Скопските дупки се вистински проблем на градот ... Овој проблем никако да се реши ... Се разводнува проблемот во надлежноста т.е. во ненадлежноста ...
Ако во законот за градба или во некој друг пропис, во кој се дава дозвола за прокоп на одредена улица не стои колку време може да стои прокопот и кој е должен улицата да ја врати во исправна состојба - тогаш проблемот е во недоречената легислатива ... За жал не можам да го истражувам овој проблем но ке цитирам една изјава на градоначалникот на Центар Аларова:
Градоначалничката на Центар Виолета Аларова изјави дека градот е преполн со прекопи и дупки поради нејасностиите во договорите кои Градот и општините ги склучуваат со инвеститорите, во кои не е прецизирано кој е должен да ја врати улицата во првобитна состојба...
Преку написот на Вечер од денеска Копа кој ќе стаса - секој ден нов кратер ... дознаваме дека градот планира да потроши половина милион евра ... за набавка на комбиниран валјак, гребалка за асфалт, скип машина, компресор и машина за бележење на асфалтот ... Јавното претпријатие "Улици и патишта" е носител на барањето кое е упатено до градскиот совет ...
Нешто не ми е јасно ... Во услови кога треба да се намалуваат непотребните дејности во таканаречената државна управа - вклучувајки ги тука и јавните претпријатија ... се планира инвестиција од пола милион евра во "Улици и патишта" ... Кој тоа треба да се офајди ? ...
Дупките, прекопите - треба да ги закрпи оној што ги ископал а градот само да дава дозволи за прекоп и да контролира дали навреме е затворен прикопот ... дали е квалитетно направено сето тоа ... и воколку не е драконски да казнува ...
И за крај да прашам ... Имате ли да ми посочите некој пример - каде граѓанин на кој му е оштетено возилото од дупка по скопските улици (гума, бандаж, предница ...) добил одштета ... Јас сеуше не сум прочитал дека се има такво нешто случено во правнот систем на МК ... Или не си ги знаеме правата или немаме способни адвокати кои во граѓанска постапка пред судот - лесно би ги решавале ваквите случаи ... Ако има, кажите што треба да направиме на лице место - како доказ за да го тужиме надлежниот кој треба да ни даде исправни улици ... И да кој е надлежен за скопските дупки по улиците ??! ...
Постов е дел од иницијативата: Фото - Урбана блог герила ... Скопје ...
No comments:
Post a Comment