Search This Blog

Sunday, December 23, 2007

Тужибаби ...

Сликата “http://www.vreme.com.mk/images/Editions/1256%2034/naslovna%20(Small).jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.

Тужени:
** Јани Макрадули ... (најмногу тужби во државава - против него засега се водат четири судски спорови за клевета..) од тужителите:
- Миле Јанакиески, министер за транспорт (за случајот со директорот на МЕПСО Владимир Здравев),
- бизнисменот Орце Камчев (за случајот „Хотелска Окта“),
- министерката за економија Вера Рафајловска (за ТЕЦ Неготино) и
- директорот на УБК Сашо Мијалков (за случајот „Хотелска Окта“).

** Имам две тужби, вели Александар Бичиклиски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
- од Владо Бучковски и
- од Горан Минчев од СДСМ.

** И неговиот претходник Влатко Ѓорчев, врие од тужби за клевета и навреда, а

** Емилјан Станковиќ, портпарол на СДСМ, вели дека има најави за неколку тужби против него, но досега не добил ниту една.

** Политичарите велат дека често добиваат и тужби од граѓани кои неосновано поднесуваат кривични пријави затоа што, на пример, тие не си ја завршиле добро работата во својот мандат.

Тжители:

** Јани Макрадули ...
- потпретседателот на ДПА Мендух Тачи за тепачките во Собранието,
- а вчера поднесе тужба и против портпаролот на МВР Иво Котевски за последниот случај со имотната состојба на Мијалков.

** Министерот за финансии Трајко Славевски ја тужи пратеничката Весна Бендевска, затоа што обвини дека тој како поранешен министер за развој и дал државни пари на сопругата за да го плати печатењето на нејзиниот магистерски труд.

** Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Силвана Бонева пак, го тужи пратеникот Владо Бучковски бидејќи во емисијата „Јади бурек“ изјави дека таа има бугарско државјанство.

** во тек е судскиот процес по пријавата што исто така ја поднесе Јанакиески додека беше директор на ЈП „Водовод“ против пратеничката од СДСМ Софија Куновска.

** најава за тужба дојде од СДСМ кој се закани дека ќе поднесе пријави против директорот на УЈП Горан Трајковски и против претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата Мирјана Димовска.

** Со меѓупресуда во корист на тужителот заврши и судскиот спор што поранешниот амбасадор Бранко Синадиновски ја поднесе против Љубчо Георгиевски затоа што во партијата тој оставил 300 негови книги, а не добил пари за нив.

Извор Време ... Дали сето ова е само забава за народот ??! ... Веројатно фалат уште сторина други примери за тужени и тужители ... тужибаби ... Кога бев дете - никој не се играше со тужибаби ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter