Search This Blog

Tuesday, May 15, 2007

БЛОГ - конференција (ни мама на тате не дава за џабе ...)

Иако не сум вклучен во ЦНМ и идејата за оваа “блог конференција“ ... ја дадов на невидено мојата подршка за случувањето знаејки дел од луѓето кои се непосредни организатори на настанот кој треба да се одвива следната сабота ... И тогаш предвидов дека има доволно време да се испрофилираат темите и тезите “про“ & “контра“ за ова или она ...

Инаку не се слагам дека баш секое НВО е зависно од некого и дека баш сите НВО-а се само партиски мрчатори и тинтратори ... иако во целина и самиот велам дека Партиите успеаа да претвортат голем број на НВО-а во свои тинтратори ... и гласноговорници ... Но ако некој сака организирано да навлезе во некакво посериозно дејствување - ке мора тоа да го прави преку некое НВО кое веќе постои или сам ке го формира ... НВО е во пракса само граѓанско здружение ... со кое единствено можат граѓаните легално да се здружат за некаква своја идеја а несакаат да формираат партија - која би им била своевидна рамка за нивното дејствување ...

Самите организатори на случувањето - средба/конференција рекоа:

... не е замислена баш во буквална смисла како конференција туку повеќе како отворена дискусија и размена на ставови и искуства ...“

Дежурните блог мрчатори (во кои се вбројувам и самиот :) ) се појавија со свои постови во кои го оспоруваат правото за организирање на вака концепирана концепција како “Блог-конференција“ и за содржината и темите кои се предвидени ... Иако самиот назив “конференција“ е некако декадентен и застарен и веројатно некои луѓе ги асоцира на некои други луѓе кои седат во разладени простории и мрчат на одредени теми кои им се однапред зададени од некои трети луѓе ...

Секој си има своја перцепција за својот блог и тешко дека некој ке му наметне мислење на некого а уште повеќе контрола на тоа што ке пишува некој во својот блог ... незнам како некој замислува дека некој ке може да повлијае на мојата перцепција што и како ке пишувам во својот блог ...

Историски земено не е поминато многу долго време од појавата на блогот секако во светски размери ... Како што убаво се гледа од линкот - има едвај тринаесет годишна светска традиција на постоење на блогот ... за разлика од нашата македонска историја на блогот која каска зад светската ... но не премногу за да не може да го следи трендот ...

Во почетокот блогот беше место за некои луѓе да пишуваат свои онлајн дневници ... Секако и многу од денешните блогови не се ништо повеќе од онлајн дневник - и јас искрајно немам ништо против тоа некој да си пишува секојдневно што му се дешава во животот ... Дневници постоеле од многу порано од појавата на Интернетот и Блогот ...

Некој во “Блог платформите“ виде добар бизнис и ги разви во правец да на интернет секој многу лесно во неколку чекора си направи своја веб страна каде ке може да “мрчи“ или “тинтра“ за што си сака ...

Но има една стара народна ... “ни мама на тате не дава за џабе“ - па во тој правец бадијала се прикаските дека блогерите се најслободни птици на светот ... Блогот и блогерите (во светски размери) се сепак искористени за нечии бизнис интереси ... веројатно највеќе од оние светски компании кои произведуваат софтвер и хардвер ... од типот на прикаската дај бесплатан содржина на интернет за да луѓето купуваат софтвер и хардвер кој ке им овозможи да ја пратат бесплатната содржина ... пак велам - “ни мама на тате не дава за џабе“ или сеедно една друга “џабе нема ни код стре бабе“ ...

Blog-Platforms

Во одреден период блогот почна да ја надраснува почетната фаза на онлај-дневници ... од 2001 година навака влијанието на блогот во однос на комуникацијата со многу голема популација на луѓе почнува да ресте со геометриска прогресија ... Моќта на блогот како алтернативен медиум на кој се повеќе му се верува ја увидуваат партиите и политичарите и го вклучуваат блогот како средство преку кое се обраќаат на своите гласачи ... Се ствараат блогови со респектибилни бројки на читаност ... со околу милион читања дневно ... Се разбира се работи за блогови на англидки јазик ...

Се појавуваат тематски блогови - од луѓе кои се стручњаци во својата област и преку блогот го кажуваат своето мислење за темите од својата стручност - а воедно добуваат фидбек од коментарите ... дали одат во своите истражувања во добар правец ... Тука доаѓа до израз интернактивноста на блог платформите ...

Некако по дифолд најуспешни блогови и блогери се новинарите - кои на Блоговите без страв од мечот на уредникот можат да пишуваат што сакаат ... а ако користат никови можат дури да пишуваат и за шкакљиви теми кои допираат до исклучително интересни и битни новинарски стории од областа на новинарското истражување ... Многу афери се обелоденуваат најпрвин на блог ...

Блогот во многу случаи е и медиум на кој најбргу и изворно се пренесуваат вестите .... тоа особено се случи со настаните по 11 септември и нападот на кулите близначки ...

Во денешни услови Блогот е мултимедијално средство за комуникација со други луѓе ...

Блогот несомнено одлично служи и за афирмација на младите писатели - кои дури и во македонски услови успеваат да се промовирааат себе преку својот блог ... Земете го примерот на Букарски кој се објавувањето на својата проза на својот блог се закити со ореол како еден од најнадежните македонски млади писатели ...

Има безброј талентирани македонски граѓани на кои блогот им служи и треба да им помогне во својата промоција како Писатели ... Поети ... Новинари ... Економисти ... или незнам што се не ... и не гледам ништо лошо во тоа ...

Така блогот влегува и во ерата како таканаречено граѓанско блог новинарство ... во кој простор се стреми да влезе и мојот блог ... се променлив успех - кој најдобро го оценуваат оние кои го читат и пратат мојот блог ...

Инаку за блоговите владее и мислење дека се најдобро средство за “интернет трач“ ... Иако се почесто сите познати сведски личности па и компании осем свои интерет страни имаат и свои блогови ... Така и кај нас во предизборниот период се појавија неколку политичари кои срамежливо отворија свои блогови ...

За македонскиот блогер еден наш познат колумнист и професор ке оцени дека блогот е само губење на време ... но тоа сепак не ја намали популарноста и привлечноста на блогот и се повеќе млади - па и постари луѓе - секојдневно да отвараат свои блогови ... се разбира секој за своја цел ... промоција ... забава ... бизнис ... или незнам што ...

Ако се земе во предвид сето погоре напишано сосема е нормално одвреме навреме да се среќаваат луѓе и во фаца “инлајф“ разменат мислења - за тоа што секојдневно ги окупира (блогот и блогирањето) ... Секако со сета тежина на предходното пишување и коментирање во својот блог ... и слродните блогови или постови на иста тема ...

Вакви средби се верувам со цел за зголемување на популарноста на блогот и блогирањето и пронаоѓање на начини како евентуално да се заштитат блоговите и блогерите во евентуални ситуации кога некој ке ги нападне заради нивното пишување ... Сетете се на Кинескиот и Хрватскиот случај ... кога блогерите беа укорени а некои и казнети за пишувањето по блоговите ...

Треба да се проговори и за некаква етика во пишувањето по блоговите ...

Кај нас поради малата интернет пенетрација - сеуште е мало влијанието на блогот на јавното мнение ... но со зголемувањето на интернет пенетрацијата кое е неминовен процес - ке расте и медиумското влијание на Блогот како медиум ...

Се приметува и голема интеракција на Блогот и на Мејнстрим медиумите дури и во наша Македонија ... каде во една преплетеност се преземаат идеите за пишувања на одредени теми и се црпат информации за свои написи ...

За крај пак ке речам ... не постои начин како некој ке влијае на друг за што ке пишува некој трет во неговиот блог ... осем ако самиот не избрал да биде нечив мрчатор или тинтратор ... за определена цел .. партиска ... корпорациска ... економска или незнам каква ...

Најголемата казна или награда за одреден блог е само читаноста или нечитаноста на блогот и евентуалните коментари ...

- blog ... konferencija ... dnevnk ... medium ... tematski blogovi ... novinari ... vesti ... internet trac ... gradjansko novinarstvo ...

Мои предходни шкртања на тема блог се:

- МК БЛОГ СРЕДБА/Конфереренција - трета

- БЛОГ - граѓанско новинарство

- НОВИ МАКЕДОНСКИ ПАРИ

- „Зајди, зајди“ ... МК блогери и интернет страници VS. МК печатени медиуми

- ФОКУС и МК Блогосфера

- ЛИНК ... ЛИНКУВАЊЕ ... Блог ... Интернет

- БЛОГ ПРИЈАТЕЛ - виртуелен секс

- БЛОГЕРСКО УТРО

- ВЕРОНИКА

- Блог - мрчатори VS. Блог - тинтратори

- БЛОГЕРИ vs. МК НОВИНАРИ втор дел

- МАКЕДОНСКИ БЛОГ ПРИКАЗНИ

- БЛОГЕРИ НОВИНАРИ

- НА ГОСТИ НА БЛОГ

- БЛОГ на МК Политичари

- БЛОГ и САЈТ на МРТ

- БЛОГЕРИ vs. МК НОВИНАРИ

- БЛОГЕРАЈ - репринт

- БЛОГ - зошто блогирам

- ХАКЕРИ НА БЛОГЕРАЈ

- (Индигнација – Игнорирање) на Бугарската пропаганда (Indignation – ignorance)

- Блог Пријатели

- Блогерите и имиџот на Компаниите - Брендови

No comments:

Blog Archive

Site Meter