Пред некој ден ја следев емисијата на А1 и на Снежана Лупевска “КОД“ - во која Лупевска анализираше дали Премиерот и Градоначалникот на Скопје живеат во реалноста ... и со реалноста ... Дали ги гледаат проблемите на граѓанинот оној обичниот кој се вози со автобус ... со кола ... оној кој пешачи ... Лупевска добро го сработи тоа ...
Не, не ми е цел да ја фалам или да ја кудам емисијата на Лупевска ... Од емисијата на Лупевска направив неколку скриншотови - кои ке ми послужат за овој пост ... со кој сакам да упатам критика до Владата и владините функционери дека недоволно ги користат техничките помагала т.е. компјутерот - и како што во еден предходен пост напишав е-Влада е пропаднат проект - ако министрите и владините службеници не ги прифатат можностите на компјутерот ...
Имено од долните фотки - скриншотови ке видите дека цела Влада пред себе има отворен лаптоп на седница на Влада ... но никој не гледа во него ... Сите имаат пред себе или до себе по пола метро материјали од хартија ...
Седница на Влада ... како што гладате пред сите се отворени компјутерите ... и пред Премиерот се разбира ... Но од левата страна под левата рака на Премиерот е купот од материјали за седница ...
Материјалите пред Вицепремиерот Ставревски ... и Тефтерот на Габриела-Коневска Трајковска ... Премиерот Груевски со материјалот во рака кој е на дневен ред ...
Еве пред отворен компјутер од каде Премиерот Груевски чита ...
Ставревки по завршеток на седница на Влада наместо со мала мемориска картица - излегува со пола метро материјали во едната рака и подебелиот тевтер во другата рака ... Ако коза лаже рог не лаже ...
Еве потврда дека и другите Министри се служат со современа технологија од проектот е-Ввада ...
Еве ја фотката со “Тефтерот на Груевски“ - каде Премиерот ревносно бележи кој до каде е и колку сработел ... Богами и другите на состанкот кај Премиерот каде реферираат ... исто се служат со тефтери - по узор веројатно на Премиерот ...
За крај еве и една пикантерија ... Сатот на Груевски ... Море популарност на сати на политичарите ... Искрајно не сум стручњак за да Ви кажам која марка е овој сат и колку чини и дали е влезен во имотниот лист на Премиерот ... Мислам дека тоа е забава која треба да ја има само во жута штампа - која служи само за сеир ...
Сите фотки Ви се даваат како доказ да пресудите сами - колку служи и до каде е фалениот проект е-Влада ...
- Gruevski ... vlada na RM ... e-Vlada ... Stavrevski ... Lupevska ... Kod ...
4 comments:
Браво Волан, алал да ти е!!! Многу добра анализа. Добрите лидери секогаш даваат личен пример. Донекаде личен примаер дава и Груевски, поготово со посетите на селата и градовите, што е добро. Ама и ти добро си го приметил ова, дека сите трошат дрва на тон И на метро, место да заштедат. Имам предлог - гоинава владата да каже колку заштедила во хартија и во сите типови на енергија - како принцот Чарлс од Англија!!!
Благодарам за комплиментите - но зошто си анонимен ... нема потреба од тоа ...
Груевкси неколку пати има укажано на сите дека сака да чуе издржана критика ... уште ако е и документирана како оваа ...
Инаку ми се допаѓа твојот предлог ... Сега уште Груевски да го прочита овој пост и твојот коментар/предлог во него ...
“..гоинава владата да каже колку заштедила во хартија и во сите типови на енергија - како принцот Чарлс од Англија!!!..“
Навистина добар пост.
Post a Comment