Search This Blog

Sunday, December 16, 2007

Македонија гореше ... Како да се справиме со пожарите ...

Сигурно си велите што му текна сега на човеков да муабети за пожари среде зима. Ако успеете да го дочитате постот ке ми ја разберете поентата ...
Оваа година како последица на континуирани високи температури и беснеење на многуте пожари - Македонија гореше. За првпат во историјата на МК Владата прогласи вонредна состојба на 18 јули - поради високите температури и пожарите ...

fire in macedonia

Струмјан со помош на mkmap.com направи мапа на која ги одбележа повеќето локации каде беснеаа пожарите низ Македонија (во текот на кризата ...).
Во МК во ситуација кога беснееа десетитци пожари одеднаш се осети немоќ ... организирано да се справи со бројните пожари кои застрашуваа и од минут во минут ги гореа стогодишните шуми ... Штетата беше огромна ...
Центарот за справување со кризи проработе во полна пареа ... Се ангажираа сите единици за гаснење на пожари (професионалните противпожарни бригади)... сите вработени во шумските стопанства ... локалното население ... блиските воени единици и гарнизони ... Премиерот се стави во првите редови на борба со пожарите ... Се побара помош од сите приателски држави ... Помошта стигна ...
И одеднаш се случи тоа дека имаме доволно човечки фактор, професионалци и доброволци за гаснење на пожар - но во недостаток на соодветна опрема за гаснење пожар ... (противпожарни возила, апарати за гаснење пожар, канадери, хелихоптери, чизми, соодветна облека и маски ... ), се почувствува немоќ во гаснењето на пожарите. Повеќето од луѓето иако беа спремни да учествуваат во гаснењето на пожарите поради недостаток на соодветна опрема не можеше да се употребат.
МК има 30 ППБ со 740 вработени од кои во Скопје се 240. Според светските стандарди на 1000 жители треба да има еден пожарникар ... Кај нас имаме едвај на 3000 жители пожарникар ... со застарена опрема ... Едноставно е - треба тројно да го зголемиме бројот на пожарникарите и да не штедиме на опремата ... Пожар спречен во својот почеток заштедува милиони ...
Градот Скопје вети уште лани дека ке ја подобри ситуацијата со вработувањето и опремата на ППБ Скопје ... И сега ветуваат дека со свои сили од буџетот на градот Скопје ке вработ 40 пожарникари ...
Сега сме среде зима ... пожари наоколу моментално нема, но сме пред носењето на буџетот на РМ за 2008 година ... Ова е право време да се одвојат доволно средства за опрема за гаснење на пожари ... и доекипирање на човечкиот фактор во противпожарните професинонални бригади ...
Скопската противпожарна бригада нема примено нов пожарникар веќе 14 години наназат ... према планот фалат 70 пожарникари ... Во последните две години во скопската ППБ (противпожарна бригада) нема купено никаква нова опрема ... Недостасуваат 14 возила ... а оние кои се на располагање на ППБ Скопје се со старост од 15 до 30 години ... Има само две скалила за висококатници - со старост од три децении !!! ...
Владата преку Програма за проширена репродукција на шумите ... се справува со последиците од пожарите ... Но најдобро би се справила со идните пожари ако алоцира доволно средства во буџетот на МК за набавка на нова опрема и ангажирање на доволен број пожарникари ... Сега му е мајката во буџетот за 2008 година ... Многу земји ни помагаат со своите донации во опрема ... но најдобро ке си помогнеме - ако самите одвоиме доволно средства за спречување на појава на пожарите и нивно брзо гаснење, по настанувањето на пожарите ...
Ако Еу на годишно ниво двои скоро две милијарди евра за справување со пожарите ... и МК мора да двои дел од буџетот за спречување на пожарите во стартот на нивното настанување и во подигањето на свеста на луѓето ... со кампањи за едукација ... Пожарот најлесно се спречува во неговиот старт ... или пред и да започне со правилна едукација на граѓанството - особено едукација на младите ...
Под итно треба да помине надлежна инспекциска служба по сите згради и индивидуалните куќи ... да ја провери состојбата со противпожарната опрема ... да даде најкраток рок опремата да си дојде на свое место ... потоа драконски да казнува за непоседување на соодветна протипожарна опрема ... Стандардите мора да се почитуваат ...
Да си помогнеме самите ... Пожарите стигаат ненајавени ...



1 comment:

Unknown said...

Дали сте во потрага за заем? Или сте биле одбиени кредит од банка или финансиска институција за една или повеќе причини? Вие имате право место за вашиот кредит решенија, токму тука! Елина Џонсон кредит фирма ние сме ограничени во даваат кредити на компании и поединци во ниска и прифатлива каматна стапка од 2%. Ве молиме контактирајте со нас преку e-mail денес преку elinajohnson11@hotmail.com

КАНДИДАТОТ податоци:

  1) Име:
  2) Земја:
  3) Адреса: а
  4) Државната:
  5) Пол:
  6) Брачна состојба:
  7) Професија:
  8) Телефонски број:
  9) Во моментов позиција во место на работа:
  10) месечни примања:
  11) Износ на кредитот е потребно:
  12) Кредит Времетраење:
  13) Намена на кредитот:
  14) Религија:
  15) Дали сте се применува пред;
  16) датум на раѓање;
  благодарение,
Г-ѓа Елина Џонсон

Blog Archive

Site Meter