Често во последно време пишувам дека - електронските изданија на весниците од неразбирливи причини не користат линкови во своите написи ... Уште еден пример за ваков неразбирлив однос (невнесување на линкови) е написот на Вест од денеска: Скопје претставено со Камени мост со железна ограда ...
- Сликите од Скопје кои се поставени на почетната страница на веб сајтот на Градот се стари неколку години и не ја отсликуваат сегашната состојба на Градот.
- Сликата на Камениот мост е направена уште пред четири години, кога се уште не беше почната реконструкцијата на оградата. На сајтот Камениот мост е со железна ограда, а на вечерната слика е осветлен.
- Сега ситуацијата е сосема поинаква. Мостот е ограден со камен и навечер веќе три години е во тотален мрак.
- Иако на сајтот постојано се презентираат нови информации за работата на градските власти, сликите од Скопје не се менуваат.
Да се разбереме критиката е издржана и вистинита ... но техничарите кои го прават веб изданието на Вечер ... не се потрудиле да стават линк до сајтот на градот Скопје - за веднаш аргументирано да ја докажат поентата ... а можеле и сликички да стават ...
Ова беше критикувано и на скоро одржаната “блогконференција“ ... Новинарите се правдаат дека немаат технички уредници - администратори на веб изданијата и дека тоа е единствената причина ... Да но вака имаме дури и смешни ситуации - како оваа на пример ... се критикува веб портал а нема линк до него на веб изданието на весникот ...
- Link ... Linkuvanje ... Hyperlink ... Хиперлинк ... Poveznica ... Hiperłącze ... Collegamento ipertestuale ... Hiperenlace ... Hyperlien ...
1 comment:
Post a Comment