Search This Blog

Tuesday, December 11, 2007

Олимписко село ... Скопје

Olimpisko selo obelezeno (Large).jpg

Панорама и олимписко село ... и поблиска околина ...

1. Олимписко село;
2. Панорама;
3. Локација доделена на Пеце Наумовски за резиденции (беше спорна, дали завеши спорот незнам ...)
4. Знае некој што објект е на број 4 ??
6. Институт за земјотресно инжињерство;
7. Веројатно приватна парцела ??
8. Знае некој што се гради тука ... очито се гради ...
9. Парцела на која ке никнат приватни кучи ... гледам околните сите се со базени ... Панчев тука некаде треба да има куќа ...
10. Што со оваа парцела знае некој ??

Скопје еднаш беше олимписки град ... во далечната 1972 година во Скопје се одржа шаховска олимпијада ... Петросјан, Таљ, Спаски и други шаховски великани дојдоа во Скопје ... За потребите на Олимпијадата се направија два објекта Хотелот Панорама и комплексот Олимписко село ... Секаде во светот вакви објекти потоа преминуваат во комерцијална употреба, како хотели за поевтино сместување ... или од нив се прават студентски градови ...

Сликата “http://www.utrinski.com.mk/WBStorage/Articles/73A603EF3B02AC4C944D95824D056D85.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.

По 35 години од нашето олимписко село не остана ништо ... Скопје изгледа како да нема намера веќе да биде домаќин на големи спортски манифестации ... каде би нашле употреба вакви објекти ... Да подсетам идната година сме домаќини на европското првенство за ракомет - жени ... Каде се планира да се сместат екипите ??.

Олимписко село и панорама во процесот на приватизација поминаа во приватни раце ... Панорама чинам требаше да стане болница ... до каде е со тој проект незнам ... А Олимписко село помина во приватна сопственост ... преку една преку втора рака ... Но таму ништо не се гради ... Веројатно се чекаше промена на урбанистичкиот план и промена на намена на земјиштето ... Од место за Хотел во резидентијален комплекс ... И еве тоа се случува - веројатно по промена на намената на земјиштето на него ке се градат 200 стана од висока категорија и помал бизнис хотел ...

Австриската компанија „Соравија рисорт“ е новиот сопственик на поголем дел од некогашното Олимписко село во Скопје. Австријците неодамна купија 19.000 квадратни метри во кои спаѓаат старите куќарки и хотелот, додека помал дел од населбата и натаму е во сопственост на фирмата „Интерна“.

Се' што е останато од некогашниот голем комплекс ќе се урива и на тоа место ќе се изгради резиденцијален комплекс со околу 200 стана од висока класа и еден помал бизнис-хотел. Вкупната инвестиција изнесува 30 милиони евра
.

... комплексот ќе содржи 20-ина објекти кои ќе имаат иста висина (приземје, три ката и потпокрив), но различна површина. И становите ќе бидат со различна големина и ќе се движат од 80 до 160 квадратни метри. Хотелот ќе има околу 9.000 квадрати и меѓу другите содржини ќе има и повеќе луксузни апартмани што ќе се издаваат.

Според Деталниот урбанистички план, на просторот на некогашното Олимписко село се предвидени содржини за угостителство и апартманско сместување. И во најблиската околина треба да се градат резиденции за потребите на амбасадите во Скопје, со затворен режим на сообраќај. На тој начин и новиот комплекс на „Соравија“ максимално ќе се вклопи во урбанистичкиот план.

До кога градежната линија ке се помера на Водно ... Водно е плуќата на Скопјани тоа изгледа го забораваат градските татковци ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter