Слушнав нешто но незнам дали добро го дослушнав ... Боцевски говореше за некаков Кодекс на однесување на Министрите во Владата на Груевски ... Дека не смејат да ја мешаат приватната и државната работа и интересите ... дека треба да му се верни на народот и на Груевски ...
Особено е интересен делот дека Министрите додека се во Владата на Груевски и незнам колку време потоа - несмејат да изнесуваат свои ставови во јавноста преку разни колумни и авторски написи ... Се мора да помине прво низ филтерот на цензура ... одобрение од Владта ... Несмејат јавно да зборуваат и изнесуваат детали за она што се дискутирало во Владата ... Како тоа практички ке изгледа не дослушав ... За секоја изјава ке мора прво да добијат одобрение ... ??
Зошто е потребен овој кодекс ... на кого му служи ... зарем министрите и другите избрани функционери до сега смееле да работат спротивно на етичките норми и правила на однесување ...
Дали е на повидок ново едноумие ... овојпат во Владата меѓу Министрите на Груевски ... Едноумието е всушност партиска работа ... Сетете се само како сите пратеници си ги послушаа лидерите кога тие се договорија ...
Ова по малку ме подсетува на славното писмо на Груевски до сите Школи, Директори и Наставници - во кое тој зборува за Школството во Македонија ...
Однапред се извинувам ако не сум разбрал добро ... слушав вести онака во фон ... во втор план што би се рекло и можно е нешто убаво да не ми останало во главата ...
На сето ова мора да се надодаде ПАРТИСКОТО ЕДНОУМИЕ ... во сите партии без исклучок ...
Забранети се фракции ... Секој што размислува со своја глава и тоа јавно го експонира ... се знае како поминува во партијата ... под лед ...
Од тука нема да имаме вистинска демократија се додека демократијата не влезе како правило во работата на партиите ни ...
Осеќам дека оваа работа ке биде жешка тема деновиве меѓу опозицијата и позицијата ... Интересно ке биде да се види како ке реагира “надворешниот фактор...“
Како и да е не го сметам ова за популарен и добар потег на оваа Влада ... Министрите се навистина само дел на Владата - но тие мораат да имаат и определена автономија за одредени ингеренции ...
No comments:
Post a Comment