжевност (проект на Владата на РМ) ... Бараше наместо тоа поголем дел од парите да се пренамената за афирмација на младите книжевни автори и за превод на наши дела од млади писатели на англиски и други странски јазици (по узор на Словенија ...) ...
Сношти имаше своја книжевна вечер ...
Човек или мит? Книжевник тореадор? Аристократ Libertine?
Панк проповедник? Писател багабонт? Секси дисидент?
Немирно дете во поход? Мојот црвен балон? Уникат.
4 comments:
"Човек или мит? Книжевник тореадор? Аристократ Libertine?
Панк проповедник? Писател багабонт? Секси дисидент?
Немирно дете во поход? Мојот црвен балон? Уникат."
Панк проповедник? Секси дисидент? :))))))
Не можам а да не се изнасмеам на ова. Наташа Георгиевска гет а факинг лајф... нешто сериозно не е во ред со таканаречената книжевна критика ор вотевер :)))
Книжевноста на Букарски е невиден сензационалистички треш (прашање на вкус, нели?),a во последно време издаваштвото Темплум е навистина за жалење, посебно со последнивае очајнички потези да освојат нова публика...значи бродот тоне и тоа е се гледа...но нема да им се ситиме, нели?
Во секој случај има една многу добра мудрост: Before you go waving flags, you better know what you stand for!
Инаку ако ова ни се панк проповедниците и секси дисидентите -we are fucked! :)
Се сеќавам (фактографија ебига) за мене изеде гомна на рецензијата на plagij.at, неаргументирано, омаловажувачки тотално сељачки, но ајде де, кај ќе ми беше крајот ако реагирав на сите такви провокации.
Но, гледам веќе тоа ти станува навика, па решив, прозван, нели да се јавам и да ти кажам два, три збора...
Што се однесува до споредбата, (ах, најпосле за фактите!) на панкот на Наташа Георгиевска има и зошто е тоа употребено како најава...некои од ликовите во самата книга се поранешни членови на битолски панк групи, дури еден нив беше басист своевремено и на “Паркети“.
Во расказите има цитати од стихови на “Паркети“, а уште на 7-ма страна во предговорот стои дека книгата е инспирирана од нивната музика.
Предговор кој ти за жал не го прочита како и самата книга.
Оттаму: Со вакви ли етички кодекси работат луѓе во НВО-а кои треба да бидат без предрасуди спрема малцинствата од секаков вид и да промовираат толеранција и алтруизам?
После толку време налетувам на мој коментар додека пребарував на Гугл, па никогаш не е доцна да се одговори...:)
Не кажа нешто премногу умни два-три прилично (не)елоквентни збора...
Ако Паркети ти се репрер за панк (контра) културното движење, во ред, со тоа си кажа до каде ти фрла твојот видокруг, секој со своето ниво на заење ... Денеска и топ-модели, и милијардери, и корпорациски пацови носат миачки Рамоунс, па пак се шупачиња, тоа не менува ништо...
Предговорот, за среќа, можеби не го прочитав, а можеби и сум го прочитал, но штом ти се поита да тврдиш дека не сум го прочитал, во ред, верувај во тоа...
Не знам стварно која е таа патолошка дрскост на придавање на значење на сопственота книга која се насетува дека со сила се форсира со намера да стане „култна“, а на кој нафуран млад (квази) интелектуалец не му годи токму тоа? Но, и онака твојата книга е веќе подзаборавена, така што и тоа помина...
Го чекам моментот кога ќе го доживееш првиот сериозен пад (а тоа на секого му се случува), но јас не сакам, ниту ќе бидам дел од истите тие ликови, кои те фураат ко прав млад нафуран малограѓански мајмун - умислен ебач, а кои во тој момент ќе те прегазат во калта и ќе бараат ново жртвено јагне за експлотирање... мо`еби веќе и го нашле...:)
Ако си умен колку што се преставуваш „јадењето гомна“ ќе го разбереш како конструктивна критика;
-Книжевноста на Букарски е невиден сензационалистички треш (прашање на вкус, нели?)
А тоа за НВО-ата (заклучокот од типот - немаш акванирум, тоа значи дека си педер ;))- стварно не знаеш за што зборуваш, онака на памет ти е истресено, познат си по тоа дека не разликуваш факт од квалификација, или став од аргумент , ама ај ќе те цитирам тебе тоа инака ќе те импонира „неаргументирано, омаловажувачки тотално сељачки, но ајде де - нека ти биде :)
Простено ти е, ехееее: You're not the first, I hope not ѕou're the last...Откулирај:)
Post a Comment