Search This Blog

Saturday, May 19, 2007

АНА ЗАФИРОВА


Ана Зафирова - прерасна во вистинска “Градска фаца“ ... онаква каква што таа прикажува во својата емисија “Врти сучи тоа ти е Скопје“ ... Инаку чинам дека изразот “врчи сучи“ го има преземено од татко и кој го употребува одсекогаш ... Со таткои и на Ана во една од скопските библиотеки спремавме испити заедно ...

Ана “брзозборка“ - така си ја викам од милост ... Ја следам често емисијата на Ана за Скопје и од емисија во емисија станува се посериозна “Новинарска фаца “ - која го испече одлично новинарскиот занает и направи препознатлив бренд со емисијата за Скопје и проблемите на Скопјани ...

Читам дека емисијата на Ана - ке има прекин од есеноска поради студискиот престој на Ана ... добила стпендија за усовршување на новинарските тајни ... се разбира каде ако не во Америка ... Се надевам дека ке ни се врати од Америка и ке ја продолжи својата веќе култна емисија и препознатлив бренд - кој трае веќе пета година на ТВ Телма ...

Ана е инаку прилично ведро девојче - која сега изразна и во убава мома - за што сведочат фоткиве ... Има искажано и многу убави филозофски мисли во своите интервјуа ... Еве ке пренесам дел од нив ...

** Немаме резервен град за живот
** Немав некаква амбиција да поставувам критериуми, туку да ги задоволам сопствените потреби, но и на скопјани за свежи информации. ...
** Се обидувам да ги извадам на површина сите адути на градов затоа што имам став дека првенствено недоволно го познаваме.
** Сатисфакција е кога ќе видиш дека работите се менуваат по острото покажување со прст. Искуството покажа дека сите сакаат да добијат "Браво", а со "Уа" не се носат.
** Уживам во Матка, во погледот од Водно и во кафињата на "Ленинова".
** Ја сакам блискоста на луѓето во него(Скопје), ама пак сите тие знаат повеќе за тебе од самиот ти. Миксот на рурално и урбано му дава шарм на Скопје.
** Кога зборуваме за љубовта и мудруваме на таа тема чувствувам како да ја намалуваме нејзината моќ, сила. Таа менува системи, руши граници, почнува војни, склопува примирја и што и да кажам ќе е премногу евтино, патетично.
** Се обидувам со сето срце да му се радувам на новиот ден кој ми е даден. На нештата, луѓето, настаните што ме пресретнуваат им се предавам комплетно зашто не знам поинаку, а и не знам дали повторно ќе ми се случат. затоа сакам кај сите нас да ја разбудам одговорноста за грижа кон него ...

** Трезорот на историјата на Скопје се: Старата скопска чаршија, Музејот на Мајка Тереза, Св. Пантелејмон, Св. Спас, Аквадуктот... но некако се сокриени, недостапни, затрупани, запоставени - за несреќа или за среќа.

Читајки ги нејзините оштроумни мисли - неможам а да не приметам дека во младата и убава главичка - осем ведрина, става и шарм има и подоста мудрост ... Ана со среќа студискиот престој и да ни се вратиш дома во нашето Скопје - ке ни недостасуваш ...

Други написи за Ана Зафирова:
- Скопје е грд град, ама има шарм што заведува
- Петгодишнина на „Врти сучи тоа ти е Скопје“
- ВРТИ-СУЧИ, ТОА ТИ Е СКОПЈЕ
- Мојата емисија е производ на потребите на Скопје
- Ана на дивите плажи во Црна Гора
- Ана Зафирова - ТВ - водителка
- Врти сучи тоа ти е Скопје го прослави четвртиот роденден
- Музиката од "Врти сучи, тоа ти е Скопје" со саундтрак
- ДОБРА ЕМИСИЈА ЗА СКОПЈЕ

- Ana Zafirova ... Vrti suci toa ti e Skopje ... brend ... novinar ... Telma ... Bravo - ua ... Gradska faca ...
- Skopje ... Shkupi ... Scupi ... Skop'e - Скопье ... Skópia - Σκόπια -Σκόπια ... Skopie ... Скопие ... Skopiye ... סקופיה ... Скопље ... Üsküp ... اسکوپیه ...





1 comment:

Unknown said...

Ana, we found you online but we can't read anything! See ya soon!
Tanya and Robert

Blog Archive

Site Meter