Search This Blog

Tuesday, May 08, 2007

КАЛЕ - што се‘ се пронајде досега

skopiekaleto

http://www.promacedonia.org/bugarash/mfront/mf49.jpg


skoplje bw

Мапата на Микулчиќ за скопското кале.jpg

Картата на проф. Микулќиќ

Virginski-Manastir-Skopje.jpg

Средновековно Скопје - Според проф. д-р Ипија Велев

Археолозите во своите истражувања секојпат сакале да бидат мистични ... многупати до сега многу ретко говореле за резултатите од свите археолшки истражувања ... Дури има могу малку објавени истражувања ... Некако археолозите како да се плашат да ги кажат своите предпоставки во текот на ископувањата ...

Кале како недоволно добро истражен археолошки локалитет - ако се иземе археолошкот истражување кое го правеше професор Микулчиќ (по земјотресот 63-та ... за што пишува во својата книга “Скопје со околните тврдини“ - дуги истражувања со ископувања скоро и да нема ...

Дури и историчарите го немаат доволно истражувано Кале низ историските извори ...

Со ова истражување главна цел за првата година беше да се истражат археолошките простори околу главниот бедем на Кале кој е веднаш околу ресторантот и така одејки по бедемот да се оформи со надворешен облик главниот одбранбен бедем - за да може некаде делумно а некаде целосно да се реставрира и обнови - што е сведски процес во археологијата .. Нешто слично се направи и со бедемите на Самоиловата тврдина во Охрид ...

За сето ова секако огромна заслуга има Паско Кузман кој успеа да го убеди Премиерот и Владата да одвојат голема сума на пари 2.25 милиони евра од буџетот за стратешко истражување на Кале во две годишен турнус - кој ке го ревитализира објектот и од него ке направи првокласна туреистичка атракција ...

Археолозите на Кале истражуваат на седум сектори ... Ги гледате на долната фотка ... Раководител на проектот е Проф. д-р Драги Митревски а на сондите му асистираат раководители на сонди ... искусни археолози ... Вкупно се ангажирани цирка 250 луѓе од кои повеќето се студенти по археологија ... Раководители на одделните сектори за истражување се Љубинка Џидрова и Марјан Јованов од Институтот за историја на уметноста и археологија, потоа м-р Силвана Блажевска, м-р Антонио Јакимовски и м-р Златко Видески од Музејот на Македонија, како и м-р Кирил Ристов од Музејот на град Скопје ...

Досега се откриени енеолитски и средновековни градби ... за што сведочат многу наоди како монети ... керамика - питоси ... дури и фрагменти од фрески ... заокружени со црно неправилно кругче на долната фотка ...

2.jpg
“... Делови од фрескоживопис, првично датиран во 13 или 14 век, пронајдоа археолозите на скопското Кале. Тие веднаш се однесени на конзервација во лабораторијата на Музејот на Македонија. Темели од црква се' уште не се лоцирани, но научниците веќе имаат индиции каде би можел да се наоѓа првиот средновековен христијански храм. ... Сочувани се боите, на еден дел има слој и од постар живопис, а веројатно биле насликани во 13 и 14 век, вели Бранислав Ристески од Институтот за старословенска култура ... “
“... Фрескосликарството е пронајдено на ѕид во секторот со кој раководат археолозите Бранислав Ристески од Институтот за старословенска култура од Прилеп и Љубинка Џидрова од Музејот на Македонија.

- Фреските ги пронајдовме недопрени. Има и поголеми парчиња. Сочувани се боите, на еден дел има слој и од постар живопис. Веројатно се од 13 и 14 век. Пронајдовме и камен-бигор, карактеристичен за горни делови од црква. Но, се' уште не сме пронашле темели од храм. Имаме индиции каде приближно се наоѓа, но тие делови се' уште се затрупани и допрва треба да ги истражиме - објаснува Ристески.

Според историските извори, на скопското Кале во средновековниот период се наоѓале катедралната црква „Богородица Троеручица“, двете цркви на семејството Апокавк, „Св. Никола“ и „Св. Богородица“ и црквата „Св. Богородица“ на монахот Ксенофон...“
Добрата работа во ова археолошко истражување е тоа што тие се официјално отворени за јавноста - дури и за обичните граѓани како мене кои од свои мотиви го следат ископувањето ... иако некои од раководителите на сондите се лутат за сликањето сепак до сега сликав во три навратии веќе имам завидна збирка на лични фотографии од досегашното ископување ...
“..Иако на почетокот на истражувањата постоеле сугестии тие да бидат од затворен тип, сепак е одбрана сегашната отворената опција, со која според раководителот на истражувањата, археологот Драги Митревски, секој има можност да дојде и да види како се истражува. Во методологијата на модерното археолошко работење има еден многу важен момент, се настојува во урбана средина каде што има локално население, да се работи што е можно поотворено. На тој начин населението има можност да се запознае што се случува на неговата територија, за да може да изгради некој однос кон тоа наследство, да се грижи за него, да го чувствува како свое. Доаѓаат луѓе секојдневно, се сликаат, се интересираат, се носат групи ученици, локалното население тука си прави пикници и гледаме дека навистина има ефект...“

Од посериозни наоди има индиции за средовековна куќа под влезот на ресторанот ... ке мора да се оди и во правец на ресторанот но веројатно не во оваа фаза ... Ресторанот е неопхдно потребен на Кале како за туристите така и за самите археолози ... Имено во почетокот имаше недоразбирање со сопственикот на ресторанот кој најлегално поседува имотен лист за ресторанот ... Експропријација на ресторантот со надокнада се остави за некоја друга фаза и сега археолозите одлично соработуваат со ресторанот во кој користат тоалети и по поефтини цени користат услуги од ресторнот кафе - освежителни пијалоци и лесни сендвичи ... Сопственикот на ресторанот инаку го користи ресторанот како место каде се организираат свадби ... Имав сосема случајна средба со сопственикот на ресторанот за први мај на Тиквешко езеро и разменивме убав муабет ... ми ја кажа точно како се одвивала приватизацијата на ресторантот Кале и ми појасни дека е сосема легален сопственик на ресторанот Кале - за кој поседува чист имотен лист без оптеретувања - иако е свесен дека објектот се наоѓа среде археолошки локалитет од прва категорија ... с

Тука блиску до ресторанот се откри уште еден импозантен објект - главна порта - која досега стоеше подземја ...

“... До остатоците од куќата сега се доаѓа од откриениот главен влез на тврдината, од јужната страна крај кулата, но патот води во постојниот насип подигнат поради ресторанската тераса, поради што археолозите сега мора да најдат соодветно решение за отворање на потребната комуникација со внатрешноста на градот. Според предвидувањата, најверојатно ќе се истражува до нивото на прагот на влезот, а се размислува и како по сите следни интервенции (конзервација на објектите, кревање на кулите, реконструкција на старата порта и др.), откриените елементи да се стават во туристичка функција, без да се дислоцира ресторанот...“

Откриени се досега неколку гробни места со сочувани скелети ... некои се од понови датуми и се без прилози - веројатно погубени затвореници од затворските простории во оквир на калето ... некои се со постари датуми за што сведочат прилозите од гробните места ...

Досега се пронајдени цирка 300 монети од повеќе периоди кои помагаат за датирањето на сондите ...

“... Меѓу досега откриените податоци на тврдината се и архитектонските елементи и движни наоди кои укажуваат на постоење на сакрален простор. Со сигурност веќе се знае за остатоците на една црква, за која говорат и откриените фрагменти од фрески, погребувања во непосредна близина и надгробна плоча со старословенски натпис, но се откриени и други елементи кои се разликуваат од профаната архитектура, монети од 13 -14 век, но сепак потребни се и дополнителни податоци за да може да се говори за постоење и на друг сакрален објект...“

Како и да е засега тврдењата за првите почетоци на живот на калето ја потврдуваат предпоставката дека Калето почнува да живее од Енеолитот (од бакарното време..) па навака .... а средновековни наоди има во сондата блиски до сегашните знамиња - кои гордо се веат на Калето ...

Во секторот седум - кој се наоѓа надвор од бедемот на градот, каде се копа блиску до зидините досега има “... откриената жолта глинеста земја ја толкуваат како бедем на најстарото живеење во чија што внатрешност се откриени предмети од праисторијата, од крајот на 4 и почеток на 3 милениум пр. н.е. „Глинената маса е надворешната граница на енеолитското живеење, време во кое луѓето имале потреба од доминантна позиција, од утврдување, бидејќи живееле во немирни времиња. Засега енеолитот е најстарото утврдено време на живеење на Калето, а овој историски слој се протега на сите откриени слоеви од истата страна на тврдината. Но, и на западната периферија, на најниската тераса, откривме праисторски слој во кој беше вкопан еден празен женски гроб. Насекаде излегува праисторија, треба само доволно да слеземе до неа“, посочува Драги Митревски. ...“

Досега нема сознанија за античкиот период на Калето - во овие истражувања ... иако во ископувањето на Проф Микулчич е откриен сад и делови од садови од 4 век пр. н.е., импортирани од југ, покрај еден ѕид во внатрешната страна на тврдината ...

“... Неговите колеги на шега го нарекуваат проф. д-р Драги Митревски - вториот Пиколомини. Ако автентичниот австриски генерал во 17 век го запалил градот до темел, современиот Пиколомини сега до темел треба да го ископа и да го истражи скопското кале. Во тоа му помага 250-члена екипа - археолози од Музејот на Македонија и од Музејот на градот Скопје, но и студенти по археологија од Катедрата при скопскиот универзитет „Кирил и Методиј“. Идејата е по толку години Кале до темел да се истражи, да се спознаат сите негови културни наслојки, да се демистрифицираат неговите тајни и, потоа, да се реставрираат бедемите ...“

No comments:

Blog Archive

Site Meter