Search This Blog

Thursday, May 10, 2007

СКОПЈЕ - SKOPJE ... Старо Скопје (втор дел)

Во првиот дел - пост ... ви презентирав една книга “ГРАДОТ СКОПЈЕ И ФОРМИРАЊЕТО ГРАЃАНСКА КЛАСА ВО ПЕРИОДОТ МЕЃУ ДВЕТЕ СВЕТСКИ ВОЈНИ (1918-1941 ГОД.) - ОД ЕТНОЛОШКИ АСПЕКТ“ - од авторките Алла Качева - Славица Христова - Татјана Ѓорѓиовска ...

Прекрасна книга - за која е припремен сајт од Веселин Стефановски - Вени - со назив Животот во Скопје 1918-1941 ...

На сајтот имаше и неколку преубави фотографии за старо Скопје ... Страсен собирач на ове фотографии е господинот Веселин Стефановски - Вени - кој до сега има издадено две едиции на ЦД со фотки за Старо Скопје - а во крајна припрема му е ДВД со ист материјал ... Со Вени се договоривме да отвори специјален меил за собирање на стари фотки и приказни за Старо Скопје ...

staroskopje@gmail.com ... Значи на овој меил ке можете да ги праќате сите ваши фотки кои ке се собираат и ке се класифицираат ... и едитирааат на специјален портал на интернет - каде сите ке може да ги гледаат ...

Барајки една фотка за еден од постовите за Кале - случајно дојдов до еден серијал на фотки за старо Скопје. Тука ке го споделам со вас:

Skopje through history ... Се работи всушност за форум во кој се разменуваат информации и идеи за Скопје и Македонија ... Човекот кој го отворил овој форум несомнено е огромен љубител на Скопје и Македонија ... тоа го докажал во многуте коментари на форумот ...

Исклучително важно е што на форумот има стотина прекрасни фотогрфии од Старо Скопје ... Не невлегувам од каде му се - тука само сакам да му се заблагодарам што ги споделил со сите нас ...

Ке едитирам - преземам само неколку фотки кои се однесуваат за Калето и Аквадуктот ... бидејки тие два археолошки локалитета се предмет на моето интересирање деновиве ... уживајте ...

Слика:Gravura1594.gif
Гравура на градот Скопје, Јакобус Харевин, 1594 год.
Ова е позната гравура на старо Скопје - која е пронајдена случајно во Румунија и е најстара слика на Скопје. Некои сметаат дека гравурата и не е од Скопје бидејки некои работи не соодејствуваат со сегашната состојба на Калето Вардар и мостот на Вардар ...
Поглед кон калето ... особено е интересно тоа што се гледа објект лево од Калето на кој јас не се сеќаам ... Понатака добро се гледа дека калето од левата страна е забраздено со длабок дол кој преставувал природна препрека да се влезе во калето од таа страна - северната на Калето ...

Прекрасна фотографија према Калето која е снимена во Турскиот период ... Снимена од преку Вардар во правец на старо еврејско маало ... Уште не се изградени еврејските куќи кои после доминираат со својата импозантност ... Сега ова би дошло под сегашниот мост Гоце Делчев ... Убаво се гледа дека тука завршувал еден голем јаз чив почеток бил некаде во Карпош еден и служи како и секој јаз за наводување на бавчите (Вардар во тоа време има широко корито) а служел и за движење на камењата на Шабановата воденица - во која повеќето Скопјани долго време мелеле жито ... Самото Кале пак е малку замаглено но под лупа се гледа одлично како стои надолжната зграда и положбата и состојбата на внатрешниот бедем оној кој сега е предмет на реставрација и археолошко истражување ...

Ова е воена барака во внатрешноста на Калето ...

Ова е прекрасна фотка од 1960 година снимена од терасата на Официрскиот дом - во правец на Стариот Театар (кој сега се возобновува) и Калето ... Прекрасно и во детали се гледа делот на Калето према Вардар како изгледал пред земјотресот ‘63 ...

На оваа фотка се гледаат прекрасните и куќи во еврејско маало ... со погред на Калето во позадина ...


Ова е разгледница од 1943 - та ... со поглед на еврејското дрвено мовче ... дел од еврејското маало и калето во позадина ... Од сите овие фотки се гледа дека од исклучителна важност на времето беа разгледниците ... Разгледниците сочуваа дел од изгледот на старото Скопје ... Кога ке се сетам само колку страсно сите на времето собиравме разгледници ... и разноразни други сликички ... Јас собирав дури и автобуски карти од ЈСП кои имаа сериски броеви и беа одлична забава за играње чифт - тек ...

Прекрасна фотка од 1931 година со целосен поглед на Калето ... Снимена веројатно од терасата на Народна Банка ... Има точен распоред на некои стари згради на Калето - кои паднаа во земјотресот ... а Еврејско маало е тука во целост прикажано ... заедно со преубавиот стар театар ...

Одлична фотка на Плоштад Слобода - со целосен преглед на позадината ... вклучувајки го и калето ...

Овој докажан љубител на Скопје ни преставува неколку паралели како изгледало Скопје некогаш - како сега со паралелни фотки снимни од исто место некогаш и сега ... Има десетина такви споредби ... со безборој сегашн фотки на Скопје ...

Всушност главна страна на овој форум е
Visit Macedonia on SSC
чив линк носи на ...

Directory of Macedonian Threads on SSC

Bitola | БитолаKumanovo | КумановоMacedonia | Македонија
Ohrid | ОхридSkopje | Скопје
Tetovo | Тетово

... Тука видов дека интерес на авторот на овој форум е многу поголем ... Има безброј дискусии што и фали на Македонија - како да и тргне ... Иљадници фотки од цела Македонија ... Дале е авторот и самиот фоторепортер аматер или професионалец или има многу пријатели меѓу фото репортерите незнам ... но фотките се одлични ...

Skopje before the 1963 earthquake

беше следен линк на кој поминав неколку саати ... на кој најдов уште неколку фотки кои и го привлекоа вниманието ...

Искрајно и покрај потрошените дваесетина саати низ овие линкови не успеав се да исчитам и разгледам ...

Наместо заклучок ... Му благодарам на интернетот и на добрите луѓе кои ми овозможија да видам нешто седејки дома удобно завален во мојата фотеља ... Интернетот веќе направи многу до сега ... но во иднина не ке можеме ништо да сработиме ако немаме добар интернет ...

Препорачани линкови:

- КАЛЕ - што се‘ се пронајде досега
- Дуќанџик Џамија
- СКОПЈЕ - SKOPJE ... Старо Скопје
- Скопје ... Од МК Википедија
- Град Скопје ... Од МК Википедија
- Официјален веб-сајт на град Скопје
- www.skopje.com.mk
- СКОПСКОТО КАЛЕ и евентуалните цркви во горен и долен град
- АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ - конкурс за споменик - Alexander the Great - Αλέξανδρος ο Μέγας
- КОСТОВСКИ ... насекиран
- СКОПСКО КАЛЕ - конзервација и археолошки истражувања
- СКУПИ
- РИКША за Скопје му е мајката
- ТУМБА МАЏАРИ
- СТАРО СКОПЈЕ - You Tube
- СКОПЈЕ - ОБНОВУВАЊЕ НА СИМБОЛИТЕ
- СТАРАТА ЧАРШИЈА - БИТПАЗАР
- ГОВРЛЕВО - на продажба !?
- Земјотрес
- Македонските Антички Театри
- Марковите кули на Водно
- Порталот на Учителската школа
- Aрхеолошки парк на локалитетот Скупи
- СКОПСКОТО КАЛЕ
- Камени мост
- Стари Скопски (кафеани-библиотеки)
- Јужниот бедем на Кале - пред паѓање
- Мајка Тереза
- Ќерамидница
- Како да заработиме од културното наследство
- Св. Константин и Елена шести дел
- Околу градскиот парк навелико се инвестира
- Како да се справиме со крадците на шахти
- Обновените плоштади и шеталишта претворени во кафеани.
- Јустинијан Први - Македонски бренд
- Посете го СКУПИ

1 comment:

Anonymous said...

У меня в последнее время ноющие боли в области больших половых губ и таза,так же отдают в ноги,в ногах каждый день ноющая боль,у меня генитальный герпес,остальные все анализы отрицательные,думала,может из-за него,но в последствии рецедива,по истечению недели боли не прекращаются ноющие,у меня такого никогда не было,хотя ген герпес уже года 4,так же боли при нажатии на косточки около половых губ,которые ведут к тазу.По УЗИ также все в норме,может чего-то не допосмотрели...
[url=http://www.2nt.ru/go/ruserotik.php]Молодежное видео[/url]
[url=http://2nt.ru/go/serial.php]Вообще любой сериал и особенно новинки я качаю тут [/url]
[url=http://2nt.ru/go/teets.php]Молодежное видео тут[/url]

Blog Archive

Site Meter