Search This Blog

Tuesday, December 04, 2007

Возење со светла ... во МК ...

Сликата “http://image.dnevnik.hr/media/images///normal/Oct2007//79782.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.

За возењето без запалени светла преку бел ден - во МК ке заработиш казна од 35 евра ...

Македонија ова го презема од европската легистлатива во процесот на усогласувањето на законите ... Го презема и прописот и висината на казната би рекол не водејки сметка дека ние од европјаните заработуваме десет пати помалку ...

Во МК се води полемика дали овој пропис кој наложува да се вози со запалени светла преку ден е добро решение ... или е само преземено решение од ЕУ легислативата без да се води сметка за нашите специфики ... Во МК блогосвера Зорив со својот пост - Законот за задолжително запалени светла на возилата преку денот отиде во историјата ..... и сугерира на Министерката за Полиција да поведе постапка за измена на нашите закони во врска со запалените светла .... Зорив има и постар пост на оваа тема - Идеја и предлог за промена на Закон ...

Аргументите на Зорив се:
- дека нашите временски прилики не се исти со временските прилики од Скандинавието да речеме - каде има многу малку денови без дождм снег или магла ... Кај нас сончевите денови доминираат во однос на деновите кога метролошките услови се дожд, снег, нагла ... А и вкупната должина на денот е многу поголема ...
- дека еве и Австрија од први јаноари 2008 ја укинува оваа одредба ...
- предлага овој пропис да важи само во зимската сезона т.е. во периодот кога е обавезно носење на зимска опрема ... 1 Ноември до 31 Март ...
- Португалија, Шпанија, Италија, Словенија, Хрватска, Србија, Црна Гора и сите други медитерански земји ( а во оваа група на земји спаѓаме и ние, бар по медитеранската клима во Македонија) кои се на исти напоредник од земјината топка, овој закон го немаат, што е и нормално кога денот трае 16 часа.

Во коментарите кај Зорив овој пропис се правда со безбедноста ... особено при безбедноста во претекнувањето ...

Во еден од постовите имав и мој коментар:
Дење при добра видливост кога нема магла ... запалени светла се голема глупост на законот ...
Од тој закон ќар имаат само автоелектричарите ... горат кабли и се топат контакти особено во лето кога е топло
...

Темава ја актуелизирта денешен Вечер со напис во форма на дилема - КОЈ Е ЕФЕКТОТ ОД ДЕНСКОТО ВОЗЕЊЕ СО СВЕТЛА Поголема сигурност или само трошок?!

** Истражувањето на еден австриски институт покажало дека автомобилите кои користат запалени светла преку ден, емитираат повеќе јаглероден диоксид, а притоа сигурноста во сообраќајот не се зголемува. Напротив, утврдиле дека во такви услови потешко се забележуваат мотоциклите и особено пешаците.
** Едни предупредуваат на поголема потрошувачка на горивото, а со самото тоа и загадување на околината и зголемени трошоци за одржување на возилата. Други, пак, сметаат дека при запалени светла дење подобро и побрзо се воочуваат возилата, поради што има намален број на сообраќајни несреќи.
** Во Германија, експертите пресметале дека поради зголемена потрошувачка од само 0,2 литри на 100 километри на 45 милиони лични возила, емисијата на јаглероден диоксид се зголемува за 2,8 милиони тони, а дополнителниот трошок за возачите 1,6 милијарди евра, односно по околу 35 евра по возило. На тој трошок треба да му се додаде и цената за замена на светилките на главните светла, кои траат значително помалку, па севкупниот трошок би бил два -три пати поголем.
** Предноста во однос на сигурноста е можеби минимална. Но, треба да се разговара за дополнителните трошоци и загадувањето. Можеби, треба да се укине обврска за денско возење со вклучени светла во текот на летниот период, кога денот е подолг и нема потреба од толкав трошок на енергија, вели Данев
.

Испаѓа дека Зорив добро ја простудирал темава и има исто мислење со нашиот стручњак од Машинскиот факултет - цитиран од новинарот на Вечер ...

Со овој пост ја подржувам иницијативата на Зорив ...

Austrija ukinula obvezu paljenja svjetala na automobilima

No comments:

Blog Archive

Site Meter