Search This Blog

Thursday, May 31, 2007

ИЗРАЕЛ - ישראל

На телевизија слушнав дека Израел ги укинува визите за Македонија ... Искрајно ме израдува веста ... Израел е моќна економска држава со многу јако лоби во Америкчката политика ... Колку е ова резултат на смислена политика на Македонската надворешна политика - незнам ... но секако ова ке ни дојде добро во сивилото на надворешната политика ...

Секако во предвид Израелците ja имаат земено реизградбата на Синагогата на местото на старата Синагога во Еврејско мало во Скопје ... Да сум на местото на нашиот Премиер на Израел би у ја препуштил целата политика и развој на нашето земјоделие ... Мислам дека тука Израелците највеќе можат да помогнат ... Земјоделието да ни се разбуди ... да се искористи секоја капка вода која за разлика од Израел кај нас ја има скоро во изобилие ... но не е зафатена и не се користи тогаш кога на земјоделската култура највеќе и треба ... Израелците докажаа дека се цареви за тоа ... Башка што они ке воведат стандарди во земјоделието и ке обезбедат пласман ... Подобар трговец од Евреин нема во светот ...

- Izrael ... Israel ... Ισραήλ ... Israël ... Израиль ... Izraeli ... İsrail ...
- Sinagoga ... Synagogue ... Synagoge ... Sinagogă ... Sinagog ... בית כנסת


No comments:

Blog Archive

Site Meter