Ров длабок од околу два метра околу кој се налепени бехатон плочки ги демне станарите од зградата со број 23 на улицата "11 Октомври", до Црвениот крст на Македонија. Веднаш до дупката е инсталиран канделабар, кој веќе стана опасен по живот и од аголот не се ни забележува. И неколку плочки висат над ровот, па само среќа е што досега никој не се повредил.
Среќа што дупката навреме ја видов, инаку можев да настрадам. Забележав дека канделаброт е накривен, дополнителна опасност за минувачите кои ги има доста, бидејќи станува збор за фреквентно место
(Е.А.)
фото:Н.Батев
фото:Н.Батев
Написот е во целост преземен од денешен Вечер - Под патека-ров од два метра ... Се надевам дека новинарите не се лутат за реобјавување на овие вести ... но сметам дека целта ми е благородна ... да се одстранат вакви опасности кои демнат ... Несакам ни да помислам што се може да му се случи ако некој кој би упаднал во дупкава ...
Постов е дел од иницијативата: Фото - Урбана блог герила ... Скопје ...
No comments:
Post a Comment