Search This Blog

Wednesday, May 23, 2007

СТРАНСКИ ФОНДОВИ - пирамидални штедилници

Никако не можам да разберам две работи:

- Зошто луѓето од Македонија така ноншалантно даваат свои тешко заштедени пари, на разноразни таканаречени и самонаречени “странски фондови“ - “банки“ - “штедилници“ ... за високи ветени и очекувани добивки ... Зошто луѓето упаѓаат на замките на таканаречените Пирамидалните Штедилници ... И одкако ке паднат во замката - Одкако ке се изгорат почнуваат да плачат и да скубат коси ... да бараат заштита и одговорност од државниот апарат, полицијата и правосудство ...
- Зошто државните надлежни органи на РМ (Јавниот Обвинител, Истражниот судија, Полицијата ... и сите стварнонадлежни) не си ја вршат навремено работата за која се платени од нашите даночни пари ... Зошто сите овие надлежни чекаат долго време “Пирамидалните Штедилници“ од сите видови - неколку години да го “шишаат“ народот - па дури од кога ке стане “голема“ ... да почнат да си ја одработуваат работата за која се платени ...

Најновиот пример на Пирамидални Штедилници - во форма на “Странски фондови“ е случајот со Странски финансиски институции кои нелегално собираат пари од граѓаните во земјава и нудат брза заработувачка:

- Пензија од 5.876 евра за вложени 60 евра месечно во период од 40 години,
-
Заработка на 46.000 евра за 10 години со влог од 10.000 евра и со месечна уплата на 75 евра,
- Вечна месечна рента од 200 евра за еднократен влог од 20.000 евра.

* Во Министерството за финансии велат дека имаат сознанија за такви организации, но тврдат дека тие работат нелегално. Досега не нашле начин да ги санкционираат.
* Во Народната банка сметаат дека според понудата, австриската организација прилега на класичен инвестициски фонд. Но, во земјава не е регистриран ниту еден таков фонд така што организацијата нема право да прибира пари од граѓаните. Во НБМ посочуваат дека за нејзиното работење се надлежни Министерството за финансии и Комисијата за хартии од вредност.
* Австриската финансиска институција, меѓу граѓаните популарна и како пирамидална штедилница, прибира клиенти преку електронски пораки и лични контакти.

- Се нуди опција за месечно вложување на минимум 75 евра и еднократна уплата на 900 евра за консултантски трошоци за да се оствари заработка со камата од 12 отсто годишно.
- За купување стан фирмата овозможува месечно вложување од 224 евра, кои за 10 години ќе станат 50.000 евра.
- На потенцијалните клиенти им се кажува дека зад фондот стои престижна француска банка.

Имав пост во кој го обработував поимот на ИЗМАМА ...

По законот за облигациони односи имаме Измама кога:
1 - Ако една страна предизвика заблуда кај друга страна или ја оджава во заблуда, со намера да со тоа ја наведе другата странка да склопи договор.
2 - Страната која има склучено договор под измама - заблуда има право да бара накнада на претрпената штета.
3 - Ако измамата ја направила трета особа, измамата има влијание на самиот договор ако другата договорена страна знаела или морала да знае за измамата.

Целта на измама е остварување на добивка, најчесто материјална - но се појавуваат и други причини за остварување на Измама.

Основен принцип на Измамата - Не би било ни една измама кога луѓето не би имали желби - но бидејки сите за нешто имаме желба, воколку некој ни понуди пократок пат до остварување на нашите желби - лесно се паѓа во искушение.

Како да разликуваме Измама од вистинската работа?
1. Основно е правилото од вицот за добивката на лото: “Го уплативме или не ливчето од лото“
Значи нема да се случи ништо да добиете - ако ако ништо не сте сториле/уплатиле
2.Работа во која ке вложите еден денар а ке добиете иљада не се реални (тоа функционира само кај игрите на среќа - со таа разлика што тамо не ве лаже никој дека добивката е загарантирана)

Измамите се поврзуваат и со принципот на таканаречена Пирамида. По 1990 година беше популарна оваа финансиска измама - каде се ветуваа годишни камати од преку 30 % на вложените пари.

Повеќе за Измама прочитајте во стариот пост ...

- stranski fondovi ... piramidalni stedilnici ... Javen Obvinitel ... Policija ... Ministerstvo za finasii ... Narodna banka ... Komisija za hartii od vrednost ... izmama ... zabluda ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter