Градоначалникот Костовски се пофали дека се вратени сите долгови кои ги наследил од старата администрација ... а дека нови не створил ... Работел со она што го имал.
Минатата година градскиот буџет тежел 46 милиони евра. Овие пари биле највеќе потрошени за три крупни проекти ( улицата „Гологанов-Циборовски“, булеварот „Словенија“ и се гради клучката „Континентал“). Костовски поведе иницијатива за нов договор со Владата за правична распределба на парите од даноците ... Спроведува кампања (по узор на владините кампањи ...), дека од даноците за градот одпаѓаат само 0,03 проценти од ДДВ и 0,02 од персоналниот данок од доход ... А воедно поведе иницијатива за промена на статусот на Скопје т.е. намалувањето на територијата на Скопје и отфрлањето на селските општини ... централизација што би се рекло ...
Секој човек треба да работи домаќински и треба да си ја пружа чергата колку му се долги нозете ... Но Костовски ветуваше многу повеќе кога се кандидираше ... тогаш тој ги знаеше условите во кои влегува во Градската управа ... Опревдувањето дека му се малку парите, искажано по поминување на пола од мандатот не држи ... Секако дека ке следи нова распределба на парите и надлежностите меѓу државата и општините ... децентрализацијата е во тек ...
Костовски не ги оправда моите очекувања, кои се базираа на неговото реноме на добар стопанственик и хуманист ... кој во првите неколку месеци од мандатот едвај и дека беше во Скопје ... Потоа направи потези - каде има сомнежи дека некои негови фирми се умрежија во градскиот бизнис ... Даде неколку неодмерени изјави ... велеше дека сеушти го учи ова што го работи ... Но има ли Скопје секојпат време да чека градоначалниците да ја научат работата па потоа да ги чекаат резултатите ...
No comments:
Post a Comment